дома / МКД / Што Иванов можеше и може, ако сакаше и сака?!
Иванов

Што Иванов можеше и може, ако сакаше и сака?!

Политичката криза во Македонија беше, помина, сеуште трае, а на повидок е и нова, и можеби е време отворено да се постават прашањата, што може претседателот Иванов, ако сака.

Прво треба да ни е сосема јасно дека институцијата претседател на Република Македонија колку ние да ја споредуваме со “англиска кралица” по Устав е единствена која ја претставува државноста и народот во целина.

Иванов

Вистина е и дека како правен субјект претседателот на државата нема големи ингеренции како по уставно уредување ние сме парламентарна демократија и државноста се темели на трите постулати од кои најбитна е законодавната власт од која произлегуваат извршната и судската. И тука некаде во нормалните земји би требало да не се дополнува дека се ова е идеално само под услов да не се партизираат трите вида власт.

Во конкретната ситуација во Македонија имаме состојба која не ни се случила во 27 години самостојност и која бара реакции од сите институции, особено од страна на претседателот на државата.

Имено Иванов покажа преголема флексибилност и тоа не вроди со смирување на тензиите во Македонија ниту со неимплементирање на барањата од Сеалбанската платформа. Иванов можеше да остане на својот став за политичка амнестија на лицата од политичката криза но истата во две фази ја повлече како одлука.

 

Но тоа беше оценка и проценка дека ќе даде придонес кон нормализирање на општата политичка ситуација, иако не се случи тоа. Иванов потоа реши да ја почитува востановената правна пракса и да го додели мандатот на партијата победник на парламентатните избори 2016 година но соочен со фактот дека во Македонија има елементи кои сериозно можат да ја нарушат националната стабилност Иванов побара за прв пат во 27 години гаранции пред да го додели мандатот на партијата која освоила помалку пратенички места од првата а која и обезбедила парламентатно мнозинство.

Притоа парламентарното мнозинство и не беше проблем. Проблем беше дали истото ќе делува во рамките на Законите и Уставот и ќе избегне имплементирање на една платформа која се формираше со соседна држава во кабинет на премиер на таа држава со посредство на неговиот министер за надворешни работи и која најавуваше федерализација и нужни измени на Уставот со што Македонија би станала држава на два народи.

Иванов

Иванов беше јасен во барањето гаранцијата да биде писмена и што таа треба да содржи. Но не е јасно зошто се направи отстапка. Она што Заев го достави во основа е документ на една политичка партија кој дава широко негово толкување и не е она што го баравме како нација. Гаранции дека евентуалната идна нова извршна власт нема да се раководи и да ги имплементира 20-тината барања низ 7 точки од Сеалбанската платформа.

Иванов имаше избор. Можеше да не го додели мандатот, дотолку повеќе по инцидентот од 27-ми кога е избран нелегитимен претседател на законодавниот дом по пат на насилство кое беше иницијална каписла да произведе дополнително насилство.

Доколку Иванов не го дадеше мандатот законодавниот дом со новиот нелегитимен претседател и парламентарното мнозинство имаа можност како што избраа претседател на Собранието да изберат и Влада.

Намерите на Иванов беа едни, но она што се достави како гаранција беше во најмала рака смешно. Само му се даде легитимитет на Заев и СДСМ да регираат како што делуваат и наместо реализирање на социјалните проекти од нивната програма со која парадираа дека е програма на идната влада тие се решија точка по точка да ги имплементираат сите барања од Сеалбанската платформа.

Кон крајот на втората недела од септември ќе се гласа и последната точка, предлог Законот за употреба на јазиците по што слободно може да се констатира дека измените на законите нужно бараат и измени во Уставот.

Иванов

Во меѓувреме политиката на Владата на Заев не скара со скоро сите соседи. Со Грција се отвори можноста да се промени Уставното име. Со Бугарија да се самонегираме во историското постоење како народ, нација, јазик и писмо, со Албанија да им овозможиме легитимитет за формирање кантони што се основа за федерализација на една земја, со Србија се отвори аферата шпионажа, а со Косово кое меѓу првите го признавме, се отвори дилема дали признавањето сеуште е, или не, став и на Владата на Заев која најави воздржаност при кое и да е гласање за прием на Косово во меѓународни институции.

