дома / МКД / Koj e? / Љубомир Данаилов Фрчкоски, уставотворец со “чудни” ставови за Уставот
Фрчкоски

Љубомир Данаилов Фрчкоски, уставотворец со “чудни” ставови за Уставот

Фрчкоски е роден на 2 декември 1957 година во Скопје, познат македонски политичат и професор по меѓународно право, меѓународни односи и современи политички теории на Правниот факултет во Скопје при Универзитетот Свети Кирил и Методиј.

Љубомир Фрчкоски дипломира на Правниот факултет во Скопје во 1981 година а во 1986 година магистрира на Универзитетот Свети Кирил и Методиј. Со титула доктор на науки се стекнал на Универзитетот “Едвард Кардељ” во Љубљана, Словенија, во 1989 година.

Политички станува активен за време на осамостојувањето од Федерацијата Југослација. Во периодот 1991 до 1997 година бил министер во владите на Бранко Црвенковски. До 1992 година би министер без ресор, од 1992 до 1996 година бил министер за внатрешни работи а од 1996 до 1997 година и министер за надворешни работи.

Фрчкоски

Од 2000 до 2002 година Фрчкоски бил именуван на функцијата извршен директор на Фондацијата за статегиски истражувања Киро Глигоров. На активната политичка сцена вил и Советник на претседателот на Република Македонија за уставни прашања и прашања од областа на човековите права од 2000 година а подоцна и самиот бил кандидат на СДСМ за Претседател на Република Македонија на изборите кои се одржаа во 2009 година.

Фрчковски бил еден од експертите кои биле вклучени во подготовката на Уставот на Република Македоија од 17 ноември 1991 година како и на амандманите на Уставот од 2001 година т.е. имплементираните одлуки од Охридскиот рамковен договор.

Од 1994 година бил член на IFRI т.е. Францускиот Институт за меѓународни односи а бил член и на Асоцијацијата за меѓународно право во Скопје, поранешен генерален секретар на Форумот за човекови права а во 2002 година бил избран за член и на ECRI т.е. Европската комисија против расизмот и нетолеранцијата при Советот на Европа.

За време на мандатите на Фрчковски се случил и атентатот врз тогашниот претседател на Република Македонија Киро Глигоров кој до ден денес нема ни основи за завршница.

Фрчкоски

Низ политичката активна и пасивна кариера Фрчковски имал мал милион афери. Од оние кои медиумите своевремено ги пласираа како изјави на сведоци дека со Црвенковски шверцуал нафта, преку неговите пикантни односи кога во време на транзиција купуваше скапи часовници и манжетни за кошули, па обидите за екстремна модернизација со купување коњи за полициски патроли по плажите во Охрид. Медиумите ги забележале и неговите неформални обиди за решавање со спорот со името со Грција, кога во игра беа фусноти, точки и запирки. Изјави од ликови од видот на Роли Јакуповиќ кои го поврзуваа Фрчкоски со полицијата уште многу пред тој и да биде со ингеренции во истата но и изјави од Љубомир Периќ-Магаш кој пак ги појаснува поволностите кои Црвенковски и Фрчкоски за време на ембаргото го имале шлеперите со нафта но и цигари кои од Бугарија влегувале низ Македонија па до нивната финална дестинација во Србија.

Фрчкоски

Лични изјави и колумни за кои подоцна се објаснувал што сакал да каже. Како го откри сведокот за атентатот на Глигоров иако никогаш не се јавно дадени одговорите како сите лица поврзани со атентатот на овој или оној начин за брзо време несреќно го завршија животот.

Обидите кои медиумите ги пласираа дека носел емисари од Атина кај Глигоров кој за добра сума на пари требал да прифати “разумно решение” за ново име на државата. Човек кој никогаш не ги ни потврдил ни негирал медиумските пишивања за личните пријателски односи со Слободан Богоевски и покојниот Добри Величковски.

Фрчкоски

Никогаш не ги искоментирал изјавите во форма на колумни на тогаш големите функционери на СДСМ Никола Поповски и Ѓорги Спасов дека како кандидат за претседател скоро и да нема 100% поддршка од партијата затоа што самиот не знае дали е левичар или десничар по почитичко убедување.

