дома / МКД / Koj e? / Миле Јанакиески, човекот кого “работата” едноставно го сака
Миле Јанакиески

Миле Јанакиески, човекот кого “работата” едноставно го сака

Кога некој странец би ја читал биографијата на Јанакиески и да не ја знае ќе ја искористи народната поговорка, “роди ме мајко за министер, па фрли ме во Солун”. Миле Јанакиески е роден на 18 септември 1978 година во Прилеп каде завршил и основно и средно образование.

Дипломирал во 2001 година и тоа менаџмент и бизнис администрација на Американскиот колеџ во Солун. Листата на професори кај кои Миле полагал денес не е можно да се види како нема електронски записи но убаво би било да се знае кој негов професор на која функција бил или е во извршната влада на Грција.

Миле Јанакиески

Партиски никогаш не бил истакнат член, дотолку повеќе спаѓа во групата “кабинетски” соработници на Никола Груевски во периодот на Владата на Љубчо Георгиевски. Впрочем сите министри и кадрови решенија на Никола во основ се негови поранешни советници или маалски пријатели.

Од 2001 до 2004 година работи во разни сектори при министерството за финансии каде претходно од ноември 2001 до ноември 2002 година бил советник па шеф на кабинетот на министерот за финансии на Македонија, Груевски. Иако малкумина се сеќаваат на Миле од тој период. Зошто СДСМ дозволи вториот човек во министерството за финансии да се задржи во работен однос уште 2 години по паѓањето на власта на ВМРО – ДПМНЕ е прашање за Црвенковки, а не за Јанакиески.

Миле Јанакиески

Но Јанакиески не бил само кабинетски шеф на Груевски. Во периодот од 2004 година октомври до 2005 година август е и шеф на кабинетот на претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Груевски т.е. претходник на Протоѓер.

Во 2005 година во август е именуван за генерален директор на Јавното претпријатие Водовод и канализација Скопје. Фукнција каде се задржува се до 28 август 2006 година кога е именуван за министер за транспорт и врски во владата на Никола Груевски каде останува се до 13 мај 2015 година или цели 9 години.

Јанакиески тогаш поднесе неотповиклива оставка иако не му беше прва. Прва беше онаа пролетта 2009 година по инцидентот со бродот Илинден во Охридското езеро која Греувски ја одби.

По остaвката 2015 година од страна на својот премиер на Јанакиески му беа како успеси препишани либерализацијата на телекомуницискиот пазар, намалување на цените на телефонијата и трансферот на податоци, започнувањето на изградба на три автопати и железничката пруга кон Бугарија.

Миле Јанакиески

Јанакиески заедно со Јанкулоска и уште неколкумина кои поднесоа оставки на функциите по скоро декадно министерување беше вработен во партиското седиште се уште на неименувано работно место и примаше плата. Јавноста никогаш не го дозна описот на работни обврски на Јанакиески.

Во нелегално стекнатите разговори кои ги објави Заев, а кои беа предмет за отворање на предистражни постапки сега активни судски процеси можевме да слушнеме како Јанакиески бил човек од лична доверба на Никола Греувски.

Така денес со својот поранешен шеф по сите основи е редовен посетител на судските рочишта за процесите во кои се смета за осомничен т.е. обвинет се додека не се докаже спротивното.

Миле Јанакиески

Според судот Јанакиески е еден од осомничените во предметите Титаник, Т.Н.Т, Топлик, Талир и Траекторија. И во скоро сите случаи Јанакиески се појавува како осомничен за реализирање на активности кои биле сугерирани од неговиот тогашен шеф.

На последното рочиште за случајот Т.Н.Т адвокатите на Јанакиески го информираа судот дека нивната странка го прекинала работниот однос остварен во ВМРО – ДПМНЕ и започнала нов во АД Пелистерка. Секако прекинот на работниот однос со ВМРО – ДПМННЕ е манифестиран со отказ на сопствено барање, а во АД Пелистерка Јанакиески не оди на непознат терен како компанијата е во сопственост на Дејан Панделески инаку кумашин на Миле.

Панделески не исто така непознат за јавноста. Тој е истиот човек кој во аудио записите слушаме како во 17-тата “бомба” му наредува на поранешниот градоначалник на Прилеп, Марјан Ристески да затвора кафичи кои се во сопственост на опозициската СДСМ.

Панделески според медиумите има и одлични бизнис релации со Јордан Камчев со купување – превземање компании низ Македонија но и дека е акционер во Стопанска банка АД Битола. И до некаде ова би било нормално партиско однесување ако не се знае дека Панделески беше активист на СДСМ во периодот кога младинските реформи во 90-тите ги предводеа Шекеринска Радмила и Еленоски Лазар инаку основач и прв претседател на Социјалдемократската младина на Македонија во периодот 1996 до 1999 година.

Миле Јанакиески

Тоа е истиот Еленоски кој беше именуван од стана на ВМРО – ДПМНЕ во 2012 година за амбасадор на Република Македонија во Белгија.

Можеби одтука и логиката во време на “режим” во Пелистерка да се вработат добар дел кадри на СДММ од битолско – охридскиот регион па така вработен во компанијата е и новиот координатор на советничката група на СДСМ при советот во општина Битола.

Притоа Панделески при истражување преку својот татко Цветан Панделески кој е вториот сопственик на “Искра ММ ДОО Скопје” која во документите на Централниот регистар на Република Македонија од 31 октомври 2011 година е содружник на компанијата “Белизе Лиммитед” која е сопственик на “Република”, медиум близок на ВМРО – ДПМНЕ.

Така се поставува отворено прашањето кој со кого и каде. Зошто е јасно. Во суштина мајката не ги фрлила децата на буниште туку ги згрижила стратешки така добро позиционирани да народот мисли дека ние имаме голема политичка подвоеност по основ на партиската припадност. Но тоа е за општа употреба за забава на широките народни маси. Кога се работи за профит, очигледно политичката дотолку повеќе партиската припадност никогаш не е проблем.

Миле Јанакиески

Иако Јанакиески тврдеше дека секогаш работел скромно, сепак во септември 2017 година СВР Прилеп поднесе кривична пријава против него и три лица за злоупотреба на службената положба.

Според пријавата поднесена до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во Скопје, Јанакиески во периодот од 2007 до  2010 година без одлука на Владата која била сопственик на станови во т.н. пензионерска зграда во Прилеп, склучил договор за купопродажба на два стана со лицата кои биле корисници на становите.

Според извори од истрагата, второпријавениот бил нотар, третиот осомничен поранешен државен правобранител, Стеван Трајкоски, а четврта е актуелната државна правобранителка, Валентина Јорданоска, кои имале задача да ја испитаат законитоста за склучување на договорите, но не преземале мерки за заштита на државниот имот. На тој начин овозможиле да бидат откупени становите по повластени цени и го оштетиле државниот буџет за 42.000 евра.

Процесот е во тек. Она што остаува енигма е на кое работно место е распределен Јанакиески во АД Пелистерка? Каде бил огласот за вработување и кој биле условите? Пример 10 години работен стаж како министер? И она што е најбитно. Дали Миле во својот нов кабинет ќе ги стави лопатите кои ги зеде од стариот?

Може да ве интересира

Кој е Срѓан Керим или човекот “медал”?

Срѓан Керим или човекот “медал”   Срѓан Керим или човекот за сите власти и општествени …

Translate »
error: Content is protected !!