дома / МКД / Koj e? / Мега интервју со г-дин Љупчо Палевски за актуелните состојби (СДСМ, ВМРО, ДУИ,Името Македонија,Бизнисот,Трета)

Мега интервју со г-дин Љупчо Палевски за актуелните состојби (СДСМ, ВМРО, ДУИ,Името Македонија,Бизнисот,Трета)

Мега интервју со г-дин Љупчо Палевски

Прв дел: Околу политиката, СДСМ и минатото

Палевски, вие во СДСМ не сте активни веќе 18 години или нешто по 2000 година од локалните избори до кога бевте претседател на градската организација на СДСМ. Од тогаш стоите на ставот дека резултатите на партијата беа директен резултат на поразителните политики на Црвенковски, дека Шеќеринска е незрела личност и лош политичар а дека Заев е времен претседател со кој раководи Бранко.

 

1.Каков е вашиот став години подоцна? Кој е каде сега и зошто? Во кој правец замина СДСМ? ВМРО – ДПМНЕ своевремено со промената на претседателот од Георгиевски со Груевски го оценивте како промена на амбициозен кадар за сметка на стариот и корумпиран.

СДС денес, не е политички субјект, туку е вешто затскриена структура на СОРОС и ДипСтејт. Ниту Ременска е социјал демократ, Мила Царовска уште помалку. Министерката е само ќерка на Мира Контевска портпаролката на Хари Костов во МВР а денес во Комерцијална банка ПР. Можам да редам примери до бескрај па се до Радмила Шеќеринска која до ден денешен не победила на избори, вклучително и овие последниве во Декември 2016 година. Се работи за наменски проектирана група која е само сместена во бренедот на некогашната партија СДС и нејзината зграда. Нај одговорен за ова е Бранко Црвенковски, оваа ерозија на СДС започна уште на легендарниот 15 Септември 2002 година. Некогаш набрканите корумпирани Ѓунер, Фрчкоски … денес се сателити на оваа структура на СОРОС, со една единствена цел, реализација на интересите на САД и преуредување на Републиката.

2.Сеуште мислите дека Георгиевски е корумпираниот а Груевски амбициозниот? Денес на сцената го имаме и Мицкоски. Што е тогаш тој во приказнава? Каде замина ВМРО – ДПМНЕ на политичката мапа во Македонија?

Груевски е донесен по барање на Американците и таа наредба ја реализираше лично Црвенковски веднаш после изборите 2002 година на кои СДС убедливо победи. Во однос на сељачката структура на Георгиевски, нагласената негова ЦИК-ЦАК политика, тогаш Фрчкоски ја опишуваше како “Дава жмигавци за Софија, а пичи за Београд”, младиот Груевски делуваше како дезодоранс во Македонската политика. Не заборавајте, воведе ДДВ, за кое Таки Фити плимпаше со години и не успеа истото да го воведе, а во споредба со Далаверски, Ванчо Пеловски и случајни трактористи улетани во владата на Георгиевски, тогаш младиот Груевски беше модерно лидерско решение на чело на ДПМНЕ.

Претера со модернизација на партијата, па подоцна ја преплави со млади момци, уредно истрижени, со струкирани оделца и кратки панталончиња, па огромен број од старото, вистинско ВМРО, беше во преголема мерка маргинализирано од централата и политиките на партијата. Не успеа да направи баланс, а токму тука ја направи првата грешка, за да балансира, се реши ДПМНЕ да ја претвори во биро за вработување. Идеологија 0, структура 100.

3.Имаше период кога партијата излезе од колосек па Савова но и дел од вас слободомислениците се најдовте како таргет на сегашното актуелно претседателство. Тоа не беше својствено за СДСМ?

Кавгата помеѓу Савова и Шеќеринска е климактеричен проблем на Црвенковски, кога се виде дека му е сеедно и дека ја препушта партијата на Зевци и Американците за проектов во кого денес страдаме. Савова и нејзините кадровски решенија денес се масакрирани или пак во некои случаи, со трошки задоволени. Но да повторам, се се тоа некадарни дечишта што пораснеле во СДС а ништо не научиле.

 

4.Што се случи Палевски? Беше ли тоа почеток на раздорот меѓу Заев и Шеќеринска и каде беше местото на Црвенковски во таа игра? Притоа никогаш не се заврши приказната до крај. Вас не ве интересира но јавноста би сакала да е информирана. Ве исклучија од партијата или?

