дома / МКД / Koj e? / Силвана Бонева или втората прва дама на ВМРО – ДПМНЕ
Силвана Бонева

Силвана Бонева или втората прва дама на ВМРО – ДПМНЕ

Доскорешниот член на Државната изборна комисија од редовите на ВМРО – ДПМНЕ, Силвана Бонева на пошироката јавност и е позната по неколку афери кои се објавија во јавноста иако никогаш не резултираа со судски епилог. Едната беше преголемите суми за патни трошоци, а втората беше доделувањето екстра плати како награда за добро сработената работа во Државната изборна комисија. Но и за првата и за втората афера колегите од СДСМ не изостануваа многу, дотолку повеќе и ја надминаа Бонева.

Силвана Бонева

Патем која е Силвана Бонева и зошто за неа знаеме само од овие афери?

Силвана Бонева е родена на 21 август 1959 година во Струмица. Малкумина знаат дека таа своето образование го започнала во нижото музичко школо во Струмица, а продолжила и во основното и средното. Од каде љубовта кон музиката преминала кон правото не е познато но Бонева се запишува на Правниот факултет при Универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје каде и дипломира. Магистрира на Универзитетот Гоце Делчев во Штип како магистер по применета политика и дипломатија.

Бонева својот работен век го започнува во Работничкиот Универзитет Јоска Свештарот во Струмица како секретар во периодот од 1986 година до 1993 година. Од 1993 година до 1995 година е заменик директор на установата а од 1994 до 2002 година е нејзин директор.

Силвана Бонева

За пратеник при законодавниот дом за прв пат е номинирана и избрана на изборите во 2002 година а на таа функција останува се до 2015 година.

Од политичкото искуство кај Силвана Бонева може да се истакне почетокот како советник при Советот на општина Струмица во периодот од 2000 година до 2002 година кога е избрана за пратеник во Собранието на Република Македонија. Кон крајот на мандатот од 2005 година до 2006 година Бонева е и координатор на пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ.

За пратеник е избрана и во периодот 2006 година до 2008 година но и 2008 година до 2011 година како и 2001 година до 2014 година. И во трите мандати Бонева е координатор на претеничката група на ВМРО – ДПМНЕ.

Силвана Бонева

За пратеник последно е избрана на предвремените избори во 2014 година и на таа функција останува се до 2015 година кога е избрана за член на Државната изборна комисија.

Партиските активности и е поприлично истакнати. Иако ретко кој го знаеше името Силвана Бонева пред пет години.

Таа е член на ВМРО – ДПМНЕ од 1990 година од самото основање.

Во 1996 година е учесник и еден од иницијаторите за основање на Унијата на жени на ВМРО – ДПМНЕ која како идеја целосно е проект на Ратка Димитрова, мајка на актуелниот министер за надворешни работи Никола Димитров.

Во 2000 година е избрана за претседател на општинската конференција на Унијата на жени на ВМРО – ДПМНЕ во Струмица, а во периодот од 2000 година до 2004 година е и потпретседател на Републичката конференција на Унијата на жени на ВМРО – ДПМНЕ. Во тој период ја извршува и партиската функција портпарол на Изборниот штаб на ВМРО – ДПМНЕ за локалните избори.

Во 2004 година е избрана за Претседател на Унија на жени на ВМРО – ДПМНЕ за периодот 2004 година до 2007 година. За прв пат за член на Извршниот но и Централниот комитет на ВМРО – ДПМНЕ е избрана во периодот 2004 година до 2007 година. Бонева била и претседател на статутарната комисија на ВМРО – ДПМНЕ за истиот период но била и претседавач на работното претседателство на Конвенцијата за избор за кандидат за претседател на државата како и претседател на комисијата за преговори за коалицирање со други политичка партии во периодот од 2004 година се до 2011 година.

Во 2005 година е и претседател на Републичкиот изборен штаб на ВМРО – ДПМНЕ за локалните избори но и координатор на изборната единица 4 и дел од изборната единица 2.

Силвана Бонева

Во 2006 година Бонева е носител на листата за пратеници на ВМРО – ДПМНЕ во изборната единица 4 на парламентарните избори. Додека од 2006 до 2008 година е и претседател на кадровата комисија на ВМРО – ДПМНЕ.

