дома / Избори / Никола Тодоров “несудениот” наследник на Груевски

Никола Тодоров “несудениот” наследник на Груевски

Никола Тодоров, несудениот наследник на Груевски

 

Никола Тодоров и според оние првични анализи и информации од теренот две недели пред конгресот на кој ВМРО – ДПМНЕ ќе избира и нов претседател, нема да биде она што Груевски што потајно што јавно можеби посакуваше, негов наследник.

Очигледно е дека членството нема амнезија кога станува збор за главниот преговарач за фамозниот Пржински договор со што и беше удрен првиот нож во грб на Македонија, а и на ВМРО-ДПМНЕ.

Патем, ВМРО – ДПМНЕ ги ценат како комунистички принципи на работа на режим од тој систем сите судски постапки покренати од СЈО. Очигледно тоа не е истото ВМРО – ДПМНЕ кое во огромно мнозинство го поддржа формирањето на СЈО (со 111 пратенички гласови во поддршка) и именувањето на Јанева за обвинител ( 107 пратенички гласови во подршка ). Со што беше удрен вториот нож во грб на Македонија, а и на ВМРО-ДПМНЕ и тоа не по однос на целите на СЈО што треба да прави, туку на вон уставен и нелегитимен нов правен субјект наспроти постоечкиот судски систем и институции. Од тука почнаа сите искривувања и прекршувања на правниот поредок на македонија.

Никола Тодоров е роден на 7 јануари 1979 година. Скоро целото свое образование го темели на правото, па така прво завршува економско правно училиште при “Васил Антевски Дрен” – правен смер за да во 2002 година стане Дипломиран правник со положен праосуден испит.

 

Но, Тодоров адвокатска канцеларија отвори во 2017 година откако го врати пратеничкиот мандат. Зошто?

 

Својата кариера по дипломирањето за започнува во септември истата 2002 година како приправник на истражен судија при Основен суд Скопје 1 Скопје. Од април 2005 година е административен и технички референт при проектот за градење на координиран одговор за борба против ХИВ / СИДА поддржан со грант од глобалниот фонд за борба против ХИВ / СИДА, туберкулоза и маларија.

Од октомври 2006 до октомври 2007 година започнува неговата функционерска активност по победата на ВМРО – ДПМНЕ на изборите за пратеници во 2006 година. Тодоров таа година е именуван за заменик директор на јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија.

Паралелно со оваа функција од декември 2006 до јули 2009 година е и неизвршен директор на  АД ГТЦ – Скопје. Од октомври 2007 година е Раководител на Центар за катастар на недвижности – Скопје. Последниот ангажман пред да стане министер бил во периодот од септември 2008 година до јули 2009 година кога е член на Надзорен одбор за контрола на материјално финансиското работење на јавното претпријатие водовод и канализација – Скопје.

Проблем со ангажманите од 2006 до 2009 година е фактот што неговиот татко Стојан Тодоров е генерален секретар на Владата на Република Македонија, кој по функција раководи со Генералниот секретаријат како стручна служба на Владата.

Го именува и разрешува Владата, а неговата основна функција е да обезбеди законита и ефикасна работа на Секретаријатот и да донесува стручни упатства и акти со кои ја уредува организацијата и начинот на работа и во согласност со закон одлучува за правата, должностите и одговорностите на вработените во Генералниот секретаријат.

Во рамки на своите надлежности тој, меѓу другото, остварува соработка со Канцеларијата на Претседателот на Владата, со министерствата и со другите органи на државната управа, ги врши работите во врска со подготвувањето и организирањето на седниците на Владата, а се грижи за извршување на обврските на Владата кон Собранието на Република Македонија.

Тодоров по овој основ имал конфликт на интереси.

Прво како заменик директор на јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија, потоа и ГТЦ и Катастар, но и Водовод и канализација се компании во државна сопственост. Сето ова се случувало ттри години по ред без никој да реагира, што како заклучок доведува дека било со амин од високи кругови.

Но, веројатно со најавите за негово именување за министер, Стојан морал да се помири со оставка за која никогаш не навел образложение.