Иванов се ова го премолче. Реално претседателот нема ингеренции по овие прашања но има право да поставува прашања како единствен репрезент т.е. носител на државноста. Иванов повеќе вложи труд да се објасни дали се ракувал со министерот за одбрана и т.н. претседател на законодавниот дом. Прилично е јасно дека во случајот со Армијата на Република Македонија Иванов е нејзин Врховен командант и има право иако се коси со политичкиот кодекс на однесување да се ракува или не со кого сака. Иако ракување имаше, но не требаше тоа да го докажува кабинетот на Иванов.

Иванов требаше кога веќе даде легитимитет на нелегитимниот претседател на законодавниот дом по што се што се случува во Собранието на Република Македонија е нелегитимно да прашува. Секој ден, секој час. И како претседател има право на одговори.

Зошто Владата на СДСМ и ДУИ со одметникот од ДПА до сега реализирале 90% барањата на Сеалбанската платформа? Од кога 25 годишните позиции на Македонија за непроменливост на Уставното име станаа предмет на дебата со можност за решение т.е. ново име? Што тоа колегата Александар Вучиќ го смета за агресивни разузнавачки дејствија кон неговата амбасада и персонал во Скопје и која е третата странска земја која тоа го поддржува?

Иванов
Иванов има право и обврска да побара оставка од Владата на Заев. Не дека тоа ќе се случи но тоа е правен документ кој ќе остани во историјата. Исто како што ќе остани во биографијата на Иванов евентуалното реализирање на импичментот во Собранието на Република Македонија нешто што СДСМ му го подготвува уште од почетокот на годината кога беше умерен околу доделувањето на мандат на Заев.

Иванов има право да повика и на средби и на консултации за најавените промени во името но и најавените промени со новиот закон за употреба на јазиците. Во него безбедносните ограни ќе имаат двојазични униформи. Иако тоа владата на СДСМ перфидно го одигра па во законот не е спомната армијата која е под директна командна одговорност на Иванов. Но тоа не е пречка да праша.

Премногу прашања можеби кај обичниот граѓанин би делувале како немоќ. Но и реално претседателот на државата правно е немоќен да ги реши проблемите но поставените прашања ако правилно се конципираат ќе имаат влијание онаму каде најмногу треба, кај народот на Република Македонија пред кој и Иванов мора да одговара за своите постапки затоа што народот и го бира.

Иванов би било смешно да реагира на комуникации меѓу извршна со извршна власт но кога колегите од Бугарија, Албанија, Косово и Србија реагираат, кабинетот на Иванов можеби не го содледува фактот дека е потребна реакција. И тоа се виде со случајот со Република Србија. Сега македонските власти тврдат т.е. толкуваат што сакаше официјален Белград да каже наместо Иванов да побараше официјален став од македонската влада што се случило но и од Агенцијата за разузнавање која е под негова контрола што е можно да се случило. Иванов можеше да се слушне и со Вучиќ па да побара објаснување од колега.

Притоа едно нешто очигледно не е доволно јасно. Сосема е извесно дека македонската влада, имал Иванов реакции или не,  неговите постапки ќе ги оцени како делување на продолжена рака на партијата која беше на власт и која ја поддржа неговата кандидатура во двата мандати. И тоа најмалку треба да загрижува.

Иванов треба да знае дека дури и негирањето, молкот, недавањето одговори, или административни дописи кои имаат многу текст а малку суштина значат самите по себе и со себе носат големи пораки. Не е потценувачки ако побара оставка од Владата по проценка дека веќе делува противуставно и спротивно од гаранциите. Не е потценувачки ако побара Уставниот суд да ја оцени уставноста и на законот за употреба на јазиците. Не е потценувачки и ако побара објасување од колегите од соседните земји на кое ниво веќе комуницираат соседите?

Иванов

Иванов треба и да побара појаснување за изјавите на Вучиќ но и објаснување и за реакцијата на претседателот на Грција кој официјално ги прими спортистките кои одбија да настапат во натпревар со нашиот национален тим затоа што на нашите дресови пишувало Македонија. Притоа реакцијата на светската федерација за нивно суспендирање е јасна. Зошто грчкиот претседател им честита е нешто што Иванов треба да го праша него.

Иванов може многу, само треба да сака. Нема да ги реши проблемите, но и молкот со кој ќе се соочи, е громогласна тишина, која народот ќе ја препознае како одговор на вистинските намери.

 

Може да ве интересира

иредентизам

Иредентизам кај Македонија и Грција – поим за плашење народ од соседите

Деновиве на балканот, осовено кај нашиот јужен сосед на голема врата се користи поимот иредентизам …

Translate »
error: Content is protected !!