дома / Локална / ЛЕР / Предметот “Дрисла”, се молчи веќе 16-та година

Предметот “Дрисла”, се молчи веќе 16-та година

Предметот “Дрисла”, 16-та година

Дрисла е депонија која е изградена и отворена од страна на Градот Скопје во 1994 година под чија надлежност е до ден денес иако одговорно министерство за нејзината работа е Министерството за заштита на животната средина. Лоцирана е во југоисточниот дел од градот Скопје на одалеченост од само 14 километри од градскиот центар кај Маркова река блиску до селото Батинци. Дрисла се простира на површина од 76 хектари со проектен капацитет од 26.000.000 метри кубни депониран комунален отпад.

Во проектната документација се планира дека истата ќе биде наполнета за околу 30 години, но досегашната експлоатација за 15 години истата е исполнета до 33% од вкупниот капацитет што укажува на фактот дека следните 20 до 30 години има начин на депонирање без претходна селекција и искористување на отпадот кој може да служи како секундарна суровина како хартија, метал, стакло и пластика.

Минатата година на 21 септември 2017 е одбележана 23 годишницата од отворањето на Дрисла на која има инсталирано мерна станица и тоа од ФИНКИ со која се врши мерење на квалитетот на воздухот а се опфатени следните параметри: ПМ10, СО2, ЅО2, NOx, O3.  Според последниот извештај за извршени мерења во периодот од 21.11.2017 до 11.12.2017 година мерната станицца покажува дека количеството на ПМ10 честичките се движи од 40 до 60 микрограми на метар кубен, што е околу границата од 50 микрограми на метар кубен.

Патем информациите дека Дрисла загадува првенствено требаше да стигнат од локацијата каде е сместена, село Батинци, општина Студеничани и да се однесува на ДОО Дрисла која е во владение на град Скопје од каде на годишно ниво соодветна група составена од членови на советот вршат увид во нејзината работа.

Прашање е што тие луѓе читаат? Какви документи добиваат? Колку се воопшто стручни да ги толкуваат? Со оглед на составот на советници во советот на град Скопје отворено се поставува сомнежот кој тоа таму е стручен и компетентен воопшто да ги прочита анализите кои Дрисла им ги доставува?

Дрисла воедно на годишно ниво е учесник на сите конвенции, семинари и собири на тематиката од областа во која работи а редовно учествува и во дезинфекција и дезинсекција и дератизација на површината на која се протега но учествува и во локалната заедница особено со пролетното и есенското прскање против комарци.

Дрисла е редовно посетена од т.н. соодветни групи од советот на Град Скопје, градоначалникот на Град Скопје, надлежното министерство за животна средина и просторно планирање и неговите инспекциски служби. Прашање е што овие чиновници прават при посета на Дрисла? Се фотографираат и пијат кафе или ја извршуваат својата професионална работа?

Последно од 7ми до 9ти јули 2013 година делегација која во својот состав е прилично импозантна како градоначалник на Град Скопје Трајановски, директор на депонијата Дрисла Ангелов, претставници од град Скопје, Министерството за животна средина и просторно планирање па и македонски медиуми беа во посета на Фиренца, Италија. Беше посетена депонијата Belbedere S.p.a. како и Центарот за секундарен третман на отпад во Фиренца. Целта беше да се промовира новата технологија за селекција, третман и крајно одлагање на комуналниот отпад која ќе се применува и во Дрисла а согласно потпишаниот Договор за Јавно приватно партнерство помеѓу Градот Скопје и странскиот партнер F.C.L. Ambiente од Италија.

 

Делегацијата беше во Фиренца на шопинг или на работна посета?

Фасцинантно но самиот директор Ангелов а и истиот градоначалник констатираа дека по 2013 четири години на Дрисла не е ништо сменето. Дека отпадот се третира безмалку на истиот начин како и пред депонијата да добие концесионер, но и дека модернзацијата на начинот на уништување и преработка на отпадот остана само на ниво на ветувањата. Ова Ангелот го соопшти четири години откако прошета низ Фиренца а молчеше де додека во јавноста не се појавија информации дека причини за загадениот воздух во Скопје се шест нови печки на депонијата во кои се уништува и отпад од увоз.

Што чекаше Ангелов четири години?

Притоа точно е дека на Дрисла кон крајот на 2000 година е донесена печка за согорување на медицинскиот отпад како донација на Кралството Велика Британија и дека до денес таа е единствената печка која работи на депонијата.