Секако енигми останаа и деновите пред и по атентатот на Глигоров кога со неговиот сегашен прв пријател Ѓунер Исмаил, тогашен портпарол на Влада ги немаше никаде. Но тоа се теми кои веќе се обработени, објавени и немале ефект врз Фрчкоски. Но она што го правеше и како министер и како професор по Атинските Универзитети по основа на името на Македонија ќе мора да го одговори како се пронајде себеси, пак, како најпрофесионалниот тоа да го коментира.

Секако тука е и неговата јавна појава или познатите испади во јавност наречени делење “воспитно едукативни” шамари. Еднаш за паркинг место врз жена и еднаш врз деца, без разлика дали тие беа партиски или приватно “обоени”. На прашање дали не му е срам што го премолчува уништувањето на унитарноста на Македонија, Фрчкоски возврати со шамари и пцовки за потоа да го пријави настанот како обид за напад.

Фрчкоски

Фрчковски никогаш не останал пасивен набљудувач на оптествено политичката сцена во Македонија а бројни аналитичари неговото последно појавување во јавноста со бранење на ставовите на извршната влада на Заев со ДУИ и Ахмети го толкуваат како подготовки пред завршницата во промената на Уставното име.

Првата изјава на Фрчкоски требаше да е јасен сигнал дека одлуките на извршната власт на СДСМ со ДУИ ќе се реално оние одлуки кои ќе го решат спорот со името и за тоа нема ни потреба а најмалку се очекува национален концензус при што кратко истакна:

“Нема да се создаде национален консензус за спорот за името. За решението ќе биде одговорна политичката елита која го носи, тоа секогаш и во секое општество било така. Лаконски би било дека може, секако. Очигледно е дека работите се тргнати. Средбата на премиерите од четири саати зборува и симбoлично и реално дека расчистиле некои детали и мислам дека проблемот може да се затвори во најбрза иднина, овој проблем од 18-20 години.”

Иако за разлика Фрчкоски, Али Ахмети и ДУИ сметаат дека потреба од Референдумско изјаснување нема. Што е прилично недолично премолчена небулоза кога станува збор за уставотворец.

Фрчкоски

Набрзо Фрчкоски кому му е доверена очигледно улогата “гласот на експертската јавност” со што се зголемува тројката Заев, Димитров и Османи, на национален приватен ТВ медиум истакнува дека:

“Кај нас приоритет е пред сè националниот идентитет и јазикот да бидат македонски и да се обезбедат. Името, иако изгледа прво прашање, всушност е второ прашање. Ние сме биле социјалистичка, федеративна, народна, ваква и онаква и можеби може да издржиме Македонија со некаков префикс северна, горна итн. Она што е важно, ние сме Македонци и тоа нас нѐ дефинира. Тука мислам дека е постигнат некаков пакет и нервозата со јавни собири во Грција го покажува тоа.”

Оваа негова изјава е прилично пикантна за професионалец од него калибар. Ние никогаш сме немале проблем што ќе стои пред Република во името на државата, проблемот е што ќе стои пред Македонија од поимот. И Фрчкоски би требало да се сеќава дека ние сме биле и Народна и Социјалистичка но Република па Македонија

Ставањето на додавки и придавки по Република целосно го менува идентитетот на нацијата која живее во таа сосема нова држава за која Фрчкоски може да појасни дали е исто Нова Република Македонија и Република Нова Македонија?

Фрчкоски

Воедно го коментира и иредентизмот кој го согледува Грчкиот премиер Ципрас па тоа го толкува на следниот начин:

“Кај Ципрас иредентизмот не се квалификува и не се поврзува со уставот, а кај Мицотакис помладиот се поврзува со Уставот. Тој вика, не требал Ципрас да влезе во преговори за името, прво требал да бара отстранување на иредентизмот и промена на уставот на соседната држава. Тоа имплицира следно. Во варијантата на Ципрас под иредентизам го сметаат менувањето на некои од главните споменици, но ако мислат дека иредентизмот значи промена на член 49 од Уставот на РМ (за малцинствата), кој ние веќе еднаш сме го менувале, тогаш тоа е проблем. Мислам дека е невозможен проблем и нема да влеземе во таа приказна.”

