дома / МКД / Koj e? / Лазар Еленовски – човек за сите партии или сончоглед?

Лазар Еленовски – човек за сите партии или сончоглед?

Лазар Еленовски човек за сите партии

Еленовски е роден на 19 март 1971 година во Скопје. Дипломирал на Економскиот факултет при Универзитетот Свети Кирил и Методиј каде завршува и постдипломски студии од областа на Економскиот развој и меѓународните финансии.

Со политика започнува да се занимава од 1992 година кога станува член на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија. Во СДСМ остава траен белег како основач и прв генерален секретар на Социјалдемократската младина на Македонија во периодот од 1996 година до 1999 година по што е избран и за нејзин претседател во крајот на 2001 година.

Еленовски заедно со партиски има и активности во т.н. невладин граѓански сектор па во 1995 година основач е на невладината организација “Млади европјани за безбедност – Македонија”. Во периодот од март 2001 година до декември 2005 година ја извршува и функцијата генерален секретар на Евро атланскиот клуб на Македонија а во декември 2005 година е избран за претседател на Евро атланскиот совет на Македонија – членка на Атланската асоцијација АТА која обединува над 40 национални атлански асоцијации од Северна Америка до Средна Азија. Преку активностите на клубот спроведува повеќе кампањи за промоција и поддршка на НАТО и ЕУ интегративните процеси на Република Македонија и за промоција на Јадранската повелба преку кампањата “Во јато кон НАТО”.

Еленовски е и еден од основачите на Форумот за безбедност на Централна и Југоисточна Европа а основал и имплементирал бројни регионални иницијативи за промоција на евро и евро атланската интеграција на Македонија и регионот.

 

Од каде големиот интерес на економистот Еленовски кон НАТО како воен сојуз не е познато!

Бил и на општествени функции па така бил и заменик генерален директор на Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје од април 2001 година до мај 2005 година. Од ноември 2005 година станува член на работната група на Владата на Република Македонија за формирање на комуникациска стратегија за подготовка на Република Македонија за членство во НАТО.

По предвремените парламентарни избори во 2008 година поради незадоволството што НСДП на Тито Петковски ја напушта коалицијата со ВМРО – ДПМНЕ Еленовски заедно со Веле Митаковски и Вера Рафајловска ја напуштаат НСДП и на 21 јуни 2008 година ја формираат Социјалдемократската унија која за свој претседател го избира Еленовски.

На оваа функција останува се до Вториот конгрес на партијата во јуни 2012 година по што заминува на функцијата амбасадор на Република Македонија во Белгија. Еленовски бил и дел од извршната власт како наследник на Јован Манасиевски на местото министер за одбрана на Република Македонија од 26 август 2006 година до 28 јули 2008 година по што го наследува Зоран Коњановски.

По завршувањето на мандатот на Еленовски ја прекинува соработката со ВМРО – ДПМНЕ па неговата партија излегува во јавноста со соопштение:

Социјалдемократската унија донесе одлука да  излезе од коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Одлуката е иницирана од општинските организации на партијата, а е потврдена од нејзиното претседателство. Социјалдемократската унија останува активна на македонската политичка сцена и во иднина ќе продолжи да се залага за конструктивен политички дијалог во општеството и за обновување на довербата на граѓаните, за спроведување реформи од кои ќе имаат корист сите граѓани и со кои ќе се унапредат евро-атлантските аспирации. За реформи кои ќе ја засилат демократијата, градењето здрави меѓуетнички односи, политички дијалог помеѓу политичките чинители, како и решавање на клучните прашања што ни го попречуваат патот кон зачленување во НАТО и добивање датум за почнување преговори за членство во Европската Унија.

Интересен е податокот што партијата на Еленовски нема апсолутно никаква моќ во политичкиот живот во Македонија како нема свои претставници ни на локално ни на национално ниво. По оваа одлука скоро следеше именувањето на Еленовски за специјален пратеник на Владата на Република Македонија за НАТО интеграции во Брисел.

И се би било политички интерес ако во јавноста по негодувањето на членовите на СДСМ не се јавеше коалициониот партнер ДУИ кој истакна дека Лазар Еленовски доаѓа на ова место како нивно кадрово решение.

Тоа отвори неколку прашања. Зошто воопшто партијата на Еленовски фигурира на листата коалициони партнери на СДСМ? Што на Еленовски не му било овозможено изминатите 15 години? Очигледно на име НАТО интеграции бил дел од сите можни политички и партиски комбинаторики!

Може да ве интересира

Интервју со Илија Илијовски – Еден од реформаторите на ВМРО-ДПМНЕ

Интервју со Илија Илијовски – Еден од реформаторите на ВМРО-ДПМНЕ   Актуелните состојби во “нашата држава” Република …

Translate »
error: Content is protected !!