Не битно е дали некој некого исклучил од партија во која нема иделогија, туку дневно кој кого ќе зафркне, измами, накодоши. Па зарем не гледате дека денес Заеб и Мицковски користат вординг, досаден, без концизност, политичка креативност, нема провокација, нема порака. Денес лидериве кога даваат изјава е како да ја слушате Бранка Станковска, досадни , општи, безначајни. Заев и Шеќеринска немаат никаква кавга, тоа е дел од проектот на ДипСтејт, за федерализирање на Македонија. Имено, после камиказа политикава на Заев, ако сте приметиле, кога требаше да дојде на власт и пушташе бомби, купишта малоумници стоеа позади Заев и бленеа во камери, денес кога Заеб како премиер ја крши Македонија, го крши АСНОМ и она што остана од него, нема никој позади Заев, нема обележја и иконографија на СДС. Шеќеринска ја нема никаде кога се носеше федералниот закон за јазик. Тоа е стратегијата, да може СДС да преживее ваков карамбол, политички карамбол, со договори со Бугарија, федерализација, менување на име и се што е во пакетот на Бејли, па од тие причини, се фингира конфликт, после кој Заеб, бега за Берн Швајцарија, а Радмила како заменик председател, да може да се штити со СДС. Монструмчиња не кадарни, гремлини на Црвенковски се Заев и Радмила.

5.Во 2013 година се менува Статутот, Шеќеринска го добива местото заменик претседател а Заев можностите по него со кој лично ги бира претседателите на општинските огранизации?

Поделбата меѓу Заеб и Радмила внатре во СДС е вулгарна делба на начин што, делегатите на конгрес се на Заев, а општинските на Радмила. Има неколку исклучоци, но малку на број.

6.Каде е тука демократскиот аспект на една државотворна партија? Според некои информации на тој конгрес за иден лидер требаше да биде избран Зоран ама Јовановски а не Заев. Промена на мислењето или можеби некој си поиграл со гласовите на делегатите? Впрочем и Црвенковски изјави дека Заев не е негов избор за најдобро решение? Се случи ли нешто што се премолчува 5 години? Имате изјавено дека во СДСМ Заев не води, води Радмила т.е. Црвенковски во женска форма.

Кажав, Рада е БЦ во женска форма, а Заеб е дронот на ДипСтејст, наменски, да го заврши проектов кој претходно Црвенковски го одби. Му беше понуден проектов, на Црвенковски, веднаш по тепачките во парламентот декември 2012, но тој го одби. Не разбра Црвенковски дека кога ЦИА ќе те створи, како политичар, немаш право да ја одбиеш, по што следеше крајот на неговата кариера, денес Црвенковски не смее ни вицови да раскажува по маало, Беверли Хилс.

7.Сеуште ли стоите на тој став? Шеќеринска била Бранково чедо но дали таа поврзаност е прекината? Имено 2002 – 2006 имамевме ефект на кралот е мртов – да живее кралот а везирот не се менуваше па Шеќеринска ги надживеа и Хари и Црвенковски па на крај и Бучковски. Му се случува ли во моментот на Заев истото сценарио?

Имено 2016 година не е најдобриот и најголемиот успех по број во поддршка од електоратот кон СДСМ. Сега имаше 430.000 гласачи но во 2002 година Црвенковски доби поддршка од 495.000 гласачи. Секако и тогаш и сега по победата се реализираа малцинските интереси на македонскиот народ со албанско етничко потекло. Тогаш цената беше паравоените командантни на ОНА, убијци на нашите бранители и цивилно население преку ноќ да се претстават како борци за човекови права и слободи. Сега цената ја гледаме со целосната реализација на Сеалбанската платформа но и со некои потези со кои си го негираме етничкото македонско малцинство во соседните земји а се очекува да си го промениме и името а со тоа и идентитетот.

