дома / Локална / Децентрализација / “Македонија под оваа власт покажа дека е многу гостопримлива земја. Овде веќе и самите ние се чувствуваме како гости.”
платфрома

“Македонија под оваа власт покажа дека е многу гостопримлива земја. Овде веќе и самите ние се чувствуваме како гости.”

Малкумина се сеќаваат дека барањата на политичките партии уште на 2 декември 9 дена пред изборите беа сосема јасно конципирани во 6 барања или услови без кои барем ДУИ, БЕСА и Алијансата за Албанците јасно ставија до знаење дека нема да дадат поддршка на било која победничка или не, партија од македонскиот блок за формирање на идна извршна власт. Притоа барањата воопшто не беа скромни. Се бараше:

1.економска еднаквост
2.еднаквост на албанскиот со македонскиот јазик 
3. консензуално одлучување по сите прашања
4. итно прифаќање на ново име и промена на Уставот
5. целосно редефинирање на државата
6. итно започнување на преговори за НАТО и ЕУ

Сакале ние да си признаеме или не ВМРО – ДПМНЕ ова одлично го процени како чиста уцена па нескромно побара поддршка од електоратот за 63 пратеника сметајќи на 123 член законодавен дом, т.е. и трите пратеници од дијаспората. Пораката стана слоган што без суети и префрлања потсети на еден друг сличен на истата политичка партија само не изговорен од Никола туку од Љубчо кој 2002 бараше 61 пратеник.

Разликата меѓу апелите до електоратот беа само во јачината на реториката. Георгиевски јасно стави до знаење дека бара 61 пратеник за да нема уцени од меѓународната заедница, но и да нема уцени од т.е. албански партии кои во суштина се политички партии на македонски граѓани од албанскиот етникум. Груевски можеби тука направи грешна проценка па беше поумерен иако по 2.5 години политичка криза во државата и два изворни датуми кои беа одлагани можеби беа само причина повеќе ВМРО – ДПМНЕ да реализира победа па општествено политичкиот живот да се врати во нормала.

На 11 декември беше повеќе од јасно дека овие избори воопшто не се така наивни и дека огромната поддршка на СДСМ од странските фактори ќе резултира со успех слично како и 2002 година кога победи Црвенковски по што следеа пеколни четири години и за државата а за волја на вистината и за политичката партија на левицата. 2002 година тетористите беа преку ноќ промовирани во борци за човекови права и слободи и беа дел од новата владина коалиција на СДСМ.

Резултатите имаше можност да предизвикаат уште една политичка криза со прегласувањето на фамозното гласачко место во тетовско Теарце во изборната единица 6 каде и СДСМ се бореше за изедначување на бројот на пратенички мандати а ВМРО –ДПМНЕ си ја бранеше победата. На крај резултатот е оној кој сите го знаеме и по 26 години независна и суверена Македонија почнаа да се случуваат преседани.

Но што се случи?

ДУИ се прецени, дотолку повеќе што ја потцени силата на штотуку формираното радикално исламистичко движење БЕСА кое во основа меѓу електоратот е познато и како политичка партија водена од албанци кои ги плаќа Турција. Преку ноќ преќутно се сменија во огромен процент муфтиите и оџите од Исламската верска заедница. Но тоа беше придобивка за БЕСА додека вториот политички субјект ДПА се очекуваше да претрпи пораз по расцепот но не до мера на истребување од политичката сцена.

Политичките партии на албанците во Македонија претпеа пораз а СДСМ не успеа да издвојува победа со што паднаа маските дека скоро половина милион граѓани или 1/3 од електоратот се “режим”. И тоа беше првото црвено алармно светло кое се уклучи по странските мисии, амбасади и конзуларни преставништва, особено она на скопско Кале на САД и на мисијата на ЕУ во Македонија.

Патем тоа се истите два “меѓунардни” фактори кои ги “направија терористите костумосани политичари” во 2002 година но сега во 2016 година немаа победа како Црвенковски, за волја на вистината и самиот лик на Заев конфузен самиот се себе и околината значеше проблем за себе. Но поразот на албанскиот политички фактор во Македонија беше вториот удар за сценариото “2002 година II дел”.

