дома / Регион / Косово / Убиен Оливер Ивановиќ утрово, можни нереди во северно Косово

Убиен Оливер Ивановиќ утрово, можни нереди во северно Косово

Напаѓач во качулка утрово во Косовска Митровица го убил лидерот на партијата Граѓанска иницијатива „Србија, демократија, правда“ (СДП), Оливер Ивановиќ.

Според првичните информации, Ивановиќ бил застрелан од пиштол во градите со два куршуми околу 8:15 часот додека влегувал во просториите на неговата партија. Веднаш по нападот, 65-годишниот Ивановиќ е пренесен во Клиничкиот болнички центар во Косовска Митривица, каде е констатирана неговата смрт.

Во 1999 година Ивановиќ беше избран за претседател на Извршниот одбор на Српскиот национален совет за северно Косово, по што во 2001 година е именуван на шеф на Службата за економси развој при српскиот владин Координативен центар за Косово и Метохија.

Од 2008 до 2012 година беше државен секретра во српското Министерство за Косово и Метохија, по што ја формира партијата СДП.

Може да ве интересира

ЕЛЕМ се “пакува” со украсна хартија за продажба, Шеќеринска можеби ќе ја стави машната

ЕЛЕМ се “пакува” со украсна хартија за продажба, Шеќеринска ќе ја стави машната   Големите …

Translate »
error: Content is protected !!