Тодоров е именуван за министер за образование и наука во Владата на Никола Груевски во јули 2009 година и на таа функција се задржува се до јули 2011 година. На предвремените избори за пратеници 2011 година станува пратеник за веднаш потоа од 28 јули да биде именуван за министер за здравство на Република Македонија се до 1 јуни 2017 година.

Симптоматично е што во јуни 2016 година заедно со министерот за надворешни работи Никола Попоски се именувани и за заменици на претседателот на Владата на Република Македонија. И ова не е прв пат Попоски да го следи во чекот политичкиот прогрес на Тодоров.

Тоа се случило и по заминување на Тодоров од претседателското место на Комисијата за кадрови прашања на ВМРО – ДПМНЕ на чие место во 2014 година е назначен Попоски. Исто така две од претходните работни места на Тодоров се расадникот или отскочната даска за министерски фотељи. Миле Јанакиески за вечен министер за транспорт и врски е именуван од првото работно место по дипломирањето во Солун во водовод и канализација на град Скопје, а Диме Спасов од местото директор на катастар Скопје.

Тодоров како министер за образование и наука и не се пронаоѓа многу во професијата но затоа остава траен негативен белег како министер за здравство. Особено по 2014 година кога здравствениот систем во државата полека почнува да колабира. Се увезуваат лекови со сомнително потекло и состав, колабира здравствениот фонд, агенцијата за лекови. На секој втор ден излегуваат афери на пациенти кои умираат поради негрижата за здравството но остануваат и нејаснотиите околу активностите во здравствениот систем на име негова рехабилитација и распределбите на донациите во апарати.

Иако таквите афери беа поднадувани од шарената револуција, сепак имало и реални основи за поголем дел од нив, односно им се даваше материјал за работа на шарените, а се гледа и состојбата во здравството во цела 2017 година која не може да се смени преку ноќ од еден на друг министер. Работата на било кој предходен министер се гледа во цела прва година на новиот министер, во било кое министерство, дотолку повеќе што тие се троми организациони структури како и самата администрација за да се видат ефектите од нечие работење.

Најчесто, променетите фасади на клиничките центри беа нарекувани темелни реконструкции т.е. активности од капитален интерес.

Тодоров за случајот со смртта на малата Тамара од јавноста го заработи и епитетот министер за смрт. Јавноста го осуди овој чин додека судот остана и нем и глув. Обвинителството отвори истрага за неговите соработници но не и за него лично иако по хиерархија министерот е одговорен за својот ресор. Меѓу повиканите на одговорност беше и мајката на министерот Попоски.

Како зенит во неговата лакрдија останува јавниот оглас за барање советниви кои имаат коефициент на интелигенција ака IQ поголем од 140 но никогаш како јавност не бевме запознаени дали ги пронајде своите генијалци. Мој термин е проект со кој Тодоров најмногу се гордееше и до последен момент го бранеше како идеален иако истиот не наиде на позитивни реакции кај фелата но и пациентите. Колку чинел ќе треба да одговори Тодоров?

Она што неможеше да го оправда пред лекарите беше одлуката за надомест по учинок. Во министерувањето на Тодоров за прв пат се случи штрајк на белите мантили кој заврши неславно со апсење на водачот на протестите.

Електронската здравствена картичка е еден од сегментите на проекти кои не ги осмислил како што требаат. Па така од електронска картичка во која секој пациент ќе ја има својата историја на болести и здравствена состојва таа картица прво доби рок за употреба, па доби тотална некорисност по што сите се вратија на старите “сини” картони и здравствени книшки формат А5. Промашен проект, а колку чинел ќе треба да одговори Тодоров?

Тодоров на лекарите им покажуваше на видео игри како се оперира, а пред заминување го потпиша договорот за изградба на клинички центар кој тежеше 72 милиони евра. Тоа во суштина беше и неговиот последен конфликт со новинарската фела која од него често добиваше цинични одговори.

