дома / МКД / Koj e? / Мартин Протуѓер, “болежливиот” кадровник на Груевски
Мартин Протуѓер

Мартин Протуѓер, “болежливиот” кадровник на Груевски

Кога Заев почна да ги објавува нелегално стекнатите аудио записи, од уште понелегалното прислушкување, за кое допрва треба да се утврди, дали е дело на режимот, или чедо на Верушевски, се појави и аудио запис од Сашо Мијалков.

Мартин ПротуѓерМакедонската јавност, прилично сериозно, низ доза на сарказам прокоментира дека е решена една од двете вековни мистерии. Гласот на Мијалков постариот. Остана уште да се открие ликот на жената од цртаниот филм, “Том и Џери”.

Но и ликот во една секвенца е прикажан, па не е веќе тајна. Но што всушност е обвиткано со мистерија. И Сашо и Влатко, за оној кој ги познава, дотолку повеќе и имал можност да го запознае нивниот татко, Јордан Мијалков, не се никаква мистерија.

Мартин Протуѓер

Она што можеби некому требаше, е создавање на култ на моќници, кои раководат со партијата што до еден момент беше на граница на прилично невкусна шега, се до моментот кога Мијалков навистина почна да верува дека е тоа што пишуваат медиумите за него.

Зошто Никола Груевски дозволи толку блиски роднини да бидат на витални функции во партијата, ќе треба сам да одговори, затоа што и членството, а особено политичкиот противник тоа максимално го искористија на штета на ВМРО – ДПМНЕ.

Но Сашо не носеше кадрови решенија. По Доста Димовска, за која без разлика кој каков став има, во ВМРО – ДПМНЕ се појави ново име, кое се обиде да го заземе нејзиното место, иако деновиве, ВМРО – ДПМНЕ се соочува со сите грешки од неговата работа.

Мартин Протуѓер

Мартин Протуѓер, е човекот за кого скоро и да нема информација, што е дотолку неважно во споредба со информацијата, на што се должи огромната доверба која му ја довери Никола Груевски?

Мартин е роден на 8 мај 1979 година во Скопје, иако датум е релативно точен и одредени новинарски истражувања тврдат дека ни датумот, ни локацијата не се точни. Протуѓер по таткова линија е правнук на генерал Александар Протуѓеров, додека по линија на својата мајка е род со Лев Петров Огненов, кој често е познат и под псевдонимот Олга или Кракра, кој бил општественик во Бугарија и револуционер на Внатрешно Македонската Одринска Револуционерна Организација.

Лев Огненов, е син на Петар Огненов, кој бил исто така општествено силна фигура за периодот кога живеел, а негов внук, вујко на Лев Огненов, е револиционерот Петар Георгиев Карчев кој бил писател, но и дел од Внатрешната Обединета Македонска Револуционарна Организација.

Мартин Протуѓер

Но истражувањата кои се објавени, но никогаш не се оспорени или негирани, покажуваат два дијаметрално спротивно, но битни факта. Александар Протуѓеров никогаш не се женел и немал деца, со што Мартин и да е во роднинска врска, не може да е трето колено наследник на Протуѓеров. Дотолку повеќе, што во јавноста излегоа и податоци дека Мартин е син на покоен Киро Протуѓер, кој бил новинар во Радио Скопје, а кој бил внук на генералот Протуѓеров, кој работел за бугарскиот двор во првата половина од XX век. Мартин е само законски, но не и крвно наследник на Протуѓеров, бидејќи е посвоен од Далмација, Хрватска. Израснал со неговите родители во скопски Карпош.

Мартин Протуѓер

И Мартин е должен да даде одговор на овие прашања, како идеологијата во ВМРО – ДПМНЕ е пред се.

Во ВМРО – ДПМНЕ, Мартин започнува да делува во 2004 година, и тоа на покана на Никола Груевски, при што за само две години, во 2006 да стане негов шеф на кабинет т.е. шеф на кабинет на премиерот на Република Македонија. Во ноември 2007 е избран и на функцијата Генерален секретар на ВМРО – ДПМНЕ, каде се задржува се до јули 2011 година. На изборот на нов Генерален секретар Мартин не присуствува со образложението “здравствени причини”.

Мартин Протуѓер

Мартин Протуѓер е магистер по медиуми и интеркултурни комуникации на Факултетот за филозофија во Франкфурт и во Софија, во рамките на Специјалната програма организирана од Министерството за надворешни раборти на Германија и Пактот за стабилност. Има работено како помошник за односи со јавноста на директорот на “Медија принт Македонија” и бил специјален пратеник на медиумската групација ВАЦ за Југоисточна Европа.

