дома / Забава / Научниците потврдија: Судбината ни е одредена уште пред 13 милениуми (видео)
наука

Научниците потврдија: Судбината ни е одредена уште пред 13 милениуми (видео)

Научниците од Универзитетот во Единбург помеѓу древни рељефи од камен пронашле потврдата на теоријата за падот на комета на Земјата пред околу 13 илјади години.

Истражувачите анализирале симболи на столбовите на стариот храм Гобекли Тепе на југот на Турција, за кој се проценува дека е изградена најрано во 9 милениум п.н.е.

Претпоставувајќи дека цртежите претставуваат положба на небески тела, научниците ги споредиле со мапите на соѕвездието од тоа време и дошле до заклучок дека околу 10950 п.н.е. на Земјата можело да падне комета. На бројните жртви од оваа катастрофа, според нивното мислење, укажува сликата на човек без глава.

-Гоблеки Тепе бил, како се претпоставува, помеѓу другото, опсерваториј за следење на ноќно небо. Еден од столбовите очигледно служел како споменик на овој деструктивен настан“, објаснил раководителот на истражувањето Мартин Свитман.

Период кој настапува потоа, од крајот на 11 до крајот на 10 милениум пред Новата ера, таканаречен млад дријас, обележан е со остро заладување. Се смета дека ова доба одиграло клучна улога во развојот на човештвото кога дошло до појава на земјоделство и формирање на првите цивилизации.

Може да ве интересира

долар

Зошто на банкнотите од еден долар се наоѓа масонската приамида?

На банкнотата од еден долар се наоѓа пирамида. За неа постојат различни теории, а некои …

Translate »
error: Content is protected !!