дома / Избори / Локални / Што по изборите?
избори 2017

Што по изборите?

Премногу наивно дел од пониските ешалони и самопрогласени политички аналитичари прогнозираат дека СДСМ по огромната победа на локалните избори ќе повика на пролет на нови предвремени парламентарни надевајќи се дека поддршката која ја имаат втор изборен циклус во кој ВМРО – ДПМНЕ губи од поддршката на електоратот а нивниот е горе – долу стабилен.

Политиколог и аналитичар треба да знае дека ДУИ за влез во извршна власт со ВМРО – ДПМНЕ или СДСМ имаа исти основни барања. Локалните избори од пролетта 2017-та година да се поместат за есенва по секоја цена, а предвремени парламентарни избори да има за 18 до 24 месеци од формирањето на извршната власт.

избори 2017

Како СДСМ на својот коалиционен партнер му ги исполни барањата дотолку повеќе што дури и инсистира коалициониот партнер Алијанса за албанците да ја напушти владината коалиција од причини што Села на овие избори доби гласови за сметка на ДУИ кои ги изгуби сосема е јасно и извесно дека “милом или силом” коалицијата на Села ќе мора да си замине од Булевар “Илинденска” број 2.

Избори ќе има, но како веќе е јасно дека ДУИ преговара со СДСМ за консензуален претседател на државата се повеќе е извесно дека предвремени парламентарни избори се можни заедно со изборите за претседател кои ќе се одржат во април 2019 година.

Она што е исто така симптоматично е што ДУИ целиот свој фокус, а и уцена кон СДСМ ги имаше со неименување кадри за вториот и третиот ешалон од извршната власт каде Села доби и повеќе отколку што очекуваше. Како ги доби така и ќе ги изгуби.

избори 2017

Премногу беше политичка наивна констатацијата на ДУИ дека едноставно немаат време да се фокусираат на изборот на кадри за вториот и третиот ешалон од извршната власт бидејќи се фокусираат на избор на квалитетни кадри за локалните избори. ДУИ беше на власт 9 години претходно со ВМРО – ДПМНЕ и кадровиот капацитет го имаат, дотолку повеќе што од кадри за градоначалници излегоа со речиси комплетно познати имиња кои бараат втор мандат. Првиот го добија со гласовите на ВМРО – ДПМНЕ во 2013 година.

Она што следи е вториот круг во кој Села коалицира со Беса па математиките на ДУИ во 11 општини се сериозно загрозени иако ја имаат за прв пат целосната и директна поддршка од коалиционен партнер од македонскиот блок, СДСМ.

Остануваат гласовите на ВМРО – ДПМНЕ кои се решавачки во 9 од 11-те општини и за кои се преговара, сакало тоа раководството на ВМРО – ДПМНЕ да го признае или не иако стои фактот дека за преговорите да се претстават во погрешно светло се користи и пропаганда од владеачката СДСМ.

избори 2017

ДУИ бара стабилни општини или бројка која драстично да ја намали онаа од освоени единици на локалната власт претходно. Така Ахмети ќе се позиционира повторно како фактор за решавање на албанското прашање во Македонија во име на албанскиот ентитет.

Што по победа на ДУИ и СДСМ?

Прво парламентарното мнозинство на СДСМ со ДУИ иако ќе изгуби 2 пратеници од трите на Села како еден веќе постигна согласност за продолжување на поддршката кон СДСМ останува да се пронајдат уште неколку за коалицијата да не заврши со ризичните 61 пратенички мандат во поддршка.

Според најавите тоа ќе се 5-6 пратеници од коалицијата на ВМРО – ДПМНЕ од помалите политички партии кои веќе преговараат, а добар дел и постигнале договор со СДСМ и ДУИ за поддршка на нивното парламентарно мнозинство но во форма на независни пратеници.

избори 2017

Со поддршка од над 65 пратенички мандати на Заев ќе му е лесно да ги спроведе т.н. реформи кои ги започна за распродажба на државните интереси именувани како договори за добрососетски односи. Иако тука улогата на пратеничките групи на ВМРО – ДПМНЕ не е сосема јасна. Побараа одржување референдум за договорот со Бугарија знаејќи дена нема да имаат поддршка на што Заев добро поткован од спонзорите на неговата втора победа за помалку од 12 месеци јасно одговори. Победата на локалните избори е еднаква на референдум што мислат граѓаните.

Со оглед на тој факт како што СДСМ знае лаички да ја претставува својата поддршка од електоратот сосема е извесно дека 120.000 изгубени гласови на ВМРО – ДПМНЕ ќе ги прикаже како гласови на електоратот кој не ги поддржува политиките на Никола Груевски но ете и не во целост се согласува со политиките на Зоран Заев а во основа ги одобрува поаѓајќи од старата позната изрека дека премолчувањето значи одобрување.

избори 2017

Сега СДСМ и ДУИ иако реално со помал број гласови од оние на изборите за пратеници 2016 година имаат поголем легитимитет да ја продолжат својата надворешна политика и не се нереални очекувањата за брз прием во НАТО, промена на историјата по договорот со Бугарија, промена на историјата и името по договор со Грција, поддршка на Србија која многумина ќе изненади како Косово полека губи од меѓународната поддршка откако Србија јасно стави до знаење дека е државата која има поддршка од цела меѓународна заедница како е новата “железна” завеса меѓу истокот и западот.

Сите овие сегменти, од промена на име, идентитет, модификација на симболи, воведување на двојазичност, кантонизација па федерализација се веќе реалност која СДСМ и ДУИ ќе можат слободно да ја реализираат и тоа се поради хировите на егоцентрици од раководството на ВМРО – ДПМНЕ на кои им треба време, време за длабински анализи како токму тие погрешиле, но во македонскиот плурализам сеуште не се појавил политичар кој ја признал сопствената грешка.

избори 2017

Иако дел од раководството на ВМРО – ДПМНЕ ваквата состојба ја оценува како поволна. Тие ќе молчат додека не започне раскрчмувањето со националниот идентитет и суверенитет за потоа да се појават како бранители на истиот кои ете нешто се обидуваат ама ги надгласуваат обидувајќи се да поентираат на националната карта.

Таквите кадри се токму директните виновници за поразот на локалните избори со што членстовото и електоратот ќе им ја испорачаат истата порака. И колку тоа ВМРО – ДПМНЕ го осознае побрзо, можеби за Македонија и ќе има иднина.

Може да ве интересира

иредентизам

Иредентизам кај Македонија и Грција – поим за плашење народ од соседите

Деновиве на балканот, осовено кај нашиот јужен сосед на голема врата се користи поимот иредентизам …

Translate »
error: Content is protected !!