дома / МКД / Koj e? / Се се менува, само Шеќеринска не е минлива и менлива, по навика или..?

Се се менува, само Шеќеринска не е минлива и менлива, по навика или..?

Се се менува, само Шеќеринска не е минлива и менлива, по навика или..?

 

Она што е општ опис на вечниот човек “number 2” во СДСМ е дека Радмила Шеќеринска Јанковска е родена во Скопје на 10 јуни 1972 година. Своето формално високо образование го започнува “традиционално” за СДСМ на електротехничкиот факултет при Универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје во 1995 година. Веќе следната 1996 година Радмила работи како асистент за осноси со јавност во Институтот отворено општество Македонија. Од 1997 година до 2002 година започнува да работи како асистент на Електротехничкиот факултет во Скопје.

Некаде многу подоцна кон 2007 година магистрира дипломатија и право на “Флечер” во Соединетите Американски Држави.

Политичката кариера и почнува нешто порано. Шеќеринска е член на СДСМ од период од неговото пререформирање од Сојузот на комунисти на Република Македонија. Оној “убав” период кога “демократски” новата политичка именка со себе го понесе и целокупниот недвижен имот на едно политичко движење кое беше општествено во едно друго уредување.

Од 1993 година Радмила е избрана за член на Централниот одбор на СДСМ во неколку мандати. Од 1995 година е член на претседателството на Централниот одбор на СДСМ а во 1999 година е избрана и за потпретседател на Централниот одбор на СДСМ и меѓународен секретар на партијата.

Политичка клетва цел политички век да го помине како втора иако многумина претседателите на СДСМ ги нарекуваа главата а Шеќеринска вратот на партијата.

Во периодот од 1995 година до 1999 година ја врши и функцијата претседател на СДММ а од 1997 година до 1998 година е и портпарол на СДСМ. Шеќеринска во првата декада од осамостојувањето ги ужива симпатиите и целосната поддршка на претседателот Бранко Црвенковски се до периодот откако тој ќе се повлече од партиските функции како иден претседател на Република Македонија.

Од политичките функции Радмила е член на Совет на град Скопје од 1996 година до 1998 година. Во 1998 година е избрана за пратеник во законодавниот дом. Од тој период нејзините улоги се насочени кон фамозното ЕУ и НАТО интегрирање. На изборите во 2002 година кога СДСМ освојува победа, избрана е за пратеник во Собранието на Република Македонија, а од 1 ноември 2002 година до 2006 година е заменик претседател на Владата на Република Македонија за Европски интеграции и координации на странската помош.

Од тој период незаменливи политичари четири години се и Владо Бучковски како министер за одбрана па премиер и Муса Џафери како колега на Шеќеринска за политички системи и имплементирање на Охридскиот рамковен договор.

По 10 години со можнста да направи коалиција со стариот проверен политички партнер ДУИ или политичкото крило на терористичката ОНА алијас УЧК, Шеќеринска станува актуелен министер за одбрана и нормално вицепремиер.

Радмила Шеќеринска во СДСМ е вечниот политички “декор” кој стои веднаш до или позади претседателот со апсолутно никакви амбиции да стане и тоа. Иако беше но таа е и единствениот претседател кој си замина а остана на партиската висока функција.

Всушност во 26 години постоење на СДСМ само Шеќеринска успеала да ги “надживее” сите претседатели. Единствена константа е само таа. Вечно непогрешливата. Поради неа во 2013 година со изборот на Заев на претседател СДСМ последно и го промени Статутот додавајќи ја непостоечката функција заменик претседател, што дефинитивно е место кое Радмила го посакуваше и доби.

Во 26 години ги создаде и Петковски, Бучковски, Гошев, Андов, Поповска, Пенов, Милевски … сите до еден денес стратешки коалициони партнери на СДСМ која во основа во еден период од животот им била матична партија.

Да не беа политиките кои се проповедаа немаше да ги имаме НСДП, ДПМ, ЛДП, ДОМ, АПМ. Но тоа не беше врв на нејзината кариера. Дозволувајќи врз нејзиниот ментор Црвенковски да се обраќаат сооној босанецот” реферирајќи на фактот дека Бранко е роден во Сараево е врвот на играта.

Македонскиот народ во нејзино обраќање во февруари 2017 година кога за прв пат дочекавме актуелен македонски политичар во сопствената држава јавно Македонскиот народ да го нарече “Македонска етничка заедница”.

