дома / МКД / Станува ли ВМРО – ДПМНЕ партија на одлични колумнисти?!
вмро - дпмне

Станува ли ВМРО – ДПМНЕ партија на одлични колумнисти?!

Староновиот извршен комитет на ВМРО – ДПМНЕ отвори многу прашања на кои претседателот на ВМРО – ДПМНЕ требаше да даде одговори веднаш по именувањето на новите, а и реизборот на старите членови.

Никола требаше да одговори прво колку претходните лоши кардови политики се негова одговорност, а колку лична? Груевски требаше да појасни дали е свесен дека СДСМ со ДУИ го повторуваат сценариото познато како 2002-ра година и зошто воопшто преговарал со ДУИ на засебни средби со Ахмети откако убаво било посочено дека овој пат ДУИ едноставно мора да коалицира со СДСМ.

вмро - дпмне

Никола треба да даде одговор зошто молчи човекот кој го има и клучот и механизмот за спречување на распродажбата на македонската историја, постоење и идентитет, претседателот Иванов кој има каква таква гаранција од Заев дека до тоа нема да дојде?

Зошто ВМРО – ДПМНЕ од 2009 година ниту еднаш не ја поддржал умерената ДПА која остана верна на заветот на Арбен Џафери па оваа политичка партија во своето постоење на власт била за време на владеењето на ВМРО – ДПМНЕ 1998 – 2002 година и 2 години од 2006 до 2008 година по што ВМРО – ДПМНЕ под уцени започна коалиција со ДУИ.

ДПА и актуелниот и претседател Мендух Тачи го немаат можеби трпението на нивниот основач но ја имаат мудроста и во изминатите 8 години упорно ја поддржуваа владата на ВМРО – ДПМНЕ како опозициона партија нешто што го платија со распад на партијата и формирањето на Алијансата на Села. Во основа Никола треба да е свесен дека е директна причина за подемот и успехот на Зијадин Села.

вмро - дпмне

Никола не одговори и каква опозиција ќе бидат во парламентот каде до скоро имаа 51 пратеник и зошто громогласо молчат додека дебатираат 5 – 6 пратеници кои и ја знаат тематиката и го владеат ораторството и знаат како да поентираат. Остана ли собранискиот канал на МРТВ единствениот медиум преку кој ВМРО – ДПМНЕ може да му се обраќа на јавноста?

Никола за крај не го даде ни јасниот одговор, ако констатира дека системот во партијата во добар дел “закажал” низ годините, тогаш виновни се или кадровницте кои не го информирале за шерифскиот однос на единките или бил свесен па премолчил. Колку од ваквиот вид кадрови решенија беа негов личен избор? За чиј избор најмногу се кае и дали на новоименуваниот извршен комитет му остава целосно отворени раце? Иако дел од одговорите по овие избори не се позитивни.

Извршниот комитет беше пробен балон за две нешта. За инстант модернизирање и подмладување на највисокото партиско тело иако дел од старо – новите членови треба да си поднесат одговорност како поединци и изгубија на градоначалнички избори во своите родни градови со бројна разлика која не била забележава во постоењето на ВМРО – ДПМНЕ. Но тоа се и резултати на егоистичните анализи кога некој те убедува дека победата ти е сигурна, дека по анализи водиш со двоцифрен број, прашање е дали ќе победиш во првиот круг или ќе ги “прегазиш” во вториот.

вмро - дпмне

Втор круг немаше.

Основното прашање е на кој начин извршниот комитет се самораспушти, реорганизира и самопрогласи? Статутот на партијата е јасен но енигми останаа кадрови решенија за кои дали денес дали по десет години некој ќе мора да даде одговор.

Од каде Никола Србов член на извршен комитет? Од каде Богдан Илиевски член на извршен комитет? Владееше ли здравиот разум со именувањето на колумнистиве дека се фрла пепел на едни чисти народни мисли и побуни? Конкретно граѓанската иницијатива за “Задничка Македонија” со ова се исполитизира до крајни граници иако сеуште не сме виделе снимка, а ни појаснување од Илиевски каде беше на 27-ми април? Неговите колеги Дурловски и Дамовски беа на собраниската говорница.

вмро - дпмне

Или Илиевски за некој во ВМРО – ДПМНЕ е Али Ахмети па беше згрижен?

Едноставно не е можно изборот на извршниот комитет да не се поврзе и со аналитичкиот центар. Кој е Владимир Божиновски? Што Божиновски може на своето конто да запише како успех кој и го овозможил на ВМРО – ДПМНЕ? И не. Не е аналитика ако од ОК бараш бројка на гласачи за партијата од претходните избори, претпоставуваш колку од нив реално може да излезат на гласање па компарираш со бројката од излезеност на гласачкото тело на противникот сметајќи дека од големите силни молчења и премолчувања во законодавниот дом за раскрчмување на татковината им проработил моралот па нема да гласаат и волшебно вадиш победнички процент на предложениот кандидат.

И тоа без опција. На извршен комитет нудиш три добитни кандидати и нудиш до нивните имиња % предност пред противкандидатот. Но таа математика нема врска со логиката на терен. И тоа не е можност, а ни опција за изговор. Одговорноста по ваков пораз не е предмет на дискусија и длабинска анализа, таа се реализира.

Но не ги заборавивме ни фигурите кои изостанаа од претходниот состав на извршниот комитет, а сепак од сенка беа дел од одлуките. Некој од ВМРО – ДПМНЕ треба да даде одговор што на име вработен работат во партијата Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Мартин Протоѓер? Што им е опис на работно место и како ги регулираат работните часови? Тој некој повторно е Никола Груевски.

Битно скоро секој делегат е брижно згрижен како советник и раководните функции се доделуваа како од ракав. А за тоа секако се очекува повратна услуга.

Имено никој нема да дозволи Никола така едноставно да си замине од ВМРО – ДПМНЕ. Не. Тоа можеше да го направи политичар од ковот на Бучковски и Хари Костов. Пред некој да го напушти ВМРО – ДПМНЕ од политичка што морална одговорност мора да поднесе отчет за сработеното.

Не мора на висококвалитетна хартија уште помалку на 600 страници. Може и на тетратка со коцки.

Може да ве интересира

Зоран Заев

Дали Заев и подготвува на Република Македонија “Букурешки договор III дел?!”

Македонската надворешна политика, во однос на Република Грција како наш јужен сосед, кој не ни …

Translate »
error: Content is protected !!