дома / МКД / На Владата веќе не и треба УБК, самата “независно” ќе си прислушкува
ARCHIV - Ein Mann hält ein Richtmikrofon an ein Fenster (Archivfoto vom 09.02.1998, Illustration zum Thema BND-Affäre um die Ausforschung von Journalisten). Die Journalistenorganisation Reporter ohne Grenzen (ROG) sieht eine alarmierende «Aushöhlung der Pressefreiheit» in den USA, Frankreich und Japan. Deutschland fiel nach der «Cicero»- und der BND-Affäre in der weltweiten Rangliste zur Pressefreiheit vom 18. auf den 23. Platz zurück. Foto: Hubert Link (zu dpa 0246 vom 23.10.2006) ACHTUNG SPERRFRIST: 24. Oktober, 00:01 Uhr +++(c) dpa - Bildfunk+++

На Владата веќе не и треба УБК, самата “независно” ќе си прислушкува

На Владата веќе не и треба УБК, самата “независно” ќе си прислушкува.

 

Владата на Република Македонија донесе чудна одлука, и тaa е објавенa на Денот на државноста, кога нели “Македонија слободна, слободно живее.” Имено идејата за реформи во Управата за безбедност и контраразузнавање, предвидуваат Владата на Република Македонија, да има можност и право, да формира посебен оперативно технички центар, кој во иднина ќе го врши прислушкувањето.

Сосема е нелогично по сите законски норми за безбедносни агенции, органот кој е надлежен за тоа, да биде исклучен од примарната работа за која е создаден, со што отворено се поставува прашањето зошто УБК 2.

Според владата, ова би било позитивен пример кој ќе ја исклучи Управата за безбедност и контраразузнавање од следењето на комуникациите. Како оваа одлука би била оправдана, Владата на Македонија, посочува дека како искуство за овој чин го користи работењето на хрватската тајна служба.

Новиот владин орган, ќе биде единствениот кој ќе биде овластен да прислушкува. Иако тоа е надополнето со фрази, како таа дека комуникациите ќе се следат само во интерес на кривични истраги или за потребите на државната безбедност, што е конрадикторно самото по себе, затоа што тие ингеренции, токму му се укинуваат на државната безбедност.

Оперативно техничкиот центар, би бил целосно независен од другите надлежни органи, а неговите вработени само ќе ги следат телекомуникациите, но нема и да ги слушаат разговорите, со што отворено се поставува прашањето, како ќе знааш што следат, и како ќе знаат што проследиле или пропуштиле, и кој тоа ќе врши контрола врз ветеното, како знаеме дека таквите безбедносни тела во 26 години суверена Македонија секогаш вршеле “дополнителен” ангажман.

Според Владата, дозвола за прислушкување овој нов огран ќе може да добие само од судија на Врховниот суд, што е законски неиздржано, затоа што се редуцира работата, па судија од Врховен ќе може да даде дозвола за прислушкување само во случај на закана од нарушување на националната безбедност и теторизам.

Се отвора и прашањето што со другите кривични дела? Трговија со нелегални супстанци, луѓе, шверц, перење пари итн. Но, според Владата очигледно тоа не е битно, битно е дека директорот на оперативниот технички центар, ќе го именува и разрешува таа. Значи евентуалните криминали на владата, технички нема да можат да бидат следени затоа што никој не сака политичко самоубиство, но и нема да има можности вработени во оперативно техничкиот центар да знаат кој кога и зошто е прислушкуван уште помалку дали тоа е или не со судска одлука.

Мандатот на директорот ќе трае пет години, со право на реизбор, а набљудувачи, освен Владата на Република Македонија и надлежните собраниски комисии, би биле како е посочено, и независни експерти.

На оваа “реформа”, да биде во стилот на новата Влада, и недостига уште предлогот за прв директор на овој орган, да го именува Зоран Верушевски. Што би било и логичен избор. Доста е веќе Зоран 20 и нешто години само да изнесува УБК. Вака конечно ќе е “свој на свое”, “независно”.

Може да ве интересира

Зоран Заев

Дали Заев и подготвува на Република Македонија “Букурешки договор III дел?!”

Македонската надворешна политика, во однос на Република Грција како наш јужен сосед, кој не ни …

Translate »
error: Content is protected !!