дома / Забава / Сакате да станете YouTube ѕвезда? Еве колку пари можете да заработите
милионер

Сакате да станете YouTube ѕвезда? Еве колку пари можете да заработите

Многумина „влијателни јутјубери“ заработуваат неверојатни суми од своите снимки. Најплатените YouTube ѕвезди се, верувале или не – милионери!

Како е тоа возможно и за која сума станува збор? На ова прашање одговорот се обиде да го пронајде сајтот „Quora“, наведувајќи дека е важно да знаете дека не ве плаќа директно YouTube туку AdSense кој всушност за занимава со монетизирање на You Tube, пренесува BizLife.

милионер

Благодарение на оваа програма можете  да користите Google платформа, поставувате содржини  и таргетирате публика, за да на крајот сето тоа го наплатите. Овој програм генерира милијарда Google долари, а претставува најсовремен изум на вештачка интелигенција со оглед на тоа дека е невозможно да го измамите како и фактот дека има сложен начин на генерирање на огласите,плаќање на издавачите или креаторите на содржините користејќи CPM  формула.

Како што наведува „Quore“, Google пишува дека не пости едноставен одговор на тоа колку можете да заработите затоа што се зависи од низа фактори.  CPM (Cost per mille) е цена по илјада (јединица, импресија). Mille на Латински е илјада.

милионер

Значи, доколку CPM е еден долар, тоа значи дека ќе добиете долар за секој илјада прикажувања. Вашиот CPM мое да биде 0.1 или 10 се зависи дали на снимката се видео игри, музика, авторско видео, едукација, комедија…

Тоа што е важно да го разгледате е следното:

*Нема сите снимки да емитуваат реклами. Доколку поставувате реклами со видеото таа нема да биде видена исто толку пати колку што ќе биде видено видеото.

*Adsens  покажува селективно реклами на секој корисник, а понекогаш воопшто ги нема огласувањата.

милионер

*Голем број корисници имаат инсталирано блокирање на рекламните содржини.

*Половина од прегледите на YouTube доаѓаат од мобилните уреди, Најчесто станува збор за официјалната апликација на YpuTube на која мое да се блокираат рекламите.

На пример, на самиот врв на YouTube e славниот PSY кој во 2013 година достигна 1.000.000.000 прегледи од што заработил 7.900.000 долари, неговиот CPM бил 7.9 долари што е одлично.

Погледнете ја и страната која годишно заработува 23.4 милиони долари, а станува збор за жена која се игра со играчките на своите деца DisneyCollectorBR.

Google остварува голема добивка во секој случај затоа што на  оние кои поставуваат снимки им дава 68, додека 32 отсто останува за него. Во случајот на песната “Gangam style” PSY ги заработил своите 7.900.000, но Google земал 3.840.000 долари.

милионер

Конкуренцијата на YouTube е огромна

YouTube е доста популарен и сериозен начин на заработка, а на платформата на Google се рекламираат повеќе од милион огласувачи.

 YouTube има повеќе од милијарда единствени посети месечно и повеќе од шест милијарди часа прегледани снимки, пишува “Quore” .

Доколку вашиот канал е млад, односно настанал во изминатите три години ќе ви биде потешко поради широката конкуренција. Но доколку сакате да бидете вистинска YouTube ѕвезда и инфлуенсер морате од својот канал да направите нешто посебно и доста оригинално.

На самиот крај многу е важно да знаете, како што наведува BizLife, ѕвездите на оваа мрежа повеќе заработуваат од спонзорства, промоции и договори со големите компании.

Може да ве интересира

долар

Зошто на банкнотите од еден долар се наоѓа масонската приамида?

На банкнотата од еден долар се наоѓа пирамида. За неа постојат различни теории, а некои …

Translate »
error: Content is protected !!