Во 2007 година е претседавач на работното претседателство на Конгресот на ВМРО – ДПМНЕ во Штип каде е избрана и за член на Централниот и за член на Извршниот комитет во периодот од 2007 година до 2011 година. За истиот период повторно е избрана на функцијата претседател на статутарната комисија. Во овој период Бонева е и член на преговарачкиот тим со ДУИ за дефинирање на обврските што произлегуваат од Охридскиот рамковен договор.

Во 2009 година на локалните изботи е кандидат за градоначалник на општина Струмица од коалицијата “За подобра Македонија”. Во 2011 година Бонева е пак во работното претседателство на Конгресот на ВМРО – ДПМНЕ како член, повоторно е избрана за член на статутарната комисија за периодот 2011 година до 2015 година како и член на Извршниот комитет на ВМРО – ДПМНЕ за истиот период но и член на Републичкиот изборен штаб.

Во 2015 година до 21 ноември 2015 година е член на Извршниот комитет на ВМРО – ДПМНЕ, член на статутарната комисија на ВМРО – ДПМНЕ и член на Републичкиот изборен штаб на ВМРО – ДПМНЕ.

Силвана Бонева

Во основа Силвана Бонева не е само пратеник од редовите на ВМРО – ДПМНЕ која знаела да прави големи патни трошоци, туку поминала низ сите големи и мали функции по хоризонталните и вертиланите хиерархии низ политичката партија ВМРО – ДПМНЕ.

Во 2015 година од редовите на ВМРО – ДПМНЕ е именувана за член на Државната изборна комисија од каде неодамна како и останатите членови поднесува оставка.

Бонева во периодот од 2000 година до 2002 година е основач на граѓанското здружение “Деница” кое во повеќегодишното постоење има реализирано голем број хуманитарни, едукативни и проекти од областа на екологијата и културата, а најуспешен проект е детскиот младински центар “Вавилон”.

Во периодот од 2003 година до 2006 година е заменик претседател на интер партиската парламентарна лоби група за правата на лицата со хендикеп а од 2006 година до 2015 година е нејзин член.

Бонева е специфичен тип на политичар кој не го затвота ѕидот на својот ФБ профил каде објавува тековни но и семејни работи. Не ги смета за невкусни честите навреди и напади кои ги добива но затоа пак е единствен политичар за кој знаеме дека одвојува доволно време на секого со кого не дели став или мислење или оној кој го побарал од неа истото да го одговори во приватна порака по социјалните мрежи.

Бонева не беше поштедена од нелегално стекнатите аудио записи кои ги објавуваше опозицијата па беше слушната како се бори за да го собере пратеничкиот состав за гласање, како се консултира т.е. го информира поранешниот претседател на партијата дека она што го гледа на терен наликува на класичен рекет кој го прави нејзината партија. За ова од СЈО Бонева е повикана неколку пати на распит во својство на сведок.

Силвана Бонева по оставката во ДИК останува без партиски и политичко општествени функции. За прв пат по 17 години. Она што можеби би одговарало иако задоцнето на ваквата импозантна биографија на политичар од ковот на Бонева е одговор на прашањето, дали ВМРО – ДПМНЕ последните пет години од владеењето започнала како партија и раководство да се однесува надвор од законските и прокламиреаните идеолошки вредности?

И ако сметала дека е така, што во дел имавме можност да го слушнеме од нелегално стекнатите аудио можеби е време да појасни што и се случило на ВМРО – ДПМНЕ во 2012 година од кога е очигледно изместувањето од демократскиот курс на политичката партија.

Впрочем по партиското педигре Бонева за некој кој доаѓа од “провинција” е втората прва дама на ВМРО – ДПМНЕ, по Димовска која дефинитивно иако покојна сеуште го држи тој примат.

Може да ве интересира

Миле Јанакиески

Миле Јанакиески, човекот кого “работата” едноставно го сака

Кога некој странец би ја читал биографијата на Јанакиески и да не ја знае ќе …

Translate »
error: Content is protected !!