дома / Нато / Москва: Авион на НАТО следеше руски авиони
нато

Москва: Авион на НАТО следеше руски авиони

Три руски воени авиони, два ловци МиГ-31 и еден Ан-26 беа следени од НАТО авион ловец Ф-18, додека летале над меѓународните територијални води над Балтичко Море, соопшти руското Министерство за одбрана.

– Додека руските авиони летаа над неутрални територијални води над Балтичко Море, ловец на НАТО Ф-18 им се приближи на руските авиони и ги следеше на безбедна дистанца околу една минута. Подоцна го смени курсот и одлета во правец на воздушниот простор на една балтичка држава, соопшти руското Министерство за одбрана.

Додека НАТО соопшти дека шпански авиони и фински воени авиони пресретнале три руски авиони кои летале во близина на воздушниот простор над Естонија.

– Руските летала се идентификувани како два авиони МиГ-31 и еден транспортен авион Ан-26, се посочува во соопштението на Северноатлантската алијанса.

Може да ве интересира

Кој е Столтенберг? ..контактите со КГБ и амбасадорско дете во Белград?

Но кој е Столтенберг на кој Македонската власт ќе му соопшти дека ние за НАТО …

Translate »
error: Content is protected !!