дома / МКД / Koj e? / Стево Пендаровски – “граѓански активист” со стаж во МВР
Стево Пендаровски

Стево Пендаровски – “граѓански активист” со стаж во МВР

“Oвие избори ќе бидат референдум за Република Македонија. Или диктатура или демократија, слобода, праведна и напредна Република Македонија. Друг избор нема. Затоа сите заедно качувајте се во возот кој води кон демократска, европска и праведна Република Македонијa.” изјави Стево Пендаровски на 27 март 2016 година.

Стево Пендаровски

Иако изборите се одложуваа два пати, за на 11 декември, СДСМ повторно да ги изгуби, но и да успее да формира влада со ветување кон албанските политички партии, за реализација на нивните барања од Сеалбанската платформа, за која сеуште тврдат дека ниту постои ниту ја виделе.

Патем кој е “граѓанскиот активист” Стево Пендаровски?

Пендаровски е “џандарско” дете кое работа во полицијата добива токму од оние против кои денес плука. Од ВМРО – ДПМНЕ, а на барање на Павле Трајанов. Иако официјално не се знае почетокот на неговата активност во “граѓанскиот” сектор во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија и неговите одделенија се знае дека тоа започнува некаде кон крајот на 80’тите година.

Стево Пендаровски

Се викаa славните “осуммина”.

Започнаа да се групираат без знаење на тогашниот шеф на Секретаријатот Јован Трпеновски кон крајот на месец септември до почетокот на месец ноември таа 1989 година како партиски секретари на Сојуз на комунисти на Македонија во Републичкиот секретаријат за внатрешни работи или РСВР.

Осуммината тогаш беа тајна. Денес ги знаеме како Павле Трајанов – Слободан Богоевски – Александар Диневски – Гроздан Цветковски – Беџет Беџети – Јован Чамински – Станое Богев и Миле Илиевски.

Од самиот почеток Трпеновски своевремено од положбата на Јавен обвините 1977 година и лично налагал апсење на Драган Богдановски кој е киднапиран во Париз од Југословеснките безбедносни служби и осуден на 13 години затвор, а лустиран 1988 година.

Стево Пендаровски

Во едно обвинение од 1979 година кое Трпеновски го покренува против непознато лице за националистичко и сепаратистичко држење јасно го позиционира ставот каде му е местото и на Богдановски но и на Ченто.

“Во периодот од 1977 година до март 1979 година лицето постојано истапувало непријателски кон СФР Југославија. Во КПД “Идризово” во спалната соба зборувал дека СР Македонија не е слободна туку е под ропство на Србите и на Југославија.

Зборувал дека вистинските Македонци се наоѓале во странство и дека за него вистински раководители биле некојси Богдановски и Ченто.

Дека постоела македонска емигрантска организација што се бори за ослободување и за отцепување на СР Македонија од СФРЈ и дека по излегувањето од затвор ќе замине во странство и ќе се вклучи во таа организација во која членувал и претходно.”

Иако е јавна тајна дека меѓу неговите “омилени мети” биле и Анте Поповски и Гане Тодоровски.

Стево Пендаровски

Трпеновски од осуммината го суспендира само Слободан Богоевски. Но набрзо започнува распадот на СФР Југославија и ја повлекува својата одлука и ги фаворизира фамозните “осуммина.”

Јован Трпеновски по осамостојувањето многупати е виден како изразува јавна поддршка на оние кои ги прогонувал, а неговите последни активности беа во поддршка на барањата на шарената т.н. револуција како партиска “граѓанска” активност на “граѓанскиот” сектор на СДСМ.

Стево Пендаровски

На Стево Пендаровски вработување во полицијата му предлага Гроздан Цветковски кој подоцна е директор за аналитика во Агенцијата за разузнавање, а Павле Трајанов кој тогаш е потсекретар за јавна безбедност го прифаќа како свој кадар.

Стево патем не беше обичен портпарол во МВР или како тоа и официјално се толкува денес помошник министер за внатрешни работи за односи со јавноста. Пендаровски беше началник на Управата за аналитика и истражување во Министерството за внатрешни работи или тогаш позната и како четвртата барака – лево.

Стево Пендаровски

Опис на работа?

Согласно периодот кога мобилната телефонија, а и интернетот ни беа во развој се читаа весници – се следеа радио и ТВ медиуми и се “внимаваше” на новинарите кои често беа “внимателно” опоменувани за “професионалноста и објективноста” во своето работење.

Тоа е тој “граѓански” порив кај Стево кој денес се премолчува?

Од 1998 до 2001 година Стево е во МВР но очајно сака да се тргни од таму пред војната во Македонија што благодарение на препораки од негов пријател и сугестија од Доста Димовска која сака теренски играчи со кои треба да се спречи терористичкиот напад врз Македонија, а не да ја преиспитува нивната доверба па е распределен на новото работно место советник за национална безбедност и за надворешна политика на претседателот Борис Трајковски.

Стево Пендаровски

Димовска така полесно може да ги следи активностите на Пендаровски.

Мостарската трагедија на 26 февруари 2004 година го затекнува Пендаровски во Даблин каде што тој патува со владината делегација предводена од премиерот Црвенковски за да ја поднесе кандидатурата на Македонија за членство во ЕУ.

И да. По протокол Стево требаше да биде во “Кингерот”.

Тоа што станува “близок” и кон СДСМ и кон ВМРО ДПМНЕ го искористува да ја надополни празнината па од член во кабинетот на претседателот на Собранието Љупчо Јордановски ескпресно во периодот 2004 – 2005 година станува и претседател на Државната изборна комисија.

Доволно добар и непартиски за да од 2005 до 2009 година повторно го заземе местото советник за национална безбедност и за надворешна политика овој пат на претседателот Бранко Црвенковски.

Стево Пендаровски

Секако чин на благодарност. Изнудена брагодарност. Црвенковски ќе си каже.

Пред крајот на мандатот на Црвенковски на Пендаровски на маса му се става амбасадорското место во НАТО кое го одбива.

Иако официјално нема партиска книшка од СДСМ во 2010 година Пендаровски се вклучува во партискиот дипломатски совет како и во советот за НАТО и ЕУ интеграции како надворешен непартиски член.

Советот го води Илинка Митрева и го има истиот став за “непартизмот” на Пендаровски како и пред 1998 година.

Стево е актуелен носител на петтиот столб од програмата на СДСМ како непартиски член и човек од “граѓанскиот” сектор кој цел свој живот го поминал како државен чиновник!? Ништо од прокламираните петте столба преку програмата за живот не е реализирано.

Стево Пендаровски

Зошто се толерира Стево и од СДСМ и од ВМРО – ДПМНЕ? Многу едноставно.

Тој беше дел од тимот кој со претседателот патува во Букурешт на самитот на НАТО. Со самото тоа по случајност е и сведок на сцената кога и Груевски и Црвенковски се согласиле Македонија да го прифати името Република Македонија – Скопје како компромис за државата да стане членка на Алијансата.

Нешто што Груевски одбива да го признае до денешен ден, а ништо помалку и Црвенковски. Профит од тоа остварува само Пендаровски знаејќи дека “информациите” имаат цена.

Пендаровски за медиумите во екот на политичката криза ќе изјави: “За жал спаѓам во онаа мала група на луѓе кои едноставно не може да ги купиш со пари.”

Претпоставувам дека “граѓански активист” е модерен израз за лица кои работеле за безбедносните структури во државата.

 

Може да ве интересира

Кој е Срѓан Керим или човекот “медал”?

Срѓан Керим или човекот “медал”   Срѓан Керим или човекот за сите власти и општествени …

Translate »
error: Content is protected !!