Можеби Фрчкоски не знае дека Филип II татко на Александар е роден во Битола и ја изградил тогашна Хераклеа Линкестис. Впрочем ако спомениците се проблемот за Македонски иредентизам кон Грција што е со спомениците во Софија на кои сите Македонски историски личности се запишани како Бугарски? Дали имаме тогаш притаен иредентизам и кон Албанија со споменикот на Скендербег во Скопје но и плејада албански историски фигури?

Не слушнавме кој е неговиот став за така лесните новоименувња на имињата на автопатишта, аеродроми и што ли уште не во Македонија нешто што Грција не го прави но го дочекува со восхит. Ако промената на имињата кои можат да бидат ‘ркулец за иредентизам е договор тогаш очекувано би било да се промени и името на аеродромот во Солун кој се вика Македонија иако тоа име е ставено по отворањето на проблемот со нашето Уставно име.

Впрочем за универзитетски професор кај Фрчкоски плашат два ставови. Првиот дека промена на Уставот не е потребна ако се постигне Договор по тертипот на оној со Бугарија затоа што Договор е поверодостоен документ од Уставни измени. Тоа значи дека нема ни да има основ за Референдум и дека како и Договорот со Бугарија и овој лесно ќе биде ратификуван во законодавниот дом.

Она второто што плаши е “непознавањето” на правниот аспект при промена на името. Според Фрчкоски тоа не би имплицирало и потреби од промена на Уставот. Што не е точно. Уставот е највисокиот државотворен акт на Република Македонија. Логиката многу поедноставна отколку што сака Фрчкоски да ја прикаже. Ако се промени името се менува и Уставот. И тоа најмалку 188 пати во секој член каде стои Република Македонија.

Сепак дека се работи за мисија “помош од пријател” стои првата небулоза дека небитно е како ќе се викаме, битно е да го задржиме идентитетот, името според него е од второстепено значење.

Фрчкоски

Идентитетот зависи од гореименуваната придавка или додавка. Но Фрчкоски би можел да појасни дали граѓани на Горна Република Македонија се Македонци и што би биле тогаш граѓани на Република Горна Македонија? Македонци сигурно не.

Но која е “мисијата” на Фрчкоски и зошто е активиран токму во зенитот на преговорите ќе видиме. Безмалку како и сите негови “државнички” гестови низ политичката кариера. Притоа Грците рапидно ги менуваат ставовите, па последниот доаѓа од самиот шеф на грчката дипломатија Коѕијас кој тотално го негира Фрчкоски кој сакал тој да признае или не споредбено со Косијас е безгласна буква.

“Во разговорите, првата работа ќе биде, кое ќе биде името, содржината на името и придавката на името, бидејќи вториот елемент на името ќе го содржи терминот Македонија како географска област. Втора работа, дали ќе биде 1 или 2 збора. Трето дали ќе се воведе на јазикот на земјата или на меѓународен јазик и четвртото дали ќе биде преведено или не.”

Но тоа е коментар за предлозите на медијаторот Нимиц кој доставил пет конкретни предлози, четири имиња на македонски јазик и едно Македонија (Скопје), додека пак во однос на грчките позиции рече дека според негово мислење името треба да биде сложено со терминот Македонија, „да не биде на англиски да биде на јазикот или јазиците на оваа земја, без превод“. Како примери дека постои меѓународно искуство  за ваква формула, шефот на грчката дипломатија ги спомена Шри Ланка како земја што има едно, непреведено име и Авганистан, Узбекистан, Казахстан, Пакистан како држави, чии имиња се сложени зборови што го имаат истиот збор “стан”.

За овие изјави со кои се откриваат детали што Нимиц предложил од Заев,  Димитров, Османи но и Мицкоски има само молк.

Воедно сосема е јасно што се ќе биде предмет на корекции. Токму се она што Фрчкоски го потенцираше дека нема да биде. Па така во однос на преговорите за името, шефот на грчката дипломатија, ја повтори неговата позиција дека името вклучува седум прашања: името, употребата на името,идентитетот, јазикот, трговската употреба, акронимите и знаците.