Но она што деновиве го гледаме во забрзана верзија од 27 април со нелегитимниот насилен избор на Талат Џафери за претседател на законодавниот дом за кој и самиот скоро изјави дека претходно добро се координирале со Заев, Ахмети, Села и Спасовски се можните проблеми од нивниот гест.

Колкава е веројатноста ни Џафери ни Ахмети да не го известиле тогашниот министер за внатрешни работи, вечен и очигледно верен заменик министер за внатрешни работи Агим Нухиу патем кадар на ДУИ?

Се она што го гледавме во периодот од 2002 година до 2006 година кога се рушеа сите постулати на државноста на име на некаков соживот и ЕУ и НАТО интеграции денес го гледаме за 7 месеци.

Во 2001 година до 2002 година ОНА се демилитаризираше или точниот назив на нивната одлука е дека воениот состав се става во мирување. Нешто на што тетористите на ОНА се горди па проверете го кадарот на ДУИ почнувајќи од Џафери преку Ахмети како тој акт гордо го имаат во својата биографија.

Се формираше политичко крило кое започна преговори. Паравоените униформи беа заменети со костими кои ВМРО – ДПМНЕ во името на мртвите македонски бранители и цивилни жртви не го прифатија како замена со што СДСМ ја искористи можноста да формира влада.

Но дали на СДСМ му требаа ДУИ т.е. сеуште полуактивните команданти на ОНА  за извршна власт? Не. Стои фактот дека во 2002 година СДСМ победува на изборите до 60 пратенички мандати од 120 члениот законодавен дом. ДУИ како нова партија основјува 16 пратенички мандати. Но на СДСМ за парламентарно мнозинство му требаа уште неколку пратенички мандати во поддршка. Зошто тоа не го направија со ДПА – ПДП и НДП кои имаа 10 пратенички мандати?

Чија беше одлуката дека за 1 година се заборави војната во Македонија?

Притоа 2002 – 2006 година се симптоматични по многу нешта. Не 2016 година на предвремените избори за пратеници туку 2002 година на редовните избори СДСМ освојува најмногу гласови од електоратот, безмалку (500,000) половина милион. И тоа само неколку месеци од крајот на воената криза.

Притоа ни партијата не доживува стабилен период. Тоа е мандат на извршната власт кога премиерите се менуваа со брзина на светлината па така следат:

Бранко Црвенковски [1 ноември 2002 – 12 мај 2004]

Радмила Шеќеринска [12 мај 2004 – 2 јуни 2004]

Хари Костов [2 јуни 2004 – 18 ноември 2004]

Радмила Шеќеринска [18 ноември 2004 – 17 декември 2004]

Владо Бучковски [17 декември 2004 – 27 август 2006]

Да нема фактографски грешки, тоа беше влада составена од СДСМ, ДУИ и ЛДП во која во првиот состав на извршната власт ДУИ доби (4) министерства и тоа правда, транспорт и врски, здравство и обрзование и наука и (1) едно вицепремиерско за политички системи.

Во првата реконструкција во јуни 2004 година ДУИ ги задржува истите министерски ресори а со втората реконструкција во декември 2004 година добива и нови ресори и тоа економија, образование и наука, транспорт и врски, земјоделство, шумартство и водостопанство и локална самоуправа како и едно вице премиерско место. Вкупно (6)шест министерски ресори.

Во изборите во 2006 година СДСМ доживува дебакл со освојување на само 32 пратенички мандати и отцепување на верниот партиски функционер, Тито Петковски преку новата политичка партија НСДП.

Ситуацијата не е сјајна ниту во партијата во тој период.

Прв Црвенковски се повлекува 2004 година откако победува на изборите за претседател по што многу аналитичари ќе се согласат дека губи контрола врз партијата која одлично ја води Шеќеринска, што јавно што од сенка.

На негово место е избран Владо Бучковски кој поради лошиот резултат на изборите е принуден да поднесе оставка па од 2006 година до 2008 година за претседател на СДСМ за прв и последен пат е избрана Радмила Шеќеринска.

Нема јавно достапни податоци зошто Шеќеринска неудобно се чуствува во претседателското место како партиски лидер но и на 6-тиот и на 7-миот конгрес за нејзини потпретседатели се именуваат триото Јани Макрадули, Игор Ивановски и Зоран Заев. Заев патем јавна функција стекнува на препорака и одобрување за кандидатура за градоначалник на општина Струмица од Бучковски во 2005 година каде поминува три мандати.