Палевски дали 2016 до сега е полоша убрзана верзија од ефектот 2002-ра? 2002 до 2006 имавме и едно симптоматично распаѓање на СДСМ. Шеќеринска ги испраќаше и претседателите и премиерите. Колку е таа жена моќна во СДСМ и дали нејзините домашни миленици како тројката потпретседатели на ДУИ, голем број амбасадори но и организациите на Џорџ Сорос во Македонија ја одржуваат на површина? Кој е вашиот став. Кој прислушкуваше? Верушевски или Мијалков? Ние знаеме дека кон крајот на 90тите и почетокот на милениумот Верушевски излегуваше редовно со донации на складиран материјал кој потоа беше препишуван на политички структури од ВМРО – ДПМНЕ но и беше користен за молк во СДСМ. Како го толкувате нереалното дека Верушевски го одминал домот на Црвенковски па заминал за Струмица да го бара Заев? Не е ли по малку смешно? Сметате ли дека има грам вистина во она што се зборуваше во јавноста дека Црвенковски и тоа како знае што се има на снимките?

Прво, Верушевски не одлучуваше кој ќе го тера проектов. Не верувам и дека некој поединечно во целост го знаел проектот. Од после се дознават детали, не однапред. ДПМНЕ е екстремно корумпирана партија, после 12 години непрекидно владеење, во македонски услови, корупцијата, ви ствара нереална слика за себеси.

Груевски поверува во митот за себеси, кој беше внимателно креиран со години од сериозни структури и држави, заборави да закочи, заборави да одмори, поточно, Груевски заборави стратешки да замине во опозиција, за да може да го изгради она што најмногу му недостасуваше, а тоа е политика. Структурата која ја изгради, беше пресериозна за ваква мала и сиромашна држава, а во комбинација со неговото верување во митот за себеси дека е незаменлив и необорлив, произведувајќи огромен број на млади “тендераши” за кои тој сметаше дека се бизнисмени, ја предизвика ДипСтејт да го вкључи глобалниот механизам за преуредување на територии.

Грујо не ја виде големата глобална тепачка, глобалното прередување, не виде дека владееше во релативно мирна, лимбо ситуација на Балканот, кога Русија и САД го беа заборавиле, па затоа и комотно го мачкаше мрзливиот СДС. Да видеше Груевски дека Балканот доаѓа на ред за преуредување ќе беше попаметен.

Во тој контекст треба да се гледаат работите, а глобалните машинерии не можат да фунционираат на оваа територија без старите и искусни структури во Република Македонија.

Тогаш, а и денес, само Верушевски, до некаде и Мијалков можеа да реализираат такви комплексни проекти, во кои без испукан куршум, со хибридна технологија на дробење на територии и народи, се уредуваат територии, системи.

Не заборавајте, прв таргет на ДипСтејт беше токму Мијалков, целиот настан во Куманово освен ефектите медиумски како подготовка за тоа што следи, имаше примарна цел да го тргне од безбедносниот систем, после што ДПМНЕ стана тромаво и килаво.

Јас не се согласувам, да се смени име, да се потпишуваат договори со Бугарија, да се избрише Македонскиот идентитет и воопшто исчезне Македонизмот, со срце и душа како што најчесто употребува лицемерниот Заев. Корумпираните тендераши нека заминат на СУД, на робија, што и да е, но, Република Македонија, не може да биде дел од никаков проект. Едно е да владееш со државата, а сосема друго е да ја уништуваш истата. Не, не се согласувам.

Заев е проектиран политичар од ЦИА, за потребите на ДипСтејт, некогашен протестант кој за потребите на проектов стана православец, нагласено православен. Пред изборите како опозиционер еднаш неделно го гледавме социјалдемократот со свеќи во раце и дедо му Наум поред него, да, Дедо Наум, разузнавачка позиција на Цариград во МПЦ, за еве веќе една година од како е премиер, да заборави да се причести кај дедо му Наум, освен во моментите кога Наум ја реализираше издајничката мисија со БПЦ.

Заев е светски шампион во гафови, во демагогија, нема ниту една изјава која не ја сменил, радикално сменил, но тоа воопшто не е важно, проекто го работат структури кои не се СДС, структури кои се вон системот, длабоко во утробата на калето, со работно име Зулу департмент.

8.Во моментов СДСМ е поделено како никогаш. На една страна е Шеќеринска на друга Заев. И тоа беше нејасно за македонската јавност се до моментот кога Милчин а по него и пријателите не започнаа јавно да го повикуваат дека не ги почитува изборните ветувања и дека државата стои во место дотолку се враќа наназад? Дали го делите мислењето дека на Заев му се одбројани деновите како и на Хари Костов и Владо Бучковски?