Од аферите со набавки на опрема најзабележителна ќе остане онаа за набавка на рендген и дигитални апарати во вредностод 1 милион евра од компанијата Визарис МКД која медиумите ја поврзаа со Ивона Талевска, новинар. Откако опозицијата ја објави оваа афера, договорот беше раскинат, а Тодоров изјави дека постапката за набавка на опрема била законска но и малку неетичка.

Имено Тодоров беше скаран со моралната и етичката одговорност.

Тодоров во партијата највисоко достигнување го имаше како директор на кадровата комисија иако беше во неколку изборни циклуси и шеф на изборен штаб, а и член на Извршниот комитет.

По изборот за пратеник Тодоров си поднесе оставка и се повлече од партиските тела со најава дека во иднина планира да и се посвети на адвокатурата. Неколку месеци по оваа одлука, Основното јавно обвинителство и актуелната власт веќе на големо најавуваат случај со набавките на лекови и медицински опреми во здравството иако Тодоров е еден од најверните поддржувачи на Груевски за кој СЈО не покрена истражна постапка во која тој е осомничен но и Иванов го изостави од листата амнестирани која подоцна ја повлече. Дали тоа е резултат на преговорите во Пржино времето ќе покаже.

Никола Тодоров сите години на владеење на Никола Груевски важеше за него сигурен наследник, кога и да е, но по превземањето на улогата главен преговарач или тим лидер на преговарачкиот тим со СДСМ, ДУИ и ДПА и САД и ЕУ како медијатори полека почна да тони во очите на членството.

Договорот од Пржино во своите 2 анекси го измести ВМРО – ДПМНЕ од ставот дека се врши обид за државен удар и се измести партискиот став од десничарски кон централистички. Сите прифатени одлуки и решенија од договорот од Пржино беа поразителни на ВМРО – ДПМНЕ иако Никола Груевски првично ги фалеше.

Изборите 2016 беа поразителни, а пак изборите од 2017 вистински дебакл, иако на нив Тодоров не зеде учество. Но помеѓу двата изборни циклуси, не се заборава фактот дека тој го водеше тимот за преговори и со ДУИ за формирање влада каде на маса беа отворени сите прашања кои СДСМ подоцна ги прифати.

Многу прашања кои Тодоров не ги одговори, а ни неговиот претседател Груевски, како на пример: Дали именувањето на Талат Џафери на функцијата претседател на законодавниот дом е првиот услов за воопшто да има преговори? А ако тоа се договореше дали неговиот избор ќе беше лесно прифатлив?!

Притоа, очигледно е дека во ВМРО – ДПМНЕ непотизмот и роднинските односи во декадното владеење на Груевски биле примарни.

Тодоров е венчален кум на поранешниот градоначалник на Аеродром Ивица Коневски, поради што се смета дека имаат и блиски односи партија – позиции. Се шпекулира дека татко му на Ивица Коневски своевремено добива тендери за набавка на канцелариски материјали за владата во момент кога татко му на Тодоров е нејзин генерален секретар. Секако оваа шпекулација треба да се провери.

Но не се заборавени и сегментите дека токму Ивица Коневски инсистирал Диме Спасов зетот на Лазар (Панов) Колишевски да биде поставен за лидер на УМС по што преку епската агенција за млади и спорт и фамозниот катастар да стане и најмладиот министер во владата на Груевски.

Но, не е заборавена и улогата на Сашо Лазаревски, кум на Никола Тодоров кој беше и директор и заменик министер и претседател на Совет на општина Карпош, а кој можеби бил линкот меѓу Коневски и Стевчо Јакимовски.

Колку Тодоров подготвувал терен за инсталирање на свои блиски, или и роднински идни функционери во ВМРО – ДПМНЕ по неговото именување за наследник на Никола Груевски тешко е да се именуваат. По сите информации од теренот тешко дека ќе дознаеме затоа што веќе не е во мода да си фаворит на лидерот за лидер.

Може да ве интересира

иредентизам

Иредентизам кај Македонија и Грција – поим за плашење народ од соседите

Деновиве на балканот, осовено кај нашиот јужен сосед на голема врата се користи поимот иредентизам …

Translate »
error: Content is protected !!