дома / Техника / Погледнете ја визијата на Елон Маск за подземна транзит мрежа на тунели каде автомобилите патуваат и се движат на шини со 130 километри на час (видео)
елон маск

Погледнете ја визијата на Елон Маск за подземна транзит мрежа на тунели каде автомобилите патуваат и се движат на шини со 130 километри на час (видео)

„Боринг Компани“ е инфраструктурна компанија основана од страна на Елон Маск, кон крајот на 2016 година. Инспириран од метежот во сообраќајот низ Лос Анџелес, во кој пред неколку месеци и самиот заглавил, Елон го направил својот најнов иновативен проект.

За време на последната „TEDTalk “ конференција, беше промовиран неговиот проект, кој вклучува подземна транзит мрежа на тунели. Во овие тунели, автомобилите патуваат и се движат на шини со 130 километри на час.

елон маск

Визијата на Маск вклучува паркинг места, кои што се всушност влез за лифтови каде што возачите заедно со возилото ќе можат да се спуштат во мрежата на тунели кои се беспрекорно поврзани.

Таму се е контролирано од компјутер со максимална ефикасност. Со патувањето на овој начин ќе се овозможи поголема брзина во сообраќајот отколку по надземните патишта.

Оваа мрежа ќе има големи предности во однос на површинските правци, не само поради тоа што ќе има интелигентно рутирање, туку и поради својата 3Д структура. Под земјата има потенцијал за повеќеслојни патишта, еден над друг, кои што може да се оптимизираат во зависност од дестинациите на возачите.

Може да ве интересира

нокиа

Специјална верзија на Нокиа 3310 која на себе ги има гравирано ликовите на Владимир Путин и Доналд Трамп (фото)

Руската компанија Caviar, која се занимава со скапоцено украсување и разубавување на мобилните телефони, направила …

Translate »
error: Content is protected !!