На 8-миот конгрес во 2008 година за претседател на СДСМ со ограничен мандат до следниот конгрес е избран Зоран Заев а за потпретседатели се именувани Јани Макрадули, Љубомир Јанев и Магдалена Несторовска.

Магдалена Несторовска е поранешен државен секретар при министерството за одбрана кога со него министерува Бучковски, а сегашен активен државен секретар при МВР – министерството за внатрешни работи.

Несторовска на јавноста и е позната по фамозниот трансфер на 50 милиони денари од министерството за одбран на МЗТ ФОП на самиот ден 26 февруари 2004 година кога во близина на Мостар веќе се знае дека паднал авионот во кој животот го загубија претседателот Трајковски и сите членови на делегацијата и екипажот.

Љубомир Јанев е колега на Заев. Бизнисмен познат како генрален директор на Бетон Кочани, но и градоначалник на општина Кочани од 2000 до 2002 година но и од 2005 година до 2009 година. Јанев бил и министер за заштита на животната средина и просторно планирање од 2002 до 2004 година кога е назначен за директор на агенцијата за недоволно развиени подрачја.

Значи и Јаев и Несторовска се кадри од периодот 2002 – 2006 година.

Во 2009 година на претседателското место се враќа самиот Бранко Црвенковски кој за свои потпретседатели ги има Гордан Георгиев, Зоран Јовановски и Зоран Заев. Но неговото претседателствување завршува со оставка и на конгресите кои следат се усвоени предлог измени на Статутот, се избира Заев за негов наследник иако јавно Црвенковски стои позади Зоран но Јовановски а потоа со измените на Статутот Шеќеринска е избрана за заменик претседател на СДСМ.

Вечниот играч на Шеќеринска за нов претседател на СДСМ за наследник на Заев, Стево Пендаровски е номиниран за кандидат за претседател на државата во 2014 година како експерт – независен но Пендаровски останува во СДСМ и по лошиот резултат за деновиве да замине како шеф на мисијата на државата во НАТО.

Од тогаш започнува т.н. подготовка на политичката криза во Македонија која резултира со резултати и начин сличен како оној од 2002 година по што на добрите познавачи на политиките и политичарите во Македонија им беше јасно дека ДУИ нема да ја пропушти шансата да коалицира со СДСМ. Со нив во периодот 2002 – 2006 година по декада негирање им се призна т.н. тетовски универзитет но и помина фазниот референдум за законот за нова територијална поделба.

Секако разговорите со тројката потпретседатели на ДУИ ги водеше Шеќеринска за која е општо познато дека има домашно пријателски реалции со дел од поранешните високи странски дипломати во Македонија кои и на залезот на својата кариера што и животен век сеуште и се оддолжуваат за пријателството.

Фамозната Сеалбанска платформа помина и скоро во 90% се имплементира преку законодавниот дом. Но на ниту еден прес за време на кризата Шеќеринска не беше гласноговорникот, што и е пракса, додека по формирањето на владата на СДСМ се повлече во министерството за одбрана каде работи на случајот Македонија да стане 30-та членка на НАТО нешто што го предвиде за предизборитето на локалните избори а сега го прокламира за следната година.

Секако за ова да тече по нејзин терк спроводник ќе и е Пендаровски. Додека јавно е познато дека во СДСМ одамна течат две “струи” сега откако Бранковистите се минато. Постојат Заевисти и идолопоклоници на Шеќеринска.

Прашање на време е дали на Заев му е доста во улогата на премиер и претседател и дали по Париз и тој ќе се повлече од сите функции?

Што би рекла Шеќеринска за Македонско – Грчките односи, за танго се потребни двајца. Кој би го заменил Заев не е јасно но со испраќањето на Пендаровски во НАТО јасно е дека неговите можности се ниски. Дали Шеќеринска постигнала договор со Црвенковски за негово враќање на мала врата манифестирана како поддршка за нов претседателски мандат но не на партијата туку на државата останува да видиме во 2019 година, а до тогаш ќе гледаме реприза на ефектот од 2002 – 2006 година за кој во СДСМ очајно сакаат да заборават дека им се случил.

Може да ве интересира

иредентизам

Иредентизам кај Македонија и Грција – поим за плашење народ од соседите

Деновиве на балканот, осовено кај нашиот јужен сосед на голема врата се користи поимот иредентизам …

Translate »
error: Content is protected !!