дома / Регион / Црна Гора / Собранието на Црна Гора ја усвои фискалната стратегија на ЦГ за 2020 година
црна гора

Собранието на Црна Гора ја усвои фискалната стратегија на ЦГ за 2020 година

Собранието на Црна Гора ја усвои фискалната стратегија на ЦГ за 2020 година, како и измените и дополнувањата на Законот за данок на додадена вредност и акцизи. Основните измени се однесуваат на зголемување на стапката од 19 на 21 отсто што ќе се применува од 1 јануари 2018 година и би требало да придонесе за создавање поголеми буџетски приходи.

Министерот за финансии, Дарко Радуновиќ, објасни дека во фискалната стратегија се дефинирани целите и приоритетите на економската политика, а фокусот е ставен на фискалната консолидација.

При носењето на фискалната стратегија се редефинира социјалната политика, а се водело сметка за заштита на одредени категории жители, особено на пензионерите. Со неа се предвидува намалување на дискрециската потрошувачка до ниво што нема да го доведе во прашање функционирањето на потрошувачките единици. Ефектот од тоа ќе биде намалување на буџетскиот дефицит и од 2020 година да се влезе во зоната на суфицит од 4,5 отсто од бруто-домашниот производ.
Измените во Законот за акцизи предвидуваат измена на акцизните стапки кај производите, кои не влијаат директно на стандардот на граѓаните, односно кај тутунските производи, етил алкохол и газирана вода со додаток со шеќер.

За овие производи е утврден акцизен календар, со кој акцизите ќе се зголемуваат еднаш годишно во период до 2020 година. Се воведуваат и два нови акцизни производа – несогорувачки тутун и течности за полнење електронски цигари. Нов акцизен производ е и јагленот и за него ќе се плаќа акциза од 1 јануари 2019 година. Со измените и дополнувањата на Законот за ДДВ се предвидува и намалување на граничната вредност за комерцијалните поштенски пратки за кои не се плаќаат царински трошоци и ДДВ, од 150 на 75 евра.

Може да ве интересира

самит на Јадранската повелба

Во Подгорица ќе се одржи самит на Јадранската повелба

Денеска во Подгорица ќе се одржи самит на Јадранската повелба на кој ќе учествува потпретседателот …

Translate »
error: Content is protected !!