Заев е програмиран и во саати не само во денови и години, тој ќе го заврши проектот како покојник или пуковник, ќе видиме. А за Хари Костов, времињата кои доаѓаат се многу тешки. Прво Хари Костов во текот на следниот месец, Април 2018 мора да си замине од челната позиција на Комерцијална банка. Предолго манипулира со билансите на банката, која е најголемата криминална машинерија во историјата на оваа држава. Од вршење на платен промет за сметка на Милошевиќ во раните 90-ти, до финансирање на комплетната приватизација на Република Македонија.

Активата на Комерцијална банка не постои, депозитите на граѓаните не постојат, но тоа ќе биде финалето на распадот на државава во проектот на ДипСтејт. Прво беше, политичка криза, сега влагаме во безбедносната криза, а финалето ќе биде БАНКАРСКО.

Хари прво иде дома, па после во хапсана, незнам кога точно но ТРЕТА, која е во формирање сигурно ќе го покаже виновникот за ЕКОНОМСКИОТ ГЕНОЦИД на Македонците.

Бучко е нај загрозен во случајот со дивиденди и монополски позиции на Телеком, заедно со Али Ахмети и Муса Џафери.

9.Патем Бучковски најави дека ќе се враќа во СДСМ. За него знаеме дека е исклучен од партијата но и знаеме дека оној поради кој Заев воопшто стана политичар т.е. кандидат за градоначалник и тоа го реализираше во три мандати. Не е чудна улогата на Бучковски? Чиј играч е според вас? Притоа сега новата членска ќе мора да му ја потпише Заев. Впрочем што се случува во СДСМ? Се именуваат потпретседатели по скратена постапка, се појавуваат како печурки по дожд имиња кои молеле да се искачат до Бихаќка а сега се нарекуваат старата гарда на СДСМ. Има ли крај лудилово? Имавте изјава дека во СДСМ веќе не се враќате но и дека не е политиката веќе за вас. До каде сме со третата опција?

Јас кажав, а сега повторувам, во моментот, откако видов дека корупцијата е само катализатор околу кого се собраа граѓаните за да се промени власта, а во суштина е уништивање на Македонизмот и Македонија како Република, јавно објавив дека јас веќе не сум СДС, не сум социјал демократ. Инаку да се сложувам, не се снаоѓам со перверзии и лажење, во политиката, тоа Црвенковски добро го знае, но во исто време, знам дека искуството што го имам, ако не го пренесам, тогаш истото го имам за бадијала. Од тие причини, со голем број на исто мисленици, решивме да ја формираме ТРЕТА, во која нема лидер, во која постојат 11 лидери и еден секретар.

Едноставно, да ја креираме, да се осветиме, за сите неправди што погоре ги наброив, а младите и силни македонци, а верувајте постојат многу образовани и подготвени, кои не само што ќе победат, туку и ќе ги променат досегашните стандарди за водење политика.

  1. По последните настани во законодавниот дом очигледно дека ни треба? Неизбежно е да се постави и прашањето како ја гледате Грчева во овие води. Таа направи партија за која веќе месец дена нема ни една вест ни една фотографија? Иако не сте политички ангажиран сте прилично и активен и информиран. Дали знаете дека Бранко се двоумеше да формира движење кое би преминало во партија? Тоа е јавна тајна. Но тоа не се случи. Иако беше гостин на конгресите на Заев сепак остана на ставот дека Заев не е човекот за таа функција. Зошто неделата пред изборите побара од сите лојални сопартијци на него сепак да излезат на гласање во 2016 година? Што мислите дека се случи? Има ли Заев и некоја снимка за Бранко како јавно произлегоа многу повеќе снимки иако од интимен карактер?

?

Втор дел: Кој е Љупчо Палевски?

11. Палевски бевте многупати мета на опсервација на многу новинари и полуновинарски пера и сите по нешто искоментираа зависно од која политичка вода доаѓаа. Вистина е дека бевте сопственик на неделникот Старт но колку е вистина дека сте имале и соработки со безбедносните организации на државата?

Кога долго време сте во политиката, не може да не ги познавате директорите на УБК, затоа што доаѓаат од редовите на едната или другата партија. Кај мене во редакцијата на СТАРТ многу често доаѓале и господинот Потер, прв Секретар на Англиската амбасадa, потоа младиот Чарли и слични дипломати, нормално СТАРТ беше нај релевантниот медиум во тоа време на оваа територија.

