дома / Локална / Општини / Плоштадот “Скендербег” го срами името на Ѓорѓија Кастриот
плоштад, скендербег

Плоштадот “Скендербег” го срами името на Ѓорѓија Кастриот

На 28.674 метри квадратни, премостувајќи ги, и воедно спојувајќи ги, општина Чаир со општина Центар, деновиве бевме неми сведоци, како тоа албанските политички претставници, го гледаат и почитуваат албанскиот етникум во Македонија.

Плоштадот, кој првично имаше 12.865 метри квадратни го “премости” булеварот “Гоце Делчев” и стана плоштад на две општини. Притоа колку и да се обвинува министерството за култура, од претходната влада, сепак во елементите и сегментите на завршницата со проектот работеше општина Чаир и градоначалникот Изет Меџити, кој утнал неколку работи.

плоштад, скендербег

Прво “сценографијата” е 100% одлика на еден систем, од кој и самиот албански етникум се срами. Ова е дело, кое наликува на нешто што можел да го осмисли и реализира само Енвер Хоџа. Симболиките се конфузни, и историски поврзаноста им е грешна. Не се работи за апстрактна уметност, па едноставно да се фрлат еден куп елементи на едно место, и тоа нешто да се нарече одлика на албанскиот народ.

Како потписници на проектот во својство на автори се јавуваат архитектите, Бетим Зеќири, Бекир Адеми и Бесиан Мехмети. Проектот започна да се реализира на 17 јануари 2012 година, и пет и пол години подоцна, веќе е во завршна фаза, а вкупната сума на проектот, одамна надмина 11 милиони евра.

На мозаиците кои доминираат, можат да се видат знамето на Албанија, Мајка Тереза, албанските партизани, борбата за ослободување на Косово, албанските преродбеници и сојузот на Лежа, каде како централна фигура се јавува Скендербег. Тоа е накратко композицијата на најголемиот мурал, а од спротива е преместен споменикот на Скендербег, во многу поголем постамент од претходниот.

плоштад, скендербег

Своевремено СДСМ обвинуваше за корупции и скандали на име проект “Скопје 2014”, но денес молчи пред овој споменик, кој не е под ставката “ревизија”, од прости причини ,што ДУИ сега се нивни коалиционен партнер. Притоа очигледно и авторите но и “финансиерите” ги измешале бабите и жабите, па често се слушаа коментари дека постаментот на Скендербег, како татко на албанската нација, мора да биде барем видно на повисоко ниво, од нели постаментите на кои се наоѓаат татковците на македонската нација, Филип II и Александар.

Филип II и Александар се тема за себе, но Скендербег очигледно функционерите на ДУИ не знаат кој е. Скендербег е роден како “Ѓерѓ [Ѓеорг] Кастриоти” во Кроја, денешна Албанија. Син e на Јован Кастриот, и потекнувал од феудалното христијанско семејство “Кастриоти”. Според англискиот историчар Гибон, Јован Кастриот бил кнез на Епир, кој ги вклучуваше денешните албански области Матка, Кроја, Мирдита и Дебар.

плоштад, скендербег
Неговата мајка Воисава, била кнегиња, од полошкото семејството “Трибалда” или од благородното семејство “Музака”. Неговите родители имале девет деца, од кои Ѓерѓ бил најмалиот син, неговите браќа се викале Станиша, Репош и Костандин, а неговите сестри Мара, Јелена, Анѓелина, Влајка и Мамица.

Јован Кастриот, за да задржи поседи во средна Албанија и во дебарската област, ги дал своите синови како заложници кај султанот. Таму Скендербег ја сменал својата вера во Ислами завршил воена школа во Одрин, како и војувал во турска војска и однесол многу победи за Отоманското царство.

За своите воени заслуги, го добил “звањето” “Искендер Беј” (“бег Александар” — тур. İskender Bey, алб. Skënderbeg) споредувајќи ја воената умешност на неговото семејство со Александар Македонски.

плоштад, скендербег

Кога војсководецот Јанош Хуњади ги поразил Турците кај Ниш во 1443 гoдина, Скендербег ја напуштил турската војска, се вратил во Албанија и повторно го прифатил христијанство. Кренал востание во Дебарско. По низа драматични пресврти востанието на Скендербег конечно било задушено, и тоа токму од неговиот сонародник Балабан –Паша, кој раководел со османската војска.

Одтука прашањето е колку е адекватно мозаичното опкружување на споменикот на Скендербег? Со ова македонските граѓани од албанска етничка припадност сериозно се потценети во квалитетот на нивната едукација и познавање на сопствената историја.

Иако можеби, атрактивноста штотуку започнува, со најавите дека инстант потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зеќири, ќе е токму идниот кандидат за градоначалник на оваа скопска општина.

А како Зеќири ќе се соочи со фактот дека бег Александар бил христијанин е веќе личен проблем.

Еден коментар

  1. NEMA VRSKA SO DENESNITE SIPTARI VO MAKEDONIJA, NI SO TIE VO ALBANIJA, COVEKOT E MAKEDONEC HRISTIJANIN VO BORBA SO TURCITE I SLICNO POTOA VAZAL, SRBITE TVRDAT DEKA E SRBIN, I MUDA MARJANOVIC NA KRAJOT.

Translate »
error: Content is protected !!