дома / Мени-топ / Вељановски и Талат Џафери од пратеник до претседател со фалсификат!

Вељановски и Талат Џафери од пратеник до претседател со фалсификат!

“Талат Џафери од пратеник до претседател со фалсификат! Што беше суштинско за да се легитимира целата фарса на СДСМ и ДУИ но и делегитимира Уставот на Република Македонија и Деловникот за работа на законодавниот дом на РМ?!”

На 11 декември, 2016 година, беа одржани деветтите избори за пратеници во законодавниот дом на Република Македонија. Воедно и последователно, четврти предвремени за периодот од 2008 до 2016 година, со што во Македонија се наметна праксата “по желба” на СДСМ, парламентарни избори да се одржуваат на секои две години.

Изборите беа резултат од 2.5 годишната политичка криза во Македонија, со која СДСМ и нејзиниот претседател Зоран Заев со пласирање на нелегално стекнати аудио записи, објавени во 36 т.н. “бомби”. Ја обвини владеачката ВМРО – ДПМНЕ но и ДУИ дека нелегално прислушкувала над 22.000 граѓани, од различни интереси, со што се одржувала на власт.

По протестите, кои ги иницираше СДСМ, а реализираше партискиот граѓански сектор и постигнувањето на Договорот од Пржино, кој во сегмент имал и свое надополнување. Конечно во август 2016 година е постигнат т.н. Пржински договор – III надополнување, со кој по двата одложени датуми за избори, се закажуваат овие за 11 декември 2016 година, како дефинитивни. Околу нелегалното прислушкување, според договорот се формира Посебно Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани или кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

На изборите на 11 декември 2016 година, гласаа вкупно 1.191.854 граѓани со право на глас. Се достигна излезеност на електоратот од 66.79%, од вкупниот број избирачи евидентирани во единствениот избирачки список, во кој беа заведени 1.784.416 гласачи.

Според анализите, изборите имаа просечна излезеност, ако се споредат оние проценти од 84.80% во 1990 година, 77.80% во 1994 година, 72.90% во 1998 година, но и 73.40% во 2002 година, за сметка на помалата излезеност од 56.05% во 2006 година, 55.06 во 2008 година, 53.80% во 2011 година и 62.96% во 2014 година.

Статистички, низ годините, ВМРО – ДПМНЕ најдобар изборен резултат на парламентарни избори остварува во 2008 година, со освоени 63[53] пратенички места, а најлош во 2002 година со освоени 33[27] пратенички мандати. Од друга страна СДСМ во 1994 година кога ВМРО – ДПМНЕ ги бојкотира изборите, со свое неучество, остварува најдобар резултат со освоени 87 пратенички места, а најлош резултат има во 2008 кога добива 27[18] пратенички мандати.

Албанските политички партии, збирно низ годините со изборите, во 2016 година остваруваат втор најлош резултат со освоени само 20 пратенички мандати. Најлош резултат им е оној од 1994 година кога добиваат доверба за само 16 пратенички мандати, а најдобар оној од 2008 година кога во законодавниот дом имаат 29 пратенички места.

Единствени измени на изборите 2016 година беше спојувањето на трите изборни единици од дијаспората во една 7-ма изборна единица, но таа не донесе пратенички мандат.

По прегласувањето во едно избирачко место, Државната изборна комисија ги носи конечните, финални изборни резултати од изборите за пратеници 2016 година, со што се врши и конечната распределба на пратеничките мандати.

Во законодавниот дом, со свои претставници влегуваат шест политички партии и коалиции кои во 120 членото Собрание на Република Македонија се распоредуваат со следниот успех. ВМРО – ДПМНЕ со 51 пратеник, СДСМ со 49, трета е ДУИ со 10 пратенички мандати, следи БЕСА со 5, па коалицијата Алијанса за Албанците со 3 и ДПА со 2 пратеника.

Конститутивна седница на Собранието на Република Македонија или почеток на големиот фалсификат на СДСМ и ДУИ.

Веднаш по објавувањето на првичните резултати од прегласувањето, во едно избирачко место во тетовско Теарце, СДСМ бара што е можно побрзо да се свика конститутивна седница на законодавниот дом, појаснувајќи дека тоа ќе го направат тие, преку најстариот пратеник, согласно Деловникот за работа на Собранието на Република Македонија.

