дома / Техника / Руски воен истражувачки центар го претстави прототипот на борбеното одело на следната генерација(видео)
војник

Руски воен истражувачки центар го претстави прототипот на борбеното одело на следната генерација(видео)

Руски воен истражувачки центар го претстави прототипот на борбеното одело на следната генерација. 

Прототипот се состои од кацига, која го покрива и го штити лицето, и околоп за телото, кој претставува производ на врвна технологија на иднината. Оклопот има егзоскелет чија намена е да ги зголеми перформансите и издржливост на војниците во борба.

Ова е нашата визија на борбено одело на иднината, кое би сакале да го направиме во следните две години. Работиме со руски компании специјализирани за различни елементи на борбена опрема, која ќе им помогне на војниците на военото поле“, изјавил Олег Чикарев од Централниот истражувачки институт за прецизни машини, еден од главните руски конструктори на оружје.

Руската војска активно се подготвува да излезе во пресрет на предизвиците на војните на иднината.

Минатата година, беше соопштено дека се работи на роботи кои постепено, наместо луѓето, ќе ја преземат улогата на војниците во воздух, земја, во вода и вселената. Ова одело кое беше претставени минатата недела е дел од военото проект “Legionar”, кој подразбира и развој на софистицирано оружје, комуникациски системи и дополнителна опрема за потполна заштита на војниците од куршуми и гелери.

Може да ве интересира

Заев (и неговите економски леви и десни раце) треба да појасни на младите во Македонија што се случи?

Стратешка Германска инвестиција ја одмина Македонија, ама се вдоми во Србија! Автомобилската индустрија и новите …

Translate »
error: Content is protected !!