дома / ЕУ / Никола Димитров мисли дека Македонија е домат а ЕУ зелено пазарче

Никола Димитров мисли дека Македонија е домат а ЕУ зелено пазарче

Никола Димитров мисли дека Македонија е домат а ЕУ зелено пазарче.

 

Последната изјава на Димитров, пред неформалната средба на министрите за надворешни работи, на земјите членки на Европската унија, кој се одржува во Талин, Естонија, сосема јасно го затвори кругот, како македонската дипломатија ја гледа Република Македонија, во однос ЕУ интеграциите.

Кога Димитров “јуниор” би бил земјоделец или воспитач во градинка, ваквиот вид изјави би биле сосема разбирливи: “Имам голема приказна да им раскажам на министрите од Европската унија во овој надежен момент за Македонија. Тука сум да ги убедам дека тоа исто така е од интерес за Европа.”

Никола Димитров сериозно мисли дека Република Македонија, како држава, е објект а не субјект, за кој може да се пазари и тоа го прави без воопшто да внимава на дипломатскиот речник, иако по приложената биографија би требало да знае што зборува.

Во преговорите со грчкиот колега Коѕијас, по 22 години спор околу личниот проблем на Република Грција со уставното име на Република Македонија, Димитров изјави дека во духот на добрососедските односи, време е да го затвориме отвореното прашање со официјална Атина, и дека привремената референца против која “гинеше”, сега е сосема адекватно прифатливо решение како име за прием во НАТО.

Тоа е нели истиот Димитров, кој беше дел од македонскиот тим кој ја тужеше Грција за прекршување на времената спогодба, кога поради непризнавање на уставното име ни стави вето за прием во НАТО на самиотот во Букурешт.

Димитров со колешката од Бугарија, Захариева, воодушевено но на задоволство на Бугарија а најмалку на Република Македонија, го промовираа па потпишаа Договорот за добрососедство и соработка, со кој ние јасно потврдивме дека во Бугарија нема македонско етничко малцинство за сметка на бугарското во Македонија, но и потпишавме дека се што до сега било македонска историја, ќе оди на генерална ревизија, па како во селско меанче, ќе се дели што е Бугарско а што Македонско.

Никола фасцинираше и со изјавата, дека ни српскиот премиер Брнабиќ, ни нејзиниот колега Дачиќ а и српскиот претседател Вучиќ, всушност не го зборуваат тоа што го изјавуваат. Па додека официјален Белград јасно стави до знаење дека Македонија им ја шпионира амбасадата во Скопје, и тоа со јасна поддршка од странска земја, и дека тоа ќе се надмине со посебен протокол за работа во такви услови, Димитров по медиумите објаснуваше дека Србија всушност е нервозна затоа што во регионот се очекува Македонија, ако не е Албанија, да го поднесе предлогот за прием во УНЕСКО на Косово како независна држава.

Димитров не беше информиран дека ние скоро секаде се изјаснуваме како држава “воздржано”, и така беше и пет дена пред аферата со Србија кога бевме “воздржани” за приемот на Косово во Меѓународната универзитетска спортска федерација, а каде “за” гласаа и Кина и Русија. И можеби не ја слушнал ни изјавата на неговиот премиер Заев, по средбата со премиерката Брнабиќ, дека Македонија ќе гласа “воздржано” и кога ќе се дискутира за приемот на Косово во УНЕСКО што е симптоматично, затоа што на таа изјава немаше реакции, ни од официјална Приштина, дотолку повеќе од официјална Тирана, која по оваа изјава остана единствена земја можен предлагач за Косово да е полноправна членка на УНЕСКО.

Она што е парадокласно, е што Владата на Македонија одржа седница на која се консултираше и дебатираше каков ќе е нејзиниот став по однос на приемот на Косово за полноправна членка во Интерпол. Нели им ветивме на Србија дека нема да поддржиме прием на Косово во меѓународни огранизации?

Димитров со последната изјава покажа дипломатски аматеризам. Ние нема што да и објаснување и докажуваме дали приемот на Македонија во ЕУ и НАТО е или не од нивна корист. Македонија не е домат, а Димитров не се наоѓа на зелено пазарче. Сосема би било неадекватно да си го “продадеме” уставното име за прием во НАТО, што е воен сојуз каде ние преку програмата “Партнерство за мир”, го користиме за гурбет т.е. печалба па цел кумановски регион, кои заработуваат од мисиите каде партиципираме како Република Македонија.

Европската унија е приказна за себе. Димитров треба да знае, иако можеби во Холандија не следел политика за Балканот, дека, и Словенија, и Хрватска но и Бугарија се соочуваат со огромни финансиски проблеми по приемот во ЕУ. Ние едноставно немаме стандард да бидеме членки на ЕУ, ни за година, ни за година и пол како што Димитров сонува.

И колку е ЕУ на дното на финансиската криза да се распадне самата до себе, говори токму нашиот јужен сосед. Килограм грчки портокали и киви, Коѕијас во Атина ги купува за 2 евра т.е. 3.5 евра. Во “пиљара” или на зелено пазарче. Тоа би било единечна цена до 70 до 120 денари по килограм портокали и 200 до 250 денари единечна цена за килограм киви. Ние и двата вида овошје ги купуваме од Солунското пристаниште како грчки производ. Значи плаќаме цена за големопродажба, а врз таа цена потоа плаќаме и царина за увоз во државата. Секако бизнисмените сакаат да остварат профит, па врз цената во која е впишана цената од големопродажбата, царината, транспортот и дистрибуцијата, ставаат и солиден процент заработувачка.

Прашање за еден портокал за Димитров.

Како тоа грчките портокали во Македонија се 40 денари, а кивито 50 денари единечни цени по килограм? Грците по македонските пазари во Битола, Прилеп, Гевгелија  купуваат свое овошје за 25% до 75% поевтнини цени од домашните. Компаративно во Франција која е во “заедницата” со Грција исто така можете да најдете грчки киви. По единечна цена од 45 евра по килограм.  И ние таа Европска унија ја молиме за прием? Со 12.000 денари плата по Заев? Па со 12.000 денари ќе имаме само за 4.5 килограми киви.

Можеби е време македонскиот министер за надворешни работи да го позајми портирот од колегата од министерството за финансии. Од секого се учи по нешто. И за кивито и за портокалите.

0

User Rating: 4.33 ( 3 votes)

Може да ве интересира

иредентизам

Иредентизам кај Македонија и Грција – поим за плашење народ од соседите

Деновиве на балканот, осовено кај нашиот јужен сосед на голема врата се користи поимот иредентизам …

Translate »
error: Content is protected !!