дома / Забава / Професорките Симона Маџоска и Каролина Астеруд не додржаа за Беса Арифи

Професорките Симона Маџоска и Каролина Астеруд не додржаа за Беса Арифи

Професорките Симона Груевска Маџоска, од Институт за македонски јазик и Каролина Ристова Астеруд, од Правен факултет, жестоко одговорија на прозивките на професорката на Штулов универзитет, Беса Арифи, која во колумната ,,А штрајкот со глад кога ќе го почнат“ , ги обвини за фашизам и национализам.

Лингвистот Симона Груевска Маџоска, во својот одговор напиша:

Срце едно нацистичко, драга моја Беса Арифи! Па кога дошло вакви националисти да предаваат право, јасно е зошто правото во Македонија треба со боринче да го бараш! Каква патетика, каква мелодрама! Седеле во подрум и учеле. ЦЦЦЦ! Зошто? Затоа што некој без дозвола отворал универзитет и го кршел Уставот. А нашиот Устав што им значи? НИШТО! Како и се’ друго – химна, знаме и сите други државни симболи што исто со боринче треба да ги бараш кај што живеат повеќе Албанци! Е па драга професорке по право, видовте што се случи во една држава членка на ЕУ само што направија референдум. Да, да, во ЕУ. За Каталонија и Шпанија мислам.

Во 1998 година сиромашната Македонија прими над 300.000 бегалци од Косово. Им понуди гостопримство. И како се врати нашето гостопримство? Кога се смири ситуацијата во Косово, Албанците се вратија назад, ама Ромите не ги примија! Нацизам пар екселанс!

Во 2001 дигнавте оружје на сопствената држава. Ги избркавте Македонците од сопствените огништа и никогаш не ги пуштивте да се вратат! Тоа се вика етничко чистење, драга професорке по право! Исто како со Ромите во Косово. Дали некој Албанец бил протеран од своето огниште? Мене не ми е познато. Дигате споменици на Американците зашто тие ви ја извојуваа победата и во Косово и кај нас. Билали Клинтон, а?

Сакате да знаете што памтам јас? Секогаш во школо поминувавте полесно од нас. И сите до еден бевте со сите петки или десетки таму кај што имаше наставници и професори етнички Албанци – незаслужени! Се среќававме на некои испити на Филолошкиот факултет – просек 10, а основни работи не се знаеја. Ние паѓавме за такво незнаење.

Кога јас бев помлада, девојчињата учеа само до четврто одделение и ги вадеа од школо за да подготвуваат чеиз за мажење. Кој им бранеше да учат? Сигурно не Македонците. Потоа, кога се зголеми интересот за образование, многумина сакаа да учат во средното медицинско училиште. И Македонците исто. Стотици Македончиња остануваа незапишани и одеа на други струки. Ама кога останаа Албанчиња незапишани, вие протестиравте со денови и на крај се зголеми квотата за вас. Кој има помалку права овде?

Со години наназад се вработуваат главно етнички Албанци во државната администрација. Во некои сектори се и 75 %. Тоа лесно се проверува. Да се види колку сме ние нацисти.

Секојдневно го кршите Уставот со тоа што во општините таблите или ви се само на албански, или албанскиот јазик е прв. Не обезбедувате превод за Македонците што се членови на советите на општините. Не го учите македонскиот јазик иако ви е обврска. Највисоките претставници на етничките Албанци и во меѓународните односи каде не’ претставуваат сите нас, зборуваат на албански и тоа спротивно на Уставот.

Прва вашата сестра уште пред десетина години во Атина. И ние националистите никого не казнивме. Законот за употреба на македонскиот јазик и Уставот можат до бескрај да се кршат, ама сега гледаме дека Зибери се заканува дека кој ќе го крши Законот за албанскиот јазик ќе биде казнет. ЦЦЦ! Правна држава, професорке по право?
И зошто толку се плашите од попис? Еве ние националистите носиме закони базирани на незаконски попис од 2002, а и сега без попис. Закони базирани на проценти.

Да ве потсетам, професорке по право, пописот од 2002 година не е потпишан од Државната пописна комисија поради низа нерегуларности. Си знаете вие какви.
Да ве научам нешто од социолингвистиката, македонскиот јазик е јазик на МНОЗИНСТВОТО во Македонија. Албанците се МАЛЦИНСТВО во Македонија. Тие ваши глупости дека Албанците не се малцинство зашто вкупно Албанците на цел Балкан и во 3 држави се побројни од Македонците се повеќе од смешни. Прочитајте ја Европската повелба за регионални и малцински јазици и најдете си го албанскиот јазик во Македонија што е – може да биде само РЕГИОНАЛЕН.

