дома / МКД / Нели “бројачот” на јавен долг ќе одбројуваше?!
бројач

Нели “бројачот” на јавен долг ќе одбројуваше?!

Прво, за да бидат нештата јасни, треба да се констатира, дека бројачот на јавниот долг на Република Македонија, кој “работеше” по неколку параметри, беше објавен во март, а не април 2016 година, и тоа од Истражувачкиот центар за компјутерски науки при Македонската академија на науките и уметностите.

бројач

По мало негодување, од страна на македонската влада, која никогаш не ги оспори фактите, но потенцираше дека МАНУ, можела ако веќе ваквиот чин го цени за стручен труд, да изработела и компаративен “бројач”, каде парите се вложени, колку нови објекти се изградени, колку инфраструктурни решенија, болници, колку нови работни места се отворени.

По овие реакции, МАНУ за еден месец го исклучи интернет сајтот, за на 20 април, повторно го активира, без притоа да се изјасни, која е неговата намена, дотолку повеќе, што пренесува сирови информации, а 2016 година, беше и изборна година.

бројач

На бројачот во јануари 2017 година, беа следните цифри. 4.365.727.850 евра јавен долг, 2.158 евра јавен долг по жител, 138.527.850 евра раст на долгот за 2016 година и 103.467.750 евра камата на долг за 2016 година. И тоа, горе долу, беа реалните вредности, како се користеа базите на податоци на министерството за финансии и државниот завод за статистика.

Во предизборниот процес, СДСМ и Заев, неколку пати ја повторија реченицата, дека кога ќе дојде живот во Македонија, на Порта Македонија, ќе постават видео бим со проекција од бројачот, на кој граѓаните ќе може да следат, како новата реформска влада, го намалува јавниот долг, секојдневно.

бројач

И нормано излажа.

Мерачот на јавен долг сеуште функционира. Сајтот www.javendolg.mk е и активен, и редовно апдејтиран. Само не е експониран, и има причина зошто. Имено од сите параметри, кои се сирови информации, без она што со тие пари е сработено, или пак не се оформи еден став. Македонската Влада на “режимските” ВМРО – ДПМНЕ и ДУИ, ве задолжува по 15 евра за секоја одмината секунда, и таа “констатација” имаше влијание кај народот, затоа што сите помислија, дека лично должат по 2.158 евра некому.

бројач

Она што е вистина, е дека и во предизборниот процес, и по него, а и денес, овој бројач не застана да набројува, но никако да одбројува. Сега [август – септември 2017 година] оваа Влада задолжува 17 евра на секоја одмината секунда. Сега вкупниот јавен долг е 5.201.933.000 или за 836.205.150 евра повеќе. Сега секој граѓанин веќе не должи на име јавен долг 2.158 евра туку 2.571 евро или 413 евра повеќе. Растот на долгот е зголемен на 974.734.700 од почеток на 2016 година, иако веќе влегуваме во 9-тиот месец од 2017 година, а каматата на долгот достигна 123.287.000 евра или 19.819.250 евра разлика.

бројач

И никаде нема објава дека “Оваа Влада ве задолжува 17 евра во секунда!”. Одамна ни е јасно, дека земја во развој како нашата, едноставно не може без задолжување. Суштината е, што правиш со кредитите кои ги земаш од домашниот Буџет, или странските финансиски институции. Минатата влада, никогаш не тврдеше дека сме на позитивна нула, но нереално и политичко некоректно беше да се компарираат “режимски” кредит, кога денес СДСМ ги зема истите кредити, и го прави истото задолжување, само што го именува како “реформско”. Кредитот е кредит, а каматната стапка е каматна стапка, и во светот на финансии, каде имаме министер кој на влегување во ресорното министерство, портирот му објаснил што е бруто, а што нето, не стои “режиски” или “реформско” задолжување. Долг е долг и секој треба дебело образложение, зошто е подигнат во форма на кредит, и каде е потрошен до цент.

Можеби би било коректно, Заев навистина да си го одржи зборот, и на видно место, на плоштад Македонија, да го постави бројчаникот. Можеби министерот за финансии, и ќе ја запримети разликата, дека истиот сеуште набројува, но не одбројува.

Може да ве интересира

иредентизам

Иредентизам кај Македонија и Грција – поим за плашење народ од соседите

Деновиве на балканот, осовено кај нашиот јужен сосед на голема врата се користи поимот иредентизам …

Translate »
error: Content is protected !!