Денес некои глупаци и нерелевантни будали, заради Македонскиот национализам кој го подржувам ме прават РУС и така, не информирани глупави луѓе кога немаат логично објаснување, заради незнаење или неинформираност, за да си олеснат и полесно заспијат, лепат етикета, за овие или оние, работиш. Тоа е каратеристично, за такозвана елита во мала паланка. Време е Македонија да порасне во силна и безбедна држава, а за тоа е прво потребно знаење, не лаење.

Точно е дека Добри Величковски имаше доверба и неговата лична архива за атентoт на претседателот Глигоров е кај мене. Точно е дека го поседувам договорот УСА и Македонија како и кога да се формира агенција за разузнавање на Република Македонија, точно е дека имаме 18.000 трансакции на Комерцјална банка а во врска со комплетната приватизација, точно е дека ги поседувам документите на ЕВРОКОНТРОЛ за преку 100 авиони Антонов со по четири контејнери малборо, кои летнале од аеродром Петровец кон Подгорица за фирмите на Цане Суботиќ, БОБО Комерц, Дувлиќ ентерпрајс и слични…….

Денес се што наброив е политички КАПИТАЛ на ТРЕТАТА ПАРТИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ, аааа да, ќе заборавев, ја поседувам и комплетната документација за фалсификувана диплома на Бобо Дајнерс сопругот на Шеќеринска па дури фалс е и МАГИСТЕРСКАТА, која ја организирал Борче Давитковски.

Третата партија на Македонците, стартува со сериозна подготовка и сериозен политички капитал, тоа е причината, зошто евтини новинарчиња што појма немаат што се истрпила оваа наша Република Македонија, ме пљукаат и врескаат, за евтини хонорари, дури помали и од камењаркине на кејон покрај Вардар.

  1. Да бидеме јасни и дали има воопшто вистина во вестите под знак прашалник за нивната вистинитост дека со Методија Смиленски сте одлични пријатели?

Ахахахах, Методија Смиленски не го познавам, ниту пак сум бил во негова близина. Од побогативе Македонци лично ги познавам: Трифун Костовски, Минчо Јорданов, Страшо Милковски Гранит, Гуштеров…… да не набројувам, но Смиленски не, со него никогаш не сум се ни поздравил.

 

 

  1. Пријатели е еден убав гест но дека сте баратале со некакви документи поврзани со Жито Битола? Колку е вистина дека тие документи завршиле во рацете на Хари Костов и за што воопшто сака некој да ве обвини?

Со Жито Битола не сум имал никакви контакти, ниту документи во врска со неа. Сознанија да, што сум слушал но документација и докази не, немам.

14.Со Хари ви ја прилепуваат и аферата Тифани и тоа од прилично големи финансиски димензии за кои се тврди дека ви помогнал да ги решите кривичните пријави. Палевски кој и што сметате дека сакал некој да постигне?

На објектот Тифани Хари Костов има одобрено кредит од 35 милиони денари и за само 3-4 години наплати 131 милион денари за што имаме потпишано и протокол дека Хари Костов (Комерцијална) не побарува ни денар од Љупчо Палевски и неговите фирми.

Јас на Комерцијална банка и исплатив се до последен денар во висина од 2,5 милиони евра. Хари си потпиша изјава, лично тој. За 35, Хари наплати 150 милиони денари. Тоа не е лихва, тоа е криминал.

Инаку да Ве потсетам, ми срушија 3 објекти, од кои 2 во еден месец, комплетно демолирани, После 5 години едвам наплатив штета од државата од 1 милион евра, а судот утврди штета од 3 милиони. Штетите беа многу поголеми, но во ова општество не вреди да демантирате и губите време со разноразни труби, кои сакаат да се претставуваат за сериозни медиуми.

Сите објекти ги завршив со сопствени средства заштеди и кредити, со што мојата фирма УПА Ентерприсе беше комплетно уништена.

Инаку, не сум изградил зграда од 2000 година, полни 18 години, а замисли елитава посебно новинарската, сеуште ги вергла старите приказни. Денес после 7 години тешка работа и инвестиции поседувм 12 оригинални мои производи за греење, тоа се топловодни котли и термогени на биогориво и гас секако. Но она што ги загружува старите структури, она што ги загрижува олигарсите, СДС и ДПМНЕ е сознанието дека ниту тогаш, кога ме малтретираа, ниту денес имаат шанси за договор, имаат шанси за било какви спогодби.

