дома / Избори / Локални / По изборите некој некому полна каса некој огромен долг!
избори

По изборите некој некому полна каса некој огромен долг!

Правило по менталитет на Балканот е да се критикува противникот, било тој да е во право или вие да сте грешни. Така поминаа и предизборните критикувања кој која општина т.е. единица на локалната самоуправа колку ја задолжил и како новите идни градоначачници ете стравуваат што ќе прават по победата со празни каси.

И во дел е така. Но тоа не е целата вистина.

Традиционално во западна Македонија откако градоначалник од албанскиот блок од една политички провиненција заминува остава огромен финансиски долг и не ретко завршува со кривична пријава за злоупотреба на службените овластувања и одговорност.

избори

Така делот од тројката вечни градоначачници на ДУИ, Невзат Бејта откако изгуби од и не толку подобриот министер за здравство Арбен Таравари кој оствари просек од 14 мртви новороденчиња за 75 дена и зеде одмор за да се активира во изборната кампања.

Зошто лекар од ковот на Таравари повеќе би се грижел за жители на едно населено место во Македонија, а не за целокупниот здравствен систем е прашање на кое кога и да е ќе мора да даде одговор.

Како и да е. Стои фактот дека три дена после вториот изборен круг, на 30., 31. октомври и 1. ноември, Општина Гостивар, по наредба на поранешниот градоначалник Невзат Бејта, изврши трансакции со вкупна вредност од 6.774.276,00 денари, односно околу 111.053 евра. Со овие средства, чиј износ е доволен за исплата на плати на вработените во општината и за тековните расходи, Бејта главно им се раздолжил на фирми блиски со него кои ја финансирале неговата скапа предизборна кампања.

избори
На компанијата ‘Магнум транс’ во вторникот ѝ биле исплатени 2.000.000,00 денари, на компанијата ‘Гартен Бау Цели’ 1.500.000 денари, додека на компанијата МЕТРО Дооел му се исплатени 300.000 денари“, се наведува во општинското соопштение.

Оттаму истакнуваат дека Бејта ја оставил Општина Гостивар потоната во над 100 милиони денари долг (околу 1.639.344 евра), а дека ревизијата ќе ја покаже точната бројка.

За сметка на празната каса и долгот кој го оставил Бејта, Шилегов не се заблагодари за домаќинското работење на неговиот претходник Коце Трајановски. Иако често исмејуван поради теренското делување се очекуваше голема финансиска дупка во сметката на град Скопје.

Одтука народната да не се суди на човек по изгледот туку по делата. Коце за волја на вистината беше на моменти и смешен во своите тесни погледи за развој и модернизација на град Скопје. Дали неговите одлуки биле или не правилни е нешто сосема трето и тоа е повеќе работа на вкус. Скопје мора да се модернизира и проширува.

избори

Имено поранешниот градоначалник на Скопје Коце Трајановски на новиот градоначалник Петре Шилегов му остави полна каса пари со повеќе од 13 и пол милиони евра и 6 милиони евра за градба на фасади на зградите или вкупно во денари една милијарда и 200 милиони денари или над 19 милиони евра, што претставува повеќе од половината од буџетот на градот Скопје.

Фактите да зборуваат за цифрите треба да се компарира дека ова е состојба од крај на октомври или 10-ти месец а не почеток на година и дека кога Коце во 2009 година ја презеде функцијата град Скопје имаше долг од 16 милиони евра најчесто загуби по јавните претпријатија.

Она што овде треба да се постави како прашање е зошто оние градоначалници кои наследија полни каси на само два месеци од календарскиот крај на годината јавно не се заблагодарија на претходниците? Нема тука ништо партиско, а најмалку политичко. Нели за доброто на граѓаните пред се се работи. Додека оние кои оставиле минусно салдо или долгови јавно не се повикаат на одговорност.

избори

Иако две нешта не се јасни.

Зошто манична потреба од ребаланси на сите општини како има нови градоначалници и со тоа нови мнозинства на совети кога имаме уште 55 календарски денови од годината? Ребаланс во прост превод е ставање едно големо ништо од шупливо во празно и обратно. Колку пари имал Буџетот толку ќе си остане. Ребаланс е прераспределба. Кои се приоритетите за следните 55 дена ако општините а и град Скопје имаат доволно пари за нормално работење? Или лажните вести дека ребалансот ја стабилизирал критичната ситуација треба да имаат ефект познат и како ефтино партиско профитерство.

И второ. Како тоа Трифун Костовски кој беше градоначалник на град Скопје до 2009 година се прокламира како најекономичен, а не реагира на обвинувањата дека кога Коце ја презел функцијата општинската каса наликувала на возилото на детектив Мамли? Или Коце ја говори вистината или Костовски лаже. Но тоа ќе треба меѓусебно да си го разчистат, за ние, јавноста да имаме јасна слика како работат општинските т.е. градските власти со нашите пари.

Може да ве интересира

Зоран Заев

Дали Заев и подготвува на Република Македонија “Букурешки договор III дел?!”

Македонската надворешна политика, во однос на Република Грција како наш јужен сосед, кој не ни …

Translate »
error: Content is protected !!