Она што е симптоматично е како сите го читаат “фамозниот” наслов на “Гардијан” дека Велика Британија ни

????????????????????????????????????

подарила токсичен подарок не само нас туку на целиот Балкан. Точно е дека инсинераторот и бил доделен на Македонија од британската влада и бил нелегален во Британија но во насловот а и документите уредно стои дека тоа е по ЕУ стандарди и дека доколку Македонија се приклучи во ЕУ, инсинераторот ќе мора да се отстрани бидејќи ќе ја има истата оценка како и во Англија, опасност за локалните жители и прекршување на стандардите на ЕУ.

Но во него стојат и изјави кои никој не ги цитира. Иако се пострашнаи од фактот што старо – новата печка не е по ЕУ стандарди.

Имено ние во тој период како држава планиравме да купиме нова печка. Но започна прво бомбардирањето на Србија од страна на НАТО, а донацијата е добиена во екот на Косовската криза.

Според тогашните проценки сосема било јасно дека таа не е по ЕУ стандарди кои се притоа ригорозни но имала капацитет и можност без загадување да согорува отпад од скопските болници и да работи непрекинати седум до осум часа дневно со што ако се искористела во нормален режим на работа можела да изгори половина од болничкиот отпад во земјата.

Портпаролот на Incinco Ltd. Кој го направиле првично инцинераторот тогаш изјави дека е побарано да го обезбедат основниот котел. Дополнителните функции биле достапни но би се направиле во пакет измени кои би биле далеку поскапи.

Дури и од Одделот за меѓународен развој стои изјавата дека:

Нашата политика за набавка на опрема зависи од локалната ситуација и треба да се донесе одлука за тоа што е соодветно”. Но одделот сепак платил 47.000 фунти кон инсенераторот што го ставило во исправна и целосно функционална состојба бидејќи оној со правилно чистење на гас по ЕУ стандарди би чинел три пати повеќе.

Интересна е и изјавата на Филип Рушбрук од Светската здравствена организација кој  советуваше против опремата во тој момент, но сепак истакнува:

“Овој инсенератор беше многу подобар од алтернативата, која значеше палење отпад во големи метални кутии што произведуваат многу полоши гасови и можни болести”.

Тој  тогаш призна дека инсенераторот ги прекршил регулативите на ЕУ, но додава:

 “Можеби не сме биле во можност да ги пронајдеме парите за најсовремени инцинератори. Ако ние тоа го направивме, Македонците можеби немаа пари или експертиза за да го водат.”

Така фамозната печка за согорување на медицински отпад стана сосема легална донација.

Притоа назад кон годините по добивањето истите луѓе кои и ги пречекаа странските инвеститори т.е. концесионери изјавуваа дека во 2011 за прв пат е објавен тендер за набавка на нова печка за согорување отпад согласно сите европски стандарди која во текот на 2017 година ќе биде инсталирана и пуштена во употреба.

Колку трае еден тендер за набавка на опрема? 6 години?

Вистината е дека концесионерот добил понуда во 2014 год. Но набавката не била спроведена затоа што тогашната влада (ВМРО-ДУИ) преку министерството за транспорт и врски не ја дала потребната градежна дозвола.

Градежна дозвола е идадена од сегашната Влада (СДСМ-ДУИ) во октомври 2017 година.

Ова е според изјава на заменик министерот за животна средина Јани Макрадули кој го истакна како податок на заедничка прес конференција со градоначалникот на Скопје Петре Шилегов потенцирајќи дека печката не работи од почетокот на годината а отпадот само се складира.

Зошто не е издадена градежна дозвола е прашање на кое треба да се добие одговор?

Ова е во контекст на изјавите на директорот Ангелов кој истакнува дека италијаните требало да купат нова печка за медицински отпад во 2014 пролетта но според роковите кои самите си ги задале таа требало да почне да работи есента 2015 година. Но на депонијата освен две бетонски платформи на кои нема објекти ништи друго не се гледа.

Дали Ангелов знаел за неиздавањето на градежна дозвола која ја потенцира Макрадули?

Иако стои негова изјава дека:

Согласно договорот за доделување на концесија, на депонијата Дрисла е предвидено поставување на постројка за селекција на опад. Постапката е веќе започната, доставени се сите потребни документи, одобрен е Елаборатот за животна средина и се чека на дозволата за градба од страна на Министерството за транспорт и врски”.

