дома / Мислења и Предлози / Ваше мислење / Што прави Иванов со предлозите Костадиновски и Кадриу да се идни уставни судии?!

Што прави Иванов со предлозите Костадиновски и Кадриу да се идни уставни судии?!

Што прави Иванов со предлозите Костадиновски и Кадриу да се идни уставни судии?!

Претседателот Иванов покрај моќта да ги премолчува сите битни општествено политички настани и способноста секогаш кога државата е пред политички колапс да е на безбедна далечина од неколку илјади киломентри со последниот гест потврди дека најверојатно не знае како се поставени политичките сили на партиите во Македонија па мисли дека е во коалиција со ДУИ која во неговите два мандати не го признава за “жив”.

Иванов искористувајќи го уставното право да предлага двајца судии во Уставниот суд на Република Македонија по завршувањето на мандатот на уставните судии Наташа Габер Дамјановска и Г’зиме Старова кои на оваа функција беа избрани по предлог на тогашниот претседател на Републиката Бранко Црвенковски во 2008 година.

Новите имиња овој пат на предлог на претседателот Иванов се Дарко Костадиновски и Осман Кадриу. Првиот свовремено шеф на одделние во претседателскиот кабинет ама на Црвенковски а вториот “толкувач” за промени на Уставот во контекст на употребата на албанскиот јазик како втор службен.

Иванов очигледно не ги познава Костадиновски и Кадриу за кои по работните биографии знаеме дека:

Дарко Костадиновски е доктор на правни науки на Универзитетот„ Свети Кирил и Методиј“ од областа на меѓународното право. Докторирал на тема „Советодавната надлежност на Меѓународниот суд на правдата: правни последици од советодавните мислења на Судот“ и е автор на книгите „Меѓународна Арбитража“ и „Меѓународниот суд на правдата – неопходност од реформи и промени (Советодавните мислења на Судот и нивните импликации)“. Костадиновски како предлог за уставен судија, доаѓа од местото државен советник за надворешна политика во кабинетот на Претседателот на Република Македонија. Член е на кабинетот на Претседателот од 2001-та година во тогашниот кабинет на претседателот Борис Трајковски. Од 2006 година продолжува неговиот ангажман, раководејќи со одделението за Европската Унија и НАТО во кабинетот на претседателот Бранко Црвенковски. Тој во 1998 година работел на проект на УСАИД за подготовка на закони во Собранието на Република Македонија и бил набљудувач во рамки на проектот на Советот за радиодифузија за мониторинг и анализа на електронските медиуми. Во 2015 година, Костадиновски е назначен на функцијата пратеник на Република Македонија во Алијансата на цивилизациите на Обединетите нации.

Осман Кадриу е истакнат и реномиран правник во Република Македонија. Како предлог за уставен судија доаѓа од академската заедница, како професор на Факултетот за правни науки на ФОН, експерт во областа на облигационото право. Тој има повеќедецениски стаж во областа на правните науки како судија во Општинскиот суд во Кичево, член на Републичкиот судски совет и адвокат. Повеќе од десет години, д-р Кадриу бил ангажиран како професор на Правниот факултет на државниот универзитет во Тетово во граѓанско-правната област. Постдипломските студии во областа на граѓанско-правната област ги завршил на правниот факултет во Белград, а има докторирано на истиот факултет на тема „Незаконитиот престанок на работен однос и одговорност на претпријатието за штета”. Д-р Кадриу има објавено 4 книги од граѓанско-правната област, трудово-правните односи и политичкиот систем. Автор е на повеќе од 50 библиографски единици-научни теми и статии објавени во познатите стручни списанија во Македонија и странство.

Но Кадриу беше познат по своите академски залагања против Законот за забрана за објавување на нелегално стекнатите аудио снимки од нелегалното прислушкување како нивното потекло и нарачател не се познати на органите на прогонот. Тогаш Кадриу сметаше дека народот има право за слушне се па потоа судските истанци ќе си преземат она што е од нивни интерес. Симпатично е што Кадриу немаше коментар кога Заев реши да прекине со објавување на т.н. “бомби” во кои политичарите од албанскиот етникум составен дел од власта изминатите 9 години ги немаше никаде.

Тоа беше во 2015 година за во 2017 година да биде еден од консултираните експерти за Законот за употреба на јазиците кои го конципираа СДСМ и ДУИ за кој Кадриу има прилично високо мислење но само ако прво неговите членови станат составен дел од измените на Уставот. Патем ДУИ го повика Кадриу за мислење.

“Дел од тие барања кои се инкорпорирани во предлог законот за јазиците, излегуваат од Уставот. Треба да се направи дистинкција меѓу одделни прашања кои се уредуваат со закон, и тие прашања кои прво треба да се уредат со Уставот.”

Кадриу забелешка има и за компликациите врз работата на судската власт:

“Прашање кое е најпроблематично и околу кое има дијаметрално спротивставени стојалишта меѓу СДСМ и албанските партии се постапките пред судовите и постапките пред управните органи. Се предлага да се овозможи во судската власт, во случаи кога учесниците во постапката се од албанска националност, судија, обвинител, странка, не само да зборуваат на албански, тоа и сега е регулирано, туку постапката да се води на албански јазик, а тоа е сложена работа и сложена постапка.”

Она што е симптоматично е што Кадриу има забелешки за Законот но нема проблем со истиот ако прво се извршат Уставни измени. Притоа тоа е истиот оној Кадиу кој по барањето на Али Ахмети од тогашниот американски амбасадор Пол Волерс да има меѓународен мониторинг на случајот “Монструм” изјави:

“За тој случај е донесена првостепена одлука и според најавите најверојатно одбраната ќе ја обжали одлуката, а можно е тоа да го стори и обвинителството. Да видиме како ќе тече случајот, но јасно е дека „Монструм“ треба да се решава во рамките на нашиот правен систем. Откако нашата одлука ќе стане правосилна, осудените може правдата да ја бараат пред европскиот Суд за чoвекови права во Стразбур. Ова е правниот пат и само судот што го води претресот може релевантно да зборувa.”

Случајот “Монструм” во своите предуси деновиве падна на Врховен суд и истиот ќе има меѓународен мониторинг во понатамошниот процес.

Кадриу беше обвинет и за соработник со тајните служби во СФР Југославија при што беа објавени неколку документи за 1981 и 1982 година како службени белешки на Службата за внатрешни работи од Кичево – Служба за државна безбедност. Кадриу изјави дека белешките се извадени од контекст и дека тој бил жртва на тогашните служби за безбедност а не нивни соработник иако во тој период Кадиу е секретар во општинското Собрание на Кичево.

Патем Кадриу бил и в.д. директор на Хелсиншкиот комитет во 2011 година но во периодот за кој тврди дека бил жртва на социјалистичкиот режим Кадриу е избран и за судија во Кичевскиот суд но и негов секретар во одреден период додека во 1994 година кога на политичката сцена владееше СДСМ беше избран и за член на Републичкиот судски совет на Република Македонија.

Колку има основ сомнежот дека Кадриу е јасно позициониран затоа што се што појаснил како ескперт владата на Заев го игнорирала и колку вечниот “кабинетски” човек Костадиновски има или не политичка основа ќе се покаже на гласањето во законодавниот дом каде кандидатите на Иванов за нивниот деветгодишен мандат треба да ги одобрат во основа пратениците на СДСМ и ДУИ.

Може да ве интересира

Зоран Заев

Дали Заев и подготвува на Република Македонија “Букурешки договор III дел?!”

Македонската надворешна политика, во однос на Република Грција како наш јужен сосед, кој не ни …

Translate »
error: Content is protected !!