дома / МКД / Не сте јасни,се прислушкуваше за 27-ми април или 15-ти октомври?
прислушкување

Не сте јасни,се прислушкуваше за 27-ми април или 15-ти октомври?

Сосема конфузна ќе беше изјавата на Никола Груевски искажана во неговото гостување на Алфа ТВ дека тој и раководството на ВМРО – ДПМНЕ биле цел на прислушкување т.е. следење на комуникациите на над 100 мобилни телефони за време на изборниот и предизборниот процес ако истата не се надградеше со информацијата која ја искажаа органите за безбедност и судските истанци дека за 27-ми април тековно се води и вкрстено следење на над 140 мобилни телефони за лоцирање на организаторите на настаните.

Имено на 25 септември директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање Горан Николовски во интервју за друг национален медиум изјави дека прислушкувањето во Македонија веќе е минато и го нема. Иако на новинарско прашање од кога, немаше одговор. Само се надополни или доискажа дека се што се прислушкува во моментот е врз основ на наредба од надлежен суд или обвинителство.

Она што ваквите дијаметрално спротивни изјави на директорот на УБК и претседателот на ВМРО – ДПМНЕ го отвораат како прашање е кои 140 мобилни телефони се предмет на вкрстена проверка во комуникациите и што со тоа. Правно суд или обвинителство дава налог за следење на комуникации но ако некој претходно не побарал таква безбедносна мерка тогаш се што можат службите е да извадат детална листа на повици кои биле извршени или пристигнале на одреден мобилен број но не и нивната содржина што самото по себе значи дека акцијата ако е реализирана по 27-ми април е целосно непотребна освен ако не се побарани ПИМ мерки кои согласно законот за кривична постапка може да се вршат за времетраење од 4 месеци плус дополнителни максимални 4 месеци.

прислушкување
И ПИМ мерки според она досие кое го цитираше Никола Груевски наводно именувано како “Македонски екстремизам и тероризам” и тоа како се основ но некој работниот наслов треба да го поистовети со реалноста и да го појасни македонскиот екстремизам и терориза што самото по себе најавува дека прислушкувањето е извршено пред 27-ми април иако и за тоа судот и надлежното обвинителство ќе мора да се произнесат врз основ на кој сомнеж е истото направено.

Целата акција на МВР и УБК е дотолку чудна што на 27-ми април со министерството за внатрешни работи раководи кадар на ДУИ кој како и за ВМРО – ДПМНЕ така и за СДСМ е одличен извор за заменик министер но службите како УБК и БЈБ работеа со кадри на ВМРО – ДПМНЕ што самото по себе носи до заклучок дека Никола основот иако новата власт сака така да го прикаже всушност е последица а не причина за следењето на комуникациите и тоа е започнат процес од средината на јуни месец.

Премногу аматерски е да се компарираат телефонски разговори особено тоа да се врши преку системот за следење на комуникациите на УБК ако тоа се обични листи на броеви со кои се вршеле разговори. Тоа можеле служебно да го добијат од овластените мобилни оператори и оператори со фиксната телефонија.

И што со тоа? Ќе се докаже на 27-ми април нема кој со кого не се слушнал, можеби некој функционер на ВМРО – ДПМНЕ со дел од обвинетите насилници но за да биде целото се треба да се провери и дали Ахмети се слушнал со својот тогаш вршител на должноста министер за внатрешни работи што ќе отвори дополнителни постапки дали истиот бил запознаен за ризичноста на операцијата и зошто сеуште се правда со отсуството на Митко Чавков како директор на Бирото за јавна безбедност.