Начинот како се свикува конститутивна седница на нов парламентарен состав, е уреден преку две правни можности.

Според членот 63 од Уставот на Република Македонија, конститутивната седница ја свикува претседателот на Собранието од претходниот состав, а доколку не се закаже конститутивна седница во предвидениот рок, пратениците сами се состануваат и го конституираат Собранието на дваесет и првиот ден, од денот на завршувањето на изборите.

Или.

Според членот 9 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, кој околу свикувањето на конститутивната седница, вели дека, доколку првата седница на Собранието не ја свика претседателот на заминување, седницата се одржува на дваесет и првиот ден од завршувањето на изборите, во 10 часот, а ја свикува најстариот по години избран пратеник од новиот состав.

И тука СДСМ започнува со пласирање со лажни информации, но и вршење притисок врз институциите на системот, како и малтретирање на македонската јавност, со пораки дека на мирен или насилен начин, тие ќе го конституираат законодавниот дом, додека останатите веќе парламентарни политички партии ги чекаа законските рокови.

Рокот за свикување на конститутивнат седница е 20 дена по објавувањето на конечните, финални резултати од изборите кои се одржаа на 11 декември, што значи истата, како имаше и прегласување, па следеше процес на добивање сертификати и потврдување на изборот од Државната изборна комисија, мораше да се одржи на претпоследниот ден од рокот т.е. на 30 декември.

Притоа, Ферид Мухиќ како независен пратеник на изборните листи на СДСМ, во ниту еден момент не можеше да биде лицето кое ќе ја свика конститутивната седница, затоа што не беше најстариот по години избран пратеник, од новиот состав.

Мухиќ има 73 години, а пратеникот од ДУИ, Бранко Маноиловски има 75 години. Но ни тој факт не беше доволен доказ, па СДСМ продолжи со пласирање на невистини, како поранешниот претседател на законодавниот дом, Трајко Вељаноски нема право да раководи со конститутивната седница, повикувајќи се на парцијално толкување на членовите, и од Уставот и од Деловникот.

На 30 декември 2016 година, во 13 часот се одржа конститутивната седница на деветтиот парламентарен состав, која ја свика поранешниот претседател на законодавниот дом, сега во улога на претседавач со истата.

На дневен ред на првата собраниска седница се, избор на претседател и членови на Верификациската комисија, верификација на мандатите на пратениците, избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата и избор на претседател на Собранието на Република Македонија.

И тука следи првиот обид за прекршување на Уставот на Македонија и Деловникот за работа на Собранието на Република Македонија. СДСМ бара Вељаноски да не ја води конститутивната седница.

Откако се избираат претседател и членови на Верификационата комисија, се оди на пауза по која претседателот на Верификационата комисија, во име на телото ги верификува мандатите на идните пратеници.

Конститутивната седница, во свое продолжение е закажана за покасно, во по празниците во 2017 година, по констатирањето дека нема парламентарно мнозинство, за да се оди на избор на нов претседател на законодавниот дом, па изборот се става како четврта точка од дневниот ред, бидејќи прво се формира Комисијата за прашања на изборите и именувањата, која ги разгледува предлогот или предлозите за иден претседател на Собранието меѓу другото и дава свое толкување и мислење.

Во меѓу време, ВМРО – ДПМНЕ не успева во дадениот рок од доделениот мандат да формира парламентарно мнозинство, и истиот правно станува ништовен, но албанските политички партии, неколку пати се повикани на консултации во Тирана, со премиерот и министерот за надворешни работи на Република Албанија, од каде се објавува дека е донесена Платформа на албанските политички партии во Македонија, која дополнително преку работните тела на секоја партија, одделно ќе се разгледа и во Скопје, и која ќе биде услов со чие усполнување, тие би ја дале својата доверба за формирање парламентарно мнозинство и идна Влада.

Претседателот Иванов, одбива да го додели мандатот на СДСМ, повикувајќи се на Уставот на Република Македонија, барајќи од Заев писмена гаранција за обезбедено парламентарно мнозинство, но и писмена гаранција дека евