дома / Регион / Косово / Косово ќе оди на нови избори ако во три круга не се избере претседател на паралментот
Косово

Косово ќе оди на нови избори ако во три круга не се избере претседател на паралментот

Претседателот на Косово, Хашим Тачи, конституивната седница на Парламенот ја закажа за трети август, кога најголемата парламентарна група треба да предложи кандидат за претседател на парламентот.

Во Косо првиот меѓу еднаквите во законодавниот дом, се избира со мнозинство гласови, односно со 61 глас. Потоа се избираат и пет потпретседатели, што значи конститурање на Парламентот.

Но, како што вели добриот познавач на Уставот Риза Смака доколку се случи во во првиот круг да не се избере претседател, најбројната парламентарна група има право уште на двапати да предложи кандидат за оваа функција. Доколку и третиот круг на гласање е неуспешен, земјата ќе треба да оди на нови избори.

Инаку, во име на изборната коалиција, ПАН (Демократска партија-Алијансата за иднината на Косово и Иницијатвата за Косово),пратеничката Блерта Делиу-Кодра, изјави дека го обезбедиле потребниот број пратеници и оти трети август ќе биде празник за Косово, зашто ќе биде контитуиран Парламентот и избрана новата влада.

Од друга страна Фатмир Колчаку од Движењето„Самоопределување“ изјави дека ПАН до сега има само 39 пратеници, колку што доби на изборите и оти сите други тврдења се само лага.

Пратеничката од Демократскиот сојуз на Косово, Вјоса Османи, изјави дека пратенците од коалицијата ЛАА (Демократски сојуз,Алијасата за Ново Косово и Алтернатива) нема да дадат ниту еден глас за формирањето на Влада предводена од Рамуш Харадинај, а нема да го гласаат ни Кадри Весели,за претседател на Парламентот. За изјавата на ПАН рече дека е„изјава на еден пропаднат план“.

На предвремените избори, одржани на 11 јуни, ПАН освои 39 пратенички мандати, Движењето „Самоопределување“ 32, а коалицијата ЛАА 29 пратеници. По десет пратеници, кои се загарантирани, имаат Србите и партиите на немнозинските етнички заедници. Тие засега немаат став дали ќе ја поддржат коалцијата ПАН, но и доколку ја поддржат, ќе требаат уште двајца пратеници за да го обезбедат потребното мнозинство.

Translate »
error: Content is protected !!