прислушкување

Всушност и самото министерство се произнесе со конфузно соопштение:

“Тоа што го прави МВР е легално и со наредба од суд преку Јавното обвинителство, а токму обвинителството е тоа што ги води истрагите. Нелегалното масовно прислушување, главната одлика на владеењето на Никола Груевски е предмет на истрага на СЈО. УБК и БЈБ постапуваат согласно своите надлежности и нивните активности во форма на оперативни акции и обработки во борбата против организираниот криминал, тероризмот, насилниот екстремизам и другите облици на противзаконско однесување се од доверлива природа и не се коментираат јавно. Работата на овие служби е насочена кон штитење на интересите и безбедноста на граѓаните и не се под контрола на ниту една политичка партија”.

Не може да се “продава” професионализам а да се користи партискиот речник на СДСМ. Воедно јавното обелоденување на постапката на прислушкување од страна на Никола Груевски не може да е само изјава на претседател на партија за предмет кој постои и за кој тој знае или дознал. Очигледно системот на протокол ОЈО – УБК и БЈБ е пробиен. Намерно или не е исто така предмет од понатамошната истрага.

Она што од изјавата на министерството за внатрешни работи не е јасно е дали постапката трае или траела и за време на предизборната кампања но и месец дена пред почетокот на истата кога се бирале предлог кандидатите за идни градоначалнци но и предлог кандидатите за советници.

27-ми април започна да се решава суптилно во екот на изборната кампања, кога и сите судови ги отворија сите судски процеси против функционери на ВМРО – ДПМНЕ. Што повеќе наликуваше на ефтина партиска пропаганда отколку на сериозна потреба судскиот процес да започне еден или три дена пред денот на избори.

Но тоа со закон не е уредено и отвара можност како веќе 26 години ни е навика властите системот за следење на комуникациите да си го користи за домашна употреба судските постапки од политички карактер да не смее да се одржуваат за време на избори. Иако тоа е нешто што треба да го регулира законодавниот дом.

Прашањето кое го отвори Груевски а МВР и УБК го потврдија е кој и зошто е следен. Прилично креативен е насловот на работното досие но 100 функционери на ВМРО – ДПМНЕ нема во судските процеси од т.н. “бомби” а и ако ги има тогаш во нив се вклучени и претставници на коалиционата ДУИ но и Беса и Алијансата на Албанците како пред и за време на предизборите секоја политичка партија комуницирала со другата.

прислушкување

Несериозена е поканата од страна на МВР по основ на надлежните комисии од законодавниот дом кој треба да го следат овој процес при што е соопштено: “Тие комисии се добредојдени во секој момент да извршат надзор и контрола над примената на овие мерки”.

Владата на Република Македонија и официјално го започна процесот за формирање на засебна агенција во склоп на самата извршна власт која ќе ги следи комуникациите со што овие ингеренции целосно ќе бидат одземени од примарното работење на УБК која во основа работи токму по сознанија од кои произлегуваат или се реализираат ваквиот вид постапки.

Според одредени политички информации ова не е ништо повеќе од обичен реваншизам од страна на раководството на МВР за постапката на ОЈО со која високи функционери на СДСМ меѓу кои и тогашниот генерален секретар сегашен министер за внатрешни работи беше обвинет за поткуп во најмалку два изборни процеси. Постапката застана со разрешувањето на јавниот обвинител Марко Зврлевски.

Иако владата користи многу дипломатски речник во институциите на системот раководат политички фигури. Вистинското прашање е за кој период е користена мерката следење на комуникациите на што 100 што 140 високи функционери на ВМРО – ДПМНЕ и дали тој период го опфаќа периодот пред и за локалните избори 2017 година.

Тоа би дало сосема нов агол на перцепција што се случи на 15 октомври затоа што една политичка опција знаела кои ќе се предлог кандидати за градоначалници и советници од друга политичка опција. Но тоа не е тајна на органите на прогонот и безбедноста. Датумот ќе го види денот со покренувањето на првата истражна постапка од ОЈО.

Може да ве интересира

Зоран Заев

Дали Заев и подготвува на Република Македонија “Букурешки договор III дел?!”

Македонската надворешна политика, во однос на Република Грција како наш јужен сосед, кој не ни …

Translate »
error: Content is protected !!