дома / Мистерии / Таен надзор на човештвото: „Петте очи“ ја надгледуваат комплетната комуникација на планетата (видео)
петте очи

Таен надзор на човештвото: „Петте очи“ ја надгледуваат комплетната комуникација на планетата (видео)

Системот  ECHELON е тајно име за систем за надгледување, собирање на податоци на мрежите како и нивни анализи, а со кој управуваат САД, Австралија, Канада, Нов Зеланд и Велика Британија, попознати како „Петте очи“.

Системот е направен во доцните шеесетти години наминатиот век за да ја надгледа комуникацијата на СССР со источноблоковските сојузници за време на Студената војна. Формално е поставен во 1971 година.

Кон крајот на дваесеттиот век, системот ја прераснал својата првична намена и станал глобален систем за пресретнување на приватните и комерцијални комуникации.

системот
фото:Профимедиа

Инаку, системот има и бројни други имиња кои ги користат тајните служби,а британскиот Гардијан на времето сумираше и ги анализираше случувањата околу овој шпионски проект.

Во 1972 година поранешен аналитичар на НСА Пери Фелвок под псевдонимот Винслоу Пек, прв предупреди за ECHELON откривајќи а глобалната мрежа за прислушување и неговите искуства работејќи таму.

Иако не постојат прецизни информации, се претпоставува дека системот е во состојба да обработи пет милиони разговори секој ден, во што се вклучени не само телефонски туку и комуникацијата преку интернет, мејл, факсови…

Некои извештаи зборуваат дека со системот управува американска НСА и дека тие одредуваат кој ќе биде следен, па така во минатото се случило француската влада да ги обвини САД дека го злоупотребуваат системот за да им обезбеди предност на своите компании врз конкуренцијата.

Џејмс Вулси, поранешен шеф на ЦИА, индиректно тоа и го признал но образложил дека тие го неутрирале ефектите на француското „поткупување“ низ светот, иако и индустриската шпионажа е кривично дело. Системот е направен така да има мрежа од големи радио – антенски станици кои се лоцирани во САД, Италија, Англија, Турција, Нов Зеланд, Канада и Австралија.

Кога ќе собере сирови информации, системот наводно, бара клучни зборвои или адреси за да го намали бројот на информации кои одат на понатамошна обработка.По тоа, сето се проследува во централата Менвит Хил во Велика Британија, а по второто квалификување во база на НСА во Мериленд.

Постои податок дека системот има околу 2500 станици кои ја покриваат севкупната комуникација на планетата, а во системот се вклучени и голем број на сателити.

Инаку, Американците и НСА тврдат дека основата улога на ECHELON е заштита на националната безбедност, но се шпекулира дека системот се користи и за индустриска шпионажа,а наводно постои и мрежа на меѓународни компании кои тие информации ги купуваат.

(Kurir.rs/Wikipedia/Darkgovernment)

Може да ве интересира

Дали е здрав Али Ахмети? Дали неговиот потпис правно вреди 5 пари?

Дали е здрав Али Ахмети? Дали неговиот потпис правно вреди 5 пари? Претседателот на ДУИ …

Translate »
error: Content is protected !!