дома / Прес / Прес УСА / САД: договорот меѓу Македонија и Бугарија пример за мирно решавање на разликите меѓу соседите
прес

САД: договорот меѓу Македонија и Бугарија пример за мирно решавање на разликите меѓу соседите

„Соединетите држави им честитаат на Бугарија и на Македонија за потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка“. Ова се наведува во соопштението на американскиот Стејт департмент во кое се оценува: „Овој важен, прогресивен договор ги признава веќе силните врски меѓу двете земји и ја отвора вратата за уште поблиска соработка, која оди и понатаму во различни области како инфраструктурата и културата. Потпишувањето на овој Договор ќе придонесе за политичка стабилност и економски развој во поширокиот регион и нуди охрабрувачки пример за тоа како разликите меѓу соседите може да се решат мирно“.

Translate »
error: Content is protected !!