дома / Свет / На новиот вид хартија може да се печати и до 40 пати
хаартија

На новиот вид хартија може да се печати и до 40 пати

Дури и во денешното дигитално време, светот се уште зависи од хартијата, од која повеќе завршува на отпад или во центрите за рециклирање.

Со цел да се намали количината на таквиот отпад, научниците развиле евтин, еколошки начин на изработка на печатените материјали на хартија на која може да се почати повеќе пати.

“Science Daily” пишува дека истражувачите од Универзитетот Шандонг во Кина во комбинација со ниско токсичен волфрам оксид и поливинил пиролидон создале тенок филм. Материјалот може да се отпечати на овие листови преку излагање на ултравиолетова светлина во траење од најмалку 30 секунди, претворајќи го изложениот материјал во интересна нијанса на сина.

хартија

За „бришење“ на отпечатеното, материјалот едноставно треба да се изложи на озон или кислород во воздухот. Ако се бара печатење за време на подолг временски период, на смесата едноставно и се додава капка поликрилонитрил, што го продолжува траењето на печатењето за уште најмалку 10 дена. Тоа што овој материјал го прави погоден за повеќекратна употреба е процената на научниците дека може да се користи најмалку 40 пати пред квалитетот на материјалот значително да се намали.

Може да ве интересира

Заев (и неговите економски леви и десни раце) треба да појасни на младите во Македонија што се случи?

Стратешка Германска инвестиција ја одмина Македонија, ама се вдоми во Србија! Автомобилската индустрија и новите …

Translate »
error: Content is protected !!