Патем во 2013 година кога е доделена концесијата дадени се две изјави, од градоначалникот и компанијата кои говорат дека инвестицијата е сериозна:

Италијанската фирма ФЦЛ амбиенте денеска го потпиша договорот за јавно приватно партнерство со Градот Скопје за изградба на современ центар за преработка и складирање и добивање на енергија од ѓубрето на депонијата Дрисла. Италијанците се обврзаа да инвестираат 73 милиони евра, а концесијата е на 35 години.

“Дрисла треба да биде современа депонија. Ја одвоивме од јавното претпријатие Комунална хигиена, формиравме посебно претпријатие, објавивме тендер и веќе сметам дека од оваа година ќе биде трансформирана во новата странска компанија во која градот ќе има 20% учество и се надевам дека ќе биде една од најсовремените депонии на Балканот”, изјави тогаш Коце Трајановски, градоначалникот на Скопје.

Изградбата на сите погони се предвидуваше да заврши за пет години.

“Се обврзавме да го задржиме целиот персонал и сите вработени во Дрисла, а со градењето на новите постројки ќе имаме потреба секако и од технички персонал” истакна тогаш Доменико Фацероли од ФЦЛ амбиенте од Италија. Притоа инвестирањето во Дрисла значеше дека италијанците ќе го заокружат со фабрика која од ѓубрето ќе произведува струја, а треба да се изгради во рок од пет години.

Патем да е сликата појасна давањето под концесија на депонијата Дрисла беше проследено со скандали уште од моментот кога Град Скопје ја одбра на меѓународен тендер. Германски Шолц второпласираната фирма на тендерот ја оспори постапката за доделување на концесијата на Италијанците. Го тужеа Град Скопје за неправилности во тендерската постапка а Управниот суд го поништи договорот и донесе Одлука да се повтори постапката за избор на концесионер. Но и во повторената постапка Град Скопје како најдобра понуда за модернизација на Дрисла ја избра италијанската компанија. Дел од договорот не е само 35 годишниот рок на концесионерството и влогот од 73 милиони евра туку дека и 20% од профитот што ќе го остваруваат да го префрлаат на сметка на Град Скопје.

Во просек на Дрисла годишно се уништуваат над 180.000 тони комунален отпад, 9.000 тони инертен отпад, 2.000 тони технолошки отпад и прехрамбени стоки и 900 тони медицински отпад.

Или според податоците кои се објавени за периодот 2005 – 2015 година Дрисла согорила 5.176.808 килограми медицински отпад со што заработила 4.7 милиони евра од кои само во 2015 година со согорување на 775.000 килограми медицински отпад заработени се 700.000 евра. Или спалувањето медицински отпад од 2005 до 2015 е зголемено за 100%.

Според цените килограм медицински отпад се согорува за 56 денари а кутија од 5 килограми за цена од 385 денари.

Воедно освен филтрите на постоечката печка министерството за животна средина најави набавка и на воден филтер до купувањето на нова печка иако стручната јавност јасно стои на ставот дека Дрисла не е причината за загадениот воздух во Скопје и скопско.

????????????????????????????????????

Нови моменти се и фактите кои се најавени дека ќе се променат од страна на Шилегов дека она што сега партнерско поседување на фирмата меѓу град Скопје и италијанците ќе се врати во целосна сопстеност на Градот. Додека имотот на депонијата вреден над 15 милиони евра во кои спаѓаат земјиштето и објектите е во раце на државата.

Притоа изјавите дека Дрисла не согорува увозен отпад паднаа во вода по објавите од страна на министерството за животна средина во кои стои дека за 2016 година Македонија увезла 118.778 тони а извезла 4.011 тони отпад. Овие бројки се добиени врз основа на годишното известување на создавачите на опасен отпад кои се должни да пријават колку отпад извезле а колку увезле.

Но што е во суштина проблемот со Дрисла?

Дали концесионерот од Италија не сакал да вложи или бил оневозможен? Зошто до сега се молчело? Зошто Дрисла не добивала градежна дозвола за нова печка? Дали Дрисла загадува или не?

Се тоа се прашања кои ќе треба да ги одговорат градоначалниците на град Скопје и министрите за животна средина во изминатите 16 години.

Во секој случај едно е факт.

Во складирањето и согорувањето отпад очигледно најмногу има пари, штетни течни материи во почвата и подземните води, многу мал удел во скопското воздушно загадување, ама не штетни материи во воздухот како прв и најголем загадувач.

Може да ве интересира

Зоран Заев

Дали Заев и подготвува на Република Македонија “Букурешки договор III дел?!”

Македонската надворешна политика, во однос на Република Грција како наш јужен сосед, кој не ни …

Translate »
error: Content is protected !!