Во 2010 година нивото на таинственост, но дефинитивно и ефектино делување во структурите на партијата, го предизвикува претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски да го нарече “лидер во сенка”. Веќе следната година Мартин е именуван за шеф на Републичкиот изборен штаб на ВМРО – ДПМНЕ. Како и во сите изборни циклуси од 2006 до 2011 година.

Мартин Протуѓер

Во јавноста ретко давал изјави. Но останаа запаметени следните:

“Не знам патот кај ќе ме однесе. Ова прашање најдобро да не го одговорам, за да не предизвикам вознемиреност. Еве да кажам, на пример, јас сакам да бидам министер или директор, ама во несвест ќе паднат половина луѓе што ги знам, така што не сакам да шпекулирам.” – дадена на прашањето што е следно во неговата кариера.

Но не изостана ни онаа изјава по 10 дневната апстиненција од доаѓање на работното место без да приложи никакво објаснување, за што ни Груевски немаше образложение:

“Ослабен сум 12 килограми, затоа што бев болен, но се ставив на посебен режим на исхрана.”

Мартин Протуѓер

А за тоа како Мартин се вработил кај Срџан Керим говори самиот негов поранешен директор вели:

“Кога требаше Протуѓер да дојде во МПМ да го примам на работа, бидејќи јас не го знаев, телефонски инсистираа да го вработам. Но, тие што се јавија немаа врска со ВМРО-ДПМНЕ, туку се од другата страна, односно од СДСМ

И оваа изјава ја премолче и ВМРО – ДПМНЕ и СДСМ, но не сите, па прво проговори поранешниот пратеник на СДСМ, Есад Рахиќ:

“Поранешниот генерален секретар во партијата, Ѓорги Спасов, инсистирал Протуѓер да биде примен на работа кај Керим.”

И тука започнува една нелогичност. Сашо Мијалков во тие моменти е близок со Срџан Керим и се обидува да издејствува поддршка од ВМРО – ДПМНЕ за претседателски кандидат, додека Никола Груевски и Зоран Ставрески инсистираат тоа да биде Ѓорѓе Иванов. Она што се претпоставува дека е пресудно за големата доверба на Никола кон Мартин, е што тој по ова веднаш му врти грб на својот поранешен работодавец и останува доследен на одлуката на Груевски.

Мартин Протуѓер

Претходно во 2008 година Бранко Црвенковски уште еднаш го именува Мартин како “Гестапо” во ВМРО – ДПМНЕ, а личното делување му го оценува како она на “Гебелс” во контекст на неговото инволвирање во тимот, кога Црвенковски е претседател, а Груевски премиер, за преговори за името со што покрај Никола Димитров, на предлог на Груевски се приклучува и Протуѓер, за кој Црвенковски смета дека ја преминал цвената линија со тоа што лично контактирал со медијаторот Метју Нимиц, давал предлози, и сугерирал идеи, и без притоа да се консултира со никого.

Од расправијата со Керим, кој беше амбасадор во Германија кога Мартин магистрираше, тој е нарекуван и неформален уредник на медиумите во Македонија и таа теза во најмала рака се потврди со преписките, во кои го прозиваше Керим за необјавени колумни и текстови пишувани од членови на ВМРО – ДПМНЕ.

Мартин Протуѓер

Иако останува симптоматичната болежливоста на Протуѓер, кога и да треба да одговори, а не се чуствува подготвен за тоа. На барањето да му се врати пасошот додека СЈО бараше мерка притвор, на јавната расправа во апелациониот суд, не се појави, како осомничен во случајот “Титаник”.

Неговите адвокати, образложија дека Протуѓер во моментот е на боледување.

“Во моментот кога беше подигнато обвинението против Протуѓер и одлуката да му се одземе пасошот, тој се наоѓаше на лекување во Воената болница на Унгарската армија во Будимшешта. Таму требаше да остане до крајот на јули, но поради подигнатото обвинение тој веднаш се врати во земјата и сега лекувањето го продолжува тука.”

Мартин Протуѓер

Она што останува, е Никола Груевски да одговори дали Мартин е негово кадрово решение за кадровник на ВМРО – ДПМНЕ. Дали одлуките на Мартин биле и одлуки на Груевски, и дали Никола бил информиран за сите нив. Колку од “погрешните” кадрови решенија се на Мартин, колку на Никола, и нели е ред некој да понесе одговорност.

Според последните податоци, Мартин заедно со Јанкулоска и Јанакиески е вработен во ВМРО – ДПМНЕ. На која функција? Од скоро веќе не е ни во Извршниот комитет, а ни во кабинетот на Груевски.

Може да ве интересира

Фрчкоски

Љубомир Данаилов Фрчкоски, уставотворец со “чудни” ставови за Уставот

Фрчкоски е роден на 2 декември 1957 година во Скопје, познат македонски политичат и професор …

Translate »
error: Content is protected !!