дома / МКД / Koj e? / Теута Арифи или првата “дама” на СДСМ
Теута Арифи

Теута Арифи или првата “дама” на СДСМ

Арифи е родена на 19 октомври 1969 година во Тетово. Иако Радмила Шеќеринска е заведено дека во СДСМ своите активности ги започнува околу 1992 или 1993 година Арифи сепак е “постар член” на СДСМ.

Теута Арифи

Теута завршува Филолошки факултет – отсек албански јазик и книжевност на Приштинскиот Универзитет во 1991 година кога и започнува да работи како колумнист за косовскиот неделник “Коха”. 1992 година заминува на студентска размена на Институтот за женски лидерства во Санта Фе, Њу Мексико, САД. 1995 година магистрира Философија на Универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје.

Од 1992 година Арифи е и водител во радио Дојче Веле во одделот за Југоисточна Европа и на оваа фукнција повремено останува се до почетокот на милемиумот.

Во 1995 година на 6 март со решение број 17-637/2 објавено во “Службен Весник на Република Македонија” Теута Арифи е именувана за советник во Владата т.е. кабинетот на премиерот Бранко Црвенковски. Следната 1996 година на 1 април со решение број 17-1042/2 објавено во “Службен Весник на Република Македонија” Арифи е прераспределена како советник во министерството за надворешни работи на Република Македонија, поточно советник на министерот за надворешни работи. Оваа функција во 1996 година ја извршува Љубомир Фрчкоски. Од служба е ослободена со решение за разрешување донесено на 20 јануари 1997 годиина со број 17-44/2 објавено во “Службен Весник на Република Македонија”. Во тоа време надреден министер и беше Благој Ханџиски.

Теута Арифи

Имено решението за разрешување е на барање на Арифи, а во него стои “поради прераспределба на друго работно место” и тоа е со активност од 9 јануари 1997 година и тоа не случајно затоа што Арифи од 10 јануари 1997 година се вработува како асистент – професор по предметот Историја на албанската книжевност при Филолошки факултет на катедра за албански јазик и литература при Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје, Македонија.

Теута до 2000 година е и член на групата иницијатори за основање на Лигата на жените албански во Македонија во 1992 година, во 1994 година член е на групата иницијатори за основање на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија а во периодот од 1992 до 1994 година е генерален секретар на Хелсиншкото граѓанско собрание – комитет во Република Македонија.

Како владин претставник од 1995 до 1996 година е член на делегацијата на Република Македонија на IV светска конференција за жената, Пекинг но додека била на државна функција таа е и член на одборот на Институтот отворено општество на Фондацијата Сорос во Република Македонија од 1995 до 1996 година.

Теута Арифи

Била како владин претставник и советник на министерот за надворешни работи и член на македонската Делегација на Конференцијата на ОБСЕ одржана во Виена во 1996 година, а во исто својство била и советник на Фрчкоски како раководител на секторот за ОБСЕ и други меѓународни организации во Министерството за надворешни работи на Република Македонија од 1996 до 1997 година.

Како професор сепак не го остава граѓанскиот сектор и е именувана за потпретседател на групата специјалисти на Советот на Европа за позитивни акции во областа на рамноправноста меѓу жените и мажите, функција на која е во периодот од 1998 до 2000 година. Најдолго се задржала на функцијата претставник на Управниот комитет на експерти за рамноправноста на жените и мажите во Советот на Европа, во Стразбур во периодот од 1995 до 2000 година.

Теута Арифи

Арифи била и член на Бирото на Управниот комитет за рамноправност на Советот на Европа во периодот од 1996 до 2000 година. Но и член на истражувачкиот тим на Мировниот институт на Универзитетот во Хамбург во врска со работата на Високиот комесар за малцинства на ОБСЕ во периодот од 1999 до 2001 година како и Член на советодавниот одбор на Истражувачкиот тим за положбата на малцинствата во Јужна Европа во Будимпешта во периодот од 1998 до 2000 година. А била и член на одборот на Центарот за мултикултурно разбирање и соработка во Скопје во периодот од 1997 до 1999 година.

Имено за време на “мирните години” Арифи е поголем СДСМ-овец од самата Шеќеринска која е именувана за претседател на СДММ и портпарол на партијата а за време на “воените” години Арифи ги промовира правата на малцинствата во Македонија во годините кога НАТО ја бомбардира Србија, Македонија се соочува со косовската бегалска криза и конечно идните нејзини сопартијци убиваат македонски бранители и невино цивилно население во војната 2001 година.

Теута Арифи

Но тоа не ја спречува да докторира во 2002 година на отсекот Филолошки науки во Скопје за потоа да биде втоглаво именувана за Декан на Педагошкиот факултет при Универзитетот на ЈИЕ во периодот од 2001 до 2006 година иако веќе во тој период била и партиски функционер т.е. била промовирана во потпретседател на политичкото крило на Ослободителната Народна Армија ака УЧК-а во 2002 година.

Теута Арифи е избрана за пратеник во периодот 2002 – 2006, 2006 – 2008 како и 2008 – 2011 година. Според анализите на членувањата во собраниските комисии се гледа како и каде се реализирала па била претседател на комисијата за надворешна политика, потпретседател на комисијата за култура, член на делегацијата на Собранието на Република Македонја со парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација при Европскиот парламент во ЕУ, но Теута била и член на групата за соработка со парламентот на Руската федерација како и член на групата за соработка со Израел. Ова е дотолку интересно што таа била претседател на македонската делегација за НАТО интеграција.

Теута Арифи

По трите пратенички мандати од 2002 до 2011 година по изборите е именувана за заменик претседател на Владата на Република Македонија за Евроинтеграции. Омиленото место на Шеќеринска само што овој пат Арифи е коалиционен партнер на ВМРО – ДПМНЕ, а не СДСМ. На таа функција останува се до 2013 година кога се кандидира за градоначалник на Тетово, функција на која е и ден денес и за која има сериозни намери да оствари и кандидатура за втор мандат.

Но соработката со фондациите на Сорос не ги прекинала ни по формирањето на ИООМ во Македонија пред војната и за време на војната кога ги бранела НАТО и КФОР ставовите. Теута како книжевник и феминист најчесто ги промовирала правата на етничките малцинства причина поради која се јавила на повикот на Али Ахмети да е дел од т.н. интелектуално крило на ДУИ.

ВО СЛЕДНОТО ПРОДОЛЖЕНИЕ ЌЕ ЧИТАТЕ:

Името на Теута Арифи се јавува во неколку мини афери и политички одлуки.

Во 2006 година со посредство на тогашната амбасадорка на САД во Македонија Џилиен Миловановиќ есента на 2 октомври на барање на Али Ахмети кој во писмо во име на ДУИ барал…

Може да ве интересира

Миле Јанакиески

Миле Јанакиески, човекот кого “работата” едноставно го сака

Кога некој странец би ја читал биографијата на Јанакиески и да не ја знае ќе …

Translate »
error: Content is protected !!