дома / МКД / Малку факти за партиите ВМРО – ДПМНЕ и СДСМ за изминатите 27 години
вмро дпмне - сдсм

Малку факти за партиите ВМРО – ДПМНЕ и СДСМ за изминатите 27 години

Промените во раководните органи на политичките партии се процес кој е показател на демократските позитивни намери на членството компаративно со успехот. Во основа иако имаме посебен Закон за политички партии суштински тие се здруженија на граѓани со иста или слична политичка ориентација или убедување. И тоа само по себе значи дека ниту едно раководство или раководен орган не е надреден над членството кое одлучува на Конгрес иако тука има многу политички интриги како технички не е можно 300 или 400 илјади членови да гласаат поединечно па тие се претставени преку своите претставници популарно наречени делегати кои не секогаш ја манифестираат волјата на мнозинството.

вмро дпмне - сдсм

Но и промените во раководните структури особено оние од највисок ранг не се добри ако се чести, затоа што ние така пред 27 години го протолкувавме плурализмот и тоа познавајќи го македонскиот менталитет нема да се промени во догледно време. Но има нешто што е факт во разликата особено меѓу најголемите т.н. политички партии од македонскиот блок кои симптоматично говорат дека промените најчесто биле политички мотивирани но и дека дел од функционерите пливале низ сите измени.

вмро дпмне - сдсм
Име на политичка партија.

ВМРО – ДПМНЕ своето име неформално го добила уште пред да биде формирана. Како ‘ркулец стои фактот Драган Богдановски по излегувањето од затвор во 1988 година, кратко време живее во Скопје, а штом добива патна исправа заминува во МалмеШведска, каде ја подготвува програмата за формирање на национална политичка партија во Македонија [која е отпечатена во весникот “Млад Борец”]. Таа партија по идеја на Драган Богдановски треба да се вика “Демократска партија на македонско национално единство”, ДПМНЕ. Во 1990 година заедно со Гојко Јаковлевски од Берлин, се состануваат во Минхен, каде се донесува одлука за формирање на партијата со предзнак ВМРО. На состанокот присуствуваат и Љупчо ГеоргиевскиБорис Змејковски и Владо Транталовски од Ресен, по што партијата се формира и регистрира во Македонија.

вмро дпмне - сдсм
Партијата се основа на 17 јуни 1990 година како ВМРО – ДПМНЕ при што предзнакот ВМРО е коренито втемелен во идеологијата МРО [не ВМРО] или Македонска револуционерна организација која е оформена 1893 година. ВМРО – ДПМНЕ како правен субјект политичка партија е регистрирана на 5 август 1990 година а за нејзин прв претседател е избран Љубчо Георгиевски.

СДСМ од друга страна е партија наследник. Основана е на 20 април [иако новото раководство го слави 21 април како ден на основањето] 1991 година. Сојузот на комунистите на Македонија кој претходно истата година веќе еднаш го менува називот со додавката Партија за Демократскска Преобразба. СКМ – ПДП на првите плуралистички избори пред електоратот излегува под ова име а веќе следната година целосно го менува во СДСМ или Социјалдемократски сојуз на Република Македонија.

вмро дпмне - сдсм
Имено СКМ – ПДП на а XII конгрес врз основа на иницијативата на претседателството на Централниот комитет од 14 февруари 1991 година формира ново име а врз онова на предлог на Централниот комитет донесен како Одлука. За прв претседател на СДСМ е избран Бранко Црвенковски.

За сметка на ВМРО – ДПМНЕ која како партија се повикува на историската борба на македонците за независност СДСМ зад себе има активна партиска историја од 19 март 1943 година кога е оформена Комунистичката партија на Македонија т.е. од 1948 година кога е одржан и првиот конгрес на КПМ. Во периодот до Бранко Црвенковски партијата променила седум претседатели од кои Перо Гошев е последниот кој раководел со оваа политичка партија во едно друго општествено уредување а еднопартиски систем на владеење.

Со тоа стои и фактот дека ВМРО – ДПМНЕ се огранизира концептуално да делува со индивидуална финансиска поддршка од дијаспората и истакнати дејци во Македонија а СДСМ едноставно со еден документ станува наследник и на движниот и недвижниот имот на КПЈ.

вмро дпмне - сдсм

Симболи на политичката партија – лого.