Имено во 26 години независна и суверена Македонија албанските партии добија убедливо втор најлош резултат од електоратот при прилично солидна излезеност или по години тоа би било вака:

22 пратенички мандати на изборите од 1990 година
16 пратенички мандати на изборите од 1994 година
25 пратенички мандати на изборите од 1998 година
25 пратенички мандати на изборите од 2002 година
28 пратенички мандати на изборите од 2006 година
29 пратенички мандати на изборите од 2008 година
24 пратенички мандати на изборите од 2011 година
27 пратенички мандати на изборите од 2014 година                                                      

20 пратенички мандати на изборите од 2016 година

Што ако се земе во предвид фактот дека 1994 година од албански политички партии ја имавме само ПДП и делумно ги бојкотираше изборите ова е дефинитивно најлошиот резултат. Но зошто дојде до него? Донтовата формула е немилосрдна а т.н. традиционално албански средини гласаа за повеќе избор како никогаш до сега и се случи контраефектот да ДУИ спадне на ниво на ДПА, ДПА на ниво на некогашната ПДП пред скоро целосно да ја снема, иако ДПА заедно за гласовите на Алијансата за албанците која е коалиција на три политички субјекти реално има исто пратеници како и БЕСА, пет, но математиката и политиката не секогаш одат заедно.

Она што СДСМ го игнорираше за време на изборната кампања, а беше секојдневно повторувано од ВМРО – ДПМНЕ за можни сценарија на федерализација, кантонизација, двојазичност кое за СДСМ беше нешто што е само во главите на власта. Многу брзо се покажуваше од ден во ден дека барањата на албанците се овој пат цврст став но тие едноставно барем јавно не постоеја.

И тоа е разбирливо. СДСМ не испорача резултатите како 2002 година, а ни коалициониот партнер ДУИ за кого се знаеше дека ќе е иден дел од коалицијата не беше на она ниво како пред 14 години. Иако симптоматично е што СДСМ се сеќава на секоја средба меѓу ВМРО – ДПМНЕ и ДУИ кои имаа преговори но на тема што сакаат сега ДУИ за идна владина коалиција но кога ќе се прашаа јавно што мислат тие на таа тема тврдеа дека истата е измислена и непостои.

Откако пратеничките мандати не излегуваа математички издржано се појавија блантавите изговори кој гласал а кој не, за или против “режимот”. Па СДСМ започна да си ја зголемува бројката до онаа нереалната ужасно досадната “над 612.000 граѓани” иако така толкувано можеби треба да им е јасно дека тогаш над 955.000 граѓани им кажаа НЕ на политиките кои ги промовираа оти нели оној кој не гласал го одобрува актуелното работење на институциите на системот и власта, а тој што сака промени на власта излегува и гласа.

Но тоа е класично мешање баби и жаби за набрзо само ДПА да излезе со став дека во каква и да е форма нивната партија ќе поддрже коалиција на ВМРО – ДПМНЕ за нова извршна власт дури и по цена како и до сега да остане само поддржувач. Стара е догмата која ја остави Арбен Џафери дека ДПА од своето постоење била на власт само 2 пати, 1998 – 2002 година и 2006 – 2008 година со ВМРО – ДПМНЕ. Остатокот од своето постоење иако имала можност била само поддржувач но не и учесник во извршната власт.

Се конституираше Собранието, а албанските политички партии беа повикани на консултации во Тирана, Република Албанија, кај ни помалку ни повеќе туку премиерот на Република Албанија, Еди Рама за да се формира идната платформа за делување. Овој чин се случи два пати, еднаш на 26 декември четири дена пред да се конституира Собранието на Република Македонија, но и на 29 декември ден пред конститутивната седница.

Имагинарно и луцидно е да се тврди дека Платформата беше нешто што го дознавме на 7 јануари следната 2017 година, кога беше официјално промовирана. Платформата е конципирана на овие средби и тоа од трите партии кои денес се коалициони партнери на Заев и СДСМ иако БЕСА инсистираше на индиректна средба со Ахмети на иста маса. Но тоа можеа да го направат во Струга или Дојран. ДПА принципиелно ни е потписник на платформата ни го удостои Еди Рама со свое присуство.

Изјавата на Села дадена на 29 декември 2016 година е јасна:

“Сите албански партии треба да направат заедничка платформа за обединување на Албанците во Македонија. Ние како Алијанса за Албанците ќе присуствуваме на оваа средба. Очекуваме нашите услови да бидат прифатени и сите Албанци да застанат зад нив. Албанскиот јазик да биде официјален во цела држава, поделба на буџетот за спречување на експлоатацијата на Албанците и правична застапеност на Албанците по вертикала и хоризонтала”.

ВО СЛЕДНОТО ПРОДОЛЖЕНИЕ КОЕ ЌЕ БИДЕ ОБЈАВЕНО НА ——– ЌЕ ЧИТАТЕ:

Но зошто СДСМ и ова не го виде, а и зошто СДСМ само констатираше дека ВМРО – ДПМНЕ преговарала пред или по доделување на мандатот од Иванов кој кореспондираше со објавување на платформата…

Може да ве интересира

Ги надитри сите, полека до целта. ДУИ 16 години е најстабилната политичка партија во Македонија

Полека до целта, ДУИ 16 години е најстабилната политичка партија во Македонија   Демократската унија …

Translate »
error: Content is protected !!