дома / Техника / Специјална верзија на Нокиа 3310 која на себе ги има гравирано ликовите на Владимир Путин и Доналд Трамп (фото)
нокиа

Специјална верзија на Нокиа 3310 која на себе ги има гравирано ликовите на Владимир Путин и Доналд Трамп (фото)

Руската компанија Caviar, која се занимава со скапоцено украсување и разубавување на мобилните телефони, направила специјална верзија на Нокиа 3310 која на себе ги има гравирано ликовите на Владимир Путин и Доналд Трамп.

Телефонот е позлатен и чини 2200 евра, пишува „The Verge“.

Ликовите на американскиот и рускиот претседател се гравирани на позадината на телефонот.

Овој специјален модел на Нокиа 3310 направена е  во чест на средбата на двајцата лидери на Самитот Г20 во Хамбург.

Нокиа

Средишниот тастер на телефонот е логото на Г20 самитот, додека куќиштето е направено до алуминиум. Датумот и местото на самитот исто така се гравирани на позадината.

Компанијата Caviar на својот сајт напишала дека Трамп и Путин гледаат во иста насока како симбол на „заедничката желба за прогрес во руско – американските односи“.

Може да ве интересира

елон маск

Погледнете ја визијата на Елон Маск за подземна транзит мрежа на тунели каде автомобилите патуваат и се движат на шини со 130 километри на час (видео)

„Боринг Компани“ е инфраструктурна компанија основана од страна на Елон Маск, кон крајот на 2016 …

Translate »
error: Content is protected !!