После 20 години малтретирање, насобрав не само искуство, туку и знаење и аргументација, сите до последен, да бидат покажани, на НАРОДОВ, а подоцна и процесуирани, а за тоа ми е потребна политика, за тоа ми е потребна ТРЕТА.

15. Контрадикторно е да ве оценуваат дека сте еден од најбогатите бизнисмени а да ве напаѓаат дека не сте исплатиле плати на вработени во Старт но и дека од време на време тезгарите со ФБ постови за кои се шпекулира со името на Камчев дека ве финансира и се тоа со посредство на новинарката Велиновска. Зошто сте ги премолчиле овие напади и од каде и како се фирмираат истите. Целта им е да се замолчи Палевски но вие прилично реално а понекогаш и брутално само давате своја оценка и проценка каде тоа се движиме како држава со овие политики но и политиките на Груевски. Кому сметате? Како станувавте се погласен се случи и притвор на барање од СЈО.

Јас го критикував и денес го критикувам Груевски, конкретно, ама и Заеб, не затоа што брка корупција туку затоа што ја продава Македонија за што нема мандат. Јас ќе бев среќен СЈО да сработеше нешто конкретно, денес СЈО сработи, сакал да удри шамари Груевски, сакал масажер во мерцедесот, триста глупости. Каде се милијардите изнесени во странство, каде е бројчаникот на КАПИЈАТА, нормално, бројчаникот е однесен во Муртино, таму врти, на Вице Заев му врти бројчаникот не на НАРОДОТ.

Инаку ДипСтејт сака да има монопол и потполна контрола на проектов #Муртињо со кој се руши Македонија па доколку дојдат до информација дека и некој друг поседува материјали, посебно за нивни битни личности, тогаш ја добивате процедурата што јас веќе две години ја добивам секојдневно.

Имено, самата постапка беше некоректна, во смисол, на датумот на налогот за претрес, начинот и смешното понижување со задржување во полициска станица Пролече. Гледате послушници од МВР, некакви Алфи на батерии, кои не го слушале Пуки, туку Примислав, како послушно по телефон добиваат наредби што и како да прават. За чудо најкоректно однесување добив од Ленче Ристовска, која беше дежурна, обвинителот Гапе (Бејли), што неможам да кажам за Пеливанов Трајче, непоправлив гребатор и кариерист, и подмолниот Бубевски и извесен Беким или слично, кои во суштина се главните рекетари во СЈО.

СЈО во пред истрагата, посебно Пеливанов гребаторот беа невнимателни, предистрага за која неможам да давам детали затоа што и тоа ќе го злоупотребат и наместат како се до сега, набројаа работи за кои знам и сигурен сум дека треба да му бидат поставени на Вице и Зоран Заев.

Но конечно, постои записник од мојот исказ, кој се надевам дека ќе ми го достават, ќе сочекам уште малку, но и видео запис од исказот, од кој ќе се срамат многу луѓе. Затоа и денес покрај се гордо кажувам “БејлиПушиКур” мојата омилена парола и хаштаг. ДипСтејт е нарачателот затоа што нивниот дрон Заеб е паничар, голем лажго и сплеткар. Едноставно не сакаат некој друг да поседува оружје со кое би биле загрозени, а не поседувам.

  1. Точно ли е дека бевте осомничен во предистражна постапка поврзана со обравувањето на приватни телефонски разговори на јутуб каналот под псевдоним Тесла. Ако е вистина од каде во ваши раце разговори ма Ермира Мехмети, Али Ахмети, Хари Костов, Јордан Камчев, Латас, Ивона Талевска, Оливера Трајковска. Некако нема логика. Нели веќе ве обвинија квазиновинари дека сте платени од Камчев, дека Хари ве спасил од затвор? Што е вистината ако секако не е службена тајна?

Па тоа се тие небулози, кога мојот најголем душман Хари Костов, ме спасува од затвор, а незнам за кој затвор, до сега не сум бил осуден на казна затвор, а кога должиш кредит и плаќаш рата од 90.000 денари месечно, на Стопанска банка Битола, стануваш платеник, а во суштина си должник.

Живееме во простачко, малограѓанско општество, каде не е битна содржината на кажаното, туку личноста која кажува. Лепат етикети на личноста и со тоа као го релативизираат кажаното. Токму заради оваквата ниско интелектуална политика, некративни послушници на министерски места, а за новинариве и да не трошам зборови, сме стигнати до овде, еден под просечен политичар како Заеб , да може да ја уништи Република Макединија.