Вие ќе кажувате зошто ние не сме го учеле албанскиот јазик, а самите пишувате дека не сте ги научиле ромскиот и влашкиот. Е па драга професорке по право, немате апсолутно никакво право да барате Македонците да го учат албанскиот јазик. Ако сакам, ќе го научам, ама не МОРАМ.

А вие МОРАТЕ да го знаете јазикот на МНОЗИНСТВОТО, а тоа е МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК. И што имате вие против тоа? Што имате вие против македонскиот јазик?

Рамковниот договор е целосно имплементиран во Уставот. Нема ништо неспроведено, напротив.

Во практиката владее комплетно беззаконие со албанскиот јазик. Сите гледаме. Во 2008 година испадна дека нешто не било до крај имплементирано. И тогаш се затвораше конечно Рамковниот договор. Во 2017 година испадна дека пак бил отворен Рамковниот. Пак сме требале да го дозатвориме. Зошто?

Затоа што во 2001 година вие сте барале двојазичност на целата територија, а не сте ја добиле и сега си сметате дека тоа што сте го барале, мора да го добиете. Иако тоа го нема во Рамковниот договор. Мене тоа ми личи како некој да сакал да купи кола со приколка, ама немал доволно пари за приколката. Склучил купопродажен договор за колата. По неколку години, се вратил кај продавачот и му ја барал и приколката за беспари. Зошто? Зашто му била планирана! Е така личи оваа ваша работа со јазикот.

Со овој закон само докажувате дека никогаш нема да има крај на вашите уцени. Следно ќе биде Македонско-албанска академија на науките и уметностите и Македонско-албанска телевизија. А другите народи кој ги врти, а?
Овој Закон е противуставен, драга професорке по неправо! Да не бевте таков националист, како професорка по право ќе го признаевте тоа, но вие етничката припадност си ја одбравте за професија!

Симона Груевска Маџоска 

Срце едно нацистичко, драга моја Беса Арифи! Па кога дошло вакви националисти да предаваат право, јасно е зошто правото …

Posted by Simona Gruevska Madjoska on Dienstag, 16. Januar 2018

 

А Каролина Астеруд пак напиша:

А КОГА БЕСА АРИФИ ЌЕ ПОЧНЕ ДА СЕ „ПРОДАВА„ И ПРЕПОЗНАВА ЗА ТОА ШТО Е, А НЕ ЗА ТОА ШТО НЕ Е? (во врска со нејзината најн…

Posted by Karolina Ristova-Aasterud on Montag, 15. Januar 2018

 

Еве дел од колумната на Беса Арифи ,,А штрајк со глад кога ќе почнат“:

,,Студентите истражуваат. Ги наоѓаат сите реакции кои биле објавени по повод донесувањето на овој закон. Читаат статии, колумни и статуси на реномирани доктори на правни науки, искусни професори избрани за најинспиративни, академици. Првата нивна реакција е што се фаќаат за глава и со недоверба продолжуваат да читаат. Се прашуваат збунети да нема некоја грешка, некоја манипулација, монтажа, сечена-лепена-монтирана изјава?! Не, изјавите се исти кај секој извор што го наоѓаат.

Истите зборови се вртат: “Тиранија на малцинството” вели една професорка, “Попис да се направи пред да почне да се спроведе законот” вели друга професорка, активист за човекови права, “Македонскиот јазик го губи својот статус на службен јазик, ова е вовед кон федерализација на земјата” вели трета професорка.

Одеднаш, студентите почнуваат да се смеат, гласно и безгрижно, како што тоа го можат дваесетгодишни млади луѓе. “Доста ни е од толку патетика” ми викаат, “дајте друга задача, ова нема да го работиме. Па човековите права не се пита професорке, ако некој добива тоа не значи дека другиот губи!”

Би сакала и јас да ја имам сега таа ноншалантност што моите студенти ќе ја имаат после дваесет години, кога Законот за употреба на јазиците (ЗУЈ) ќе биде одамна надмината тема, а од денешните вжештени изјави на интелектуалците со долго искуство и успешни кариери ќе остане само нивната гола патетика. Би сакала да не се чувствувам навредена од таквите обиди со некакви непостоечки правни аргументи да се покријат шовинистички и фашизоидни тези. И навистина, ако не беше трагично, целава патетика околу ЗУЈ би била едноставно само смешна. А таква ќе биде, и тоа брзо, нема да има потреба да поминат цели дваесет години.

Сепак, не можам да се смеам, затоа што овие аргументи, кои упорно се повторуваат секоја година, секогаш кога ќе се отвори дебата за меѓуетничките односи во ова земја, ме потсетуваат на многу работи кои сум ги видела и низ кои сум поминала досега во мојот живот….“

Може да ве интересира

долар

Зошто на банкнотите од еден долар се наоѓа масонската приамида?

На банкнотата од еден долар се наоѓа пирамида. За неа постојат различни теории, а некои …

Translate »
error: Content is protected !!