ВМРО – ДПМНЕ во 27 години независна Република Македонија симболот го променила само еднаш. И тоа во 2012 година кога само се модификува естестки стариот симбол т.е. лого кое добива лесно графички стилизиран нов изглед но содржински и суштински од симболика до бои останува целосно исто. СДСМ своето лого го менува два пати. Еднаш официјално во 2009 година на 7 јуни и неофицијално за прв пат спротивно и од Статутот пред, за време, и по изборите во 2016 година.

вмро дпмне - сдсм

Промена на претседател на политичка партија.

ВМРО – ДПМНЕ во своето постоење има извршена една промена на претседател. На партискиот конгрес во Охрид во мај 2003 година претседателот Љубчо Георгиевски се повлекува од претседателската функција а на негово место за претседател на партијата е избран Никола Груевски. СДСМ за претседател го има Бранко Црвенковски се до 2004 година кога партијата за вршител на должноста претседател ја има Радмила Шеќеринска се до изборот на Владо Бучковски за нов претседател. Бучковски на функцијата претседател на СДСМ се задржува кратко. Од ноевмри 2006 до 2008 година претседател на СДСМ е самата Рамила Шеќеринска се до 2009 година кога завршува мандатот за претседател на Република Македонија Црвенковски кој се враќа на претседателското место во СДСМ. Во 2013 година Црвенковски најавува целосно повлекување од активните партиски фунции па времено вршител на должноста е повторно Рамила Шеќеринска за функцијата да ја преземе Зоран Заев кој е актуелен претседател на СДСМ.

вмро дпмне - сдсм

Успеси на политичките партии.

ВМРО – ДПМНЕ во 27 години историја на независна и самостојна Македонија дала 2 премиери. Георгиевски и Груевски. СДСМ четири. Црвенковски, Костов, Бучковски и два пати вршител на должноста Радмила Шеќеринска.

ВМРО – ДПМНЕ за претседателски кандидати ги имала Борис Трајковски во еден [трагично прекинат] мандат и Ѓорге Иванов во два мандати. СДСМ го имала Киро Глигоров во два мандати и Бранко Црвенковски во еден мандат.

вмро дпмне - сдсм
Македонија времено имала три пати вршител на должноста претседател на државата. Еднаш во 1995 година кога на 4 октомври е извршен атентат врз претседателот Глигоров при што од 4 октовмри до 17 номеври вршител на должноста претседател ја извршува претседателот на Собранието на Република Македонија Стојан Андов. Вториот пат е на 19 ноември 1999 година кога поради воениот конфликт во Македонија завршува мандатот на Киро Глиговор па Саво Климовски како претседател на собранието ја извршува оваа функција се до 15 декември 1999 година. Третиот пат е во 2004 година по трагичната смрт во авионска несреќа на претседателот Борис Трајковски кога во периодот од 26 февруари до 13 мај 2004 година на функцијата вршител на должноста претседател на Република Македонија се јавува Љупчо Јордановски како актуелен претседател на Собранието на Република Македонија.

На национално ниво во сегментот законодавен дом ВМРО – ДПМНЕ од 9 избори за пратеници [со исклучок на 1992 година кога СДСМ го презема владеењето во законодавниот дом без избори] ВМРО – ДПМНЕ победила на шест избори а влада формирала пет пати додека СДСМ победила на три избори а влада формирала четири пати.

Што е симптоматично?

Симптоматично е што по факти претседател со најдолг стаж не е Груевски туку и Црвенковски при што и Никола и Бранко активно без прекин биле – се претседатели 14 години. Најмалку на  функцијата се задржал Бучковски неполни 2 години а политичар кој најмногу издржал како претседател во сенка или на функциите потпретседател или заменик претседател на политичка партија е Радмила Шеќеринска и тоа без прекин од III конгрес на СДСМ одржан на 6 февруари 1999 година до денес или точно 18.5 години без прекин.

Измени во највисокиот акт, Статутот.

И ВМРО – ДПМНЕ и СДСМ во 27 години имале измени и дополнувања во Статутот на политичката партија. Само СДСМ во 2013 година на XV конгрес на партијата изгласала одлука за нов Статут на политичката партија.

 

Може да ве интересира

иредентизам

Иредентизам кај Македонија и Грција – поим за плашење народ од соседите

Деновиве на балканот, осовено кај нашиот јужен сосед на голема врата се користи поимот иредентизам …

Translate »
error: Content is protected !!