Вистинското прашање е зошто Мицкоски и ДПМНЕ не го критикуваат Заеб на начин како што јас го правам, зошто постојат дебатни емисии, каде аналитичарите се дерат на водителите, као опозициони изнервирани, а ниту еднаш не смеат да го спомнат името на вистинскиот виновник Заеб.

Во Република Македонија постои политички дил на СДС и ДПНЕ, во кој Заеб ќе ги заврши сите валкани работи, а после тоа ДПМНЕ ќе се врати и владее. Тоа е причината зошто и едните и другите се против мене.

17.Во 2006 година бевте посочен и како даночен затајувач. Дека преку компании каде сте сопственик или основач не сте и платиле на државата фантастични 1.700.000 евра но и дека со првиот човек на УЈП тогаш Петра Митева наместо да го решите овој проблем сте станале бизнис партнери. Има ли ова обвинение објавено и во медиумите основ или пак е реакција за 1.200.000 евра кои ги добивте на име оштета од државата која ја тужевте за нелегално уривање на вашиот објект Бастион на улица Железничка? Што е вистина а што лага и колку денес тежите финансиски?

Да беше така како што ве брифирале или некој објавил па вие сте се информирале, тогаш јас ќе бев стрпан во затвор уште веднаш, затоа што Петра Митева настрада од две причини. Првата е што ги објави 6 стана на Груевски непосредно пред изборите во 2006 година, а втората е што Орце Камчев и неговото работење, Петра Митева го нападна со решение за неплатено ДДВ од неколку милиони евра. Веднаш после изборите, кога ДПМНЕ дојде на власт, објектот беше прво двапати рушен, а дури потоа Петреа Митева ја гонеа кривично зошто купила простор во тој објект. Јас во тој предмет бев сведок не обвинет, тоа барем лесно се проверува во судски списи, но кој да провери, новинарите???, не новинарите само пишуваат што ќе им се нареди, не истражуваат.

 

 

Трет дел: Оценка и проценка

18.Македонија веќе го усвои законот за употреба за јазиците, започна големи промашени дипломатски чекори иако во 99% програмата на СДСМ беше од социјален аспект. Денес фамозниот бројчаник на МАНУ за задолжување кажува 18 евра во секунд за сметка на 15 евра во секунда во времето на режимот. Кон што се движиме Палевски? Домашната економија тоне. Го присилуваме работодавачот да зголеми плата за што тој пак крати на работно време, кредитите на Заев се реформски за сметка на режимските а реално тонеме финансиски и губиме политички на сите полиња.

Да повторам, СДС е алат на ДипСтејт, конкретно, КОРУПЦИЈАТА и сиромаштијата беа употребени како КАТАЛИЗАТОР за собирање на огромна негативна енергија , оправдано се разбира, контра тогашната власт ДПМНЕ и ДУИ. Одкако се постигна максимумот, целиот проект, процес, се претумба, во ЕТНОПОЛИТИКА, почнаа изјавите и ветувањата на Заеб во Берн, отварањето на рамковниот договор. Бомбите беа само катализатор и мобилизација за неопределените, а намерите на САД сосема други.

19.Што очекувате да се случи следно? Ќе се промени името? Ќе не примат во НАТО или големиот балон сапуница ќе пукне?

НАТО, во овие моменти кога се случува Брегзитот, каде Обединетото Кралство излага од системот ЕУ ја игра кључната улога за Атлантистите. Најголемиот дел од земјите членки на НАТО се ЕУ членки, а газдите на НАТО, САД и УК, не се ЕУ, со што, обврските кон ЕУ не постојат, а унијата и понатака е во канџите на НАТО, не е суверена, се препелка. Токму затоа Евро – атланските интеграции во Република Македонија се раздвоија, во последнава година, сега НАТО е веднаш, за вчера, а за ЕУ ќе попричекаме, до крај 2025. Тоа е последица од Брегзитот.

Ризикот од дестабилизација на територијата на РМ, нејзино преуредување, додека и се менува името а воедно во исто време и да ја киднапираш Македонија во НАТО, мора да постои голема причина.

Причината се случи на 18 Март и новата глобална позиција, но и агресивна надворешна политика која се очекува од Путин во однос на ЕУ.