Тоа е нели оној идентитет кој според Фрчкоски нема да биде променет со новото име?

Но тоа не е се. Коѕијас очигледно не следел тв дебата туку предлозите на Нимиц и ги става црвените линии на грчката дипломатија затоа што Заев нели јасно и гласно истакна дека ние ги немаме. Би пречеле во добрососедството.

Така Никос Коѕијас објасни дека ако постои согласност од македонска страна за спогодбата, тогаш таа ќе треба да биде изгласана од парламентите на двете земји, согласно уставните одредби за одобрување на меѓународен договор. Но и истакна дека за кој било договор за решение меѓу двете земји потребно е Македонија да направи уставни промени.

Можеби е повеќе јасно зошто е покомотно да се дискутира за промена на име од позиција на универзитетски професор, а не министер за надворешни работи.

Фрчкоски

Притоа Грците точно знаат и што сакаат да се промени. “Кој било договор што ќе го случиме, ако не е придружен од уставни промени или ако сакате да ги кажете, прилагодувања, ќе може подоцна кој било нов премиер, од друга политичка област, да го смени. Ќе се најде во тешка позиција сегашната влада на оваа земја, ако не се смени Уставот, а склучи меѓународни договори и следната влада ќе им каже дека дејствувале противуставно.”

Прашањето кое се наметнува е кој е во право. Фрчкоски или Коѕијас? Нели Договор за промена на името ратификуван во законодавниот дом е доволен? Коѕијас претпоставувам читал исти книги за правни акти како и Фрчкоски.

Но Коѕијас финишира со она кој прв ја отворил Пандорината кутија и кој го ставил Македонското име, употребата на името, идентитет, јазикот, трговската употреба, акронимите и знаците.

“Процесот за НАТО не е дека ние сакаме да ги внесеме во НАТО, туку дека самите го бараат тоа. Ние во преговорите го  користиме фактот што тие сакаат да станат член на НАТО додека пак во однос на евентуални притисоци од трети страни,ние имаме испратено порака до сите, и до ЕУ, НАТО, и до САД и Русија да не се мешаат, бидејќи тој што се меша прави лошо и не сака да се најде решение.”

По ова е сосема јасна и реакцијата на Русија која прифаќа промени на името но и летаргичноста на САД и земјите кои не поддржуваат. Грција на сите им пратила писмен документ дека преговорите се отвориле за да се решат на барање на официјално Скопје по што е сосема логично нам никој да не ни нуди поддршка.

Она што е трагикомично е што во општо прокламираниот ерга омнес однос кон надвор и кон внатре ние ќе се соочиме со два проблеми. Кои од стручен аспект би биле трагикомични во светот на политиката. Македонија ќе мора да ги информира земјите т.е. над 2/3 од нив кои не признале под Уставното име Република Македонија дека ние по 26 години сме решиле да го промениме и да побараат признавање на новото име.

Вториот проблем ќе се најмалку 10 земји кои и повеќе од јасно ставија до знаење дека било какво име да и се стави на Република Македонија тие нема да го почитуваат и ќе продолжат на државата и народот да им се обраќаат со Македонија и Македонци. Тоа веќе е нивни а не наш проблем но ќе остави горчливи траги дека ние некогаш во историјата самите сме си потпишале “капитулација”.

Фрчкоски, а покрај него и Заев и Димитров и Османи сакале или не ќе мора да возвратат со одговор на Грчката алчност во барањата. Или не. Зависно од што се сме побарале и ветиле на владата во Атина. Но како и да е тајната нема биде тоа уште долго. Коѕијас сепак нема да ја пропушти шансата оваа епска победа на Грција врз Македонија да си ја препише на своето дипломатско конто. Што ќе запишат Заев, Димитров, Османи и експертите како Фрчкоски, ќе видиме.

 

Може да ве интересира

Кој е Срѓан Керим или човекот “медал”?

Срѓан Керим или човекот “медал”   Срѓан Керим или човекот за сите власти и општествени …

Translate »
error: Content is protected !!