Немој да се чудите ако Русија многу скоро мора да ја спасува ЕУ, од агресивните политики на Атлантистите. САД кризира на сите полиња, УК поточно финансискиот сервис на СИТИ ја нема привилгиранат позиција во ЕУ, а тоа значи агресивно однесување од Атлантистите кон ЕУ, конкретно Германија, но и големиот Финансиски сервис на Франција, ќе бидат глобално нападнати.

Паралелно, Германија и Кина имаат одлична соработка и огромен долгорочен интерес, заради кој КИНА ја купи Пиреја, во Грција, најголемата транспортна инфра структура на медитеранот, со согласност на ЕУ, не на диво, по сите протоколи и нишани.

Од 18 Јануари пак оваа 2018 година, официјално Јуанот Кинески стана резервна валута на Еврото, а тоа можете да си го проверите официјално на страната на Бундесбанк. Коридорот 10, од Пиреа, па се до Будимпешта, каде е Орбан, НАТО и Англосаксонскиот хегемон мора по секоја цена да го пресечат, дестабилизираат, во неговата функција со глупости и проблеми. Од тие причини и нивните дронови Рама, Заеб и Борисов, почнаа хаос и дестабилизирање на Македонија но во сосема обратна насока, за да се блокира коридорот 10 за кој Кинезите имаат подготвено десетици милијарди инвестиции.

Не заборавајте, големата источна врата на ЕУ е Русија, а малата е Балканот, а тој припадна на Кина, сојузникот на Русија, оснивачот на ЕВРОАЗИЈА.

НАТО интеграцијата на Македонија е кучна во спречување на продорот на Кина во Европа со сериозни капацитети, со серизни количини. САД е фрустриран од фактот што Кина веќе е економска сила број 1 во светот. Ако не денес, за две до три години сигурно, а тој процес не може да се промени, САД неповратно се движат во мултиполарен свет, дрогирани, нервозни со вриштење, но сепак одлично тоа и стои на САД, да, да САД и нејзината мајка УК.

20. Засега Заев останува верен на бесата кон албанскиот политички блок или не? Промените од ваков тип се резултат на геополитичките промени, денеска избори во Русија, очекувано Путин да добие следни 6 години, пред некој ден Меркел доби нов мандат а мандат доби и кинескиот претседател. Каде ја гледате Македонија во наредните 6 години знаејки дека Путин останува, Трамп останува, Меркел останува, кинескиот претседател останува во игра и наредните 6 години, а судбината на НАТО и Европската структура е позната само уште 3 години?

Јас и ТРЕТА, Македонија ја гледаме како мала и воено неутрална држава, со сериозни шанси да биде првата демилитаризирана држава во светот, што е реалност а не утопија, само не информирани луѓе, не ги знаат трендовите во безбедноста. Кога Турција поседува С400, а Србија С300, на Македонија не и треба војска, комарци нема да има, а не закани.

Во однос на бизнисот, Македонија и да сака, неможе да го избегне процесот на интеграции, затоа што е природен, технолошки, а не политички предодреден.

ЕвроАзија е технолошки и природно, географски ускладена и неминовна, затоа е паниката на Ангосаксонскиот хегемон, затоа Атлантистите се хистерични денес во Македонија. Македонија ќе преживее единствено во мултиполарниот свет, во секоја друга варијанта нема да постои.

Но сакам да нагласам, некои неуки, ЕвроАзијци, не треба да произведуваат антагонизми помеѓу Германија, Франција како континентални сили и економски империи и Русија и Кина на другата на источната страна. ЕУ е во стегите на НАТО и Хегемонот во распаѓање и процесот на интегрирање е многу комплексен, не е плукни залепи, не е за дневна политика, стратешки, да, најважна цел за Македонија и за светот воопшто, но треба многу внимание и знаење.

Сетете се на ДеГол и неговата географската Европа до Урал, после тоа се е појасно. Затоа ТРЕТА, има мака, затоа и објаснував се погоре, затоа што ја разбирам и ми треба ЕвроАзија.

 

Може да ве интересира

Интервју со Илија Илијовски – Еден од реформаторите на ВМРО-ДПМНЕ

Интервју со Илија Илијовски – Еден од реформаторите на ВМРО-ДПМНЕ   Актуелните состојби во “нашата држава” Република …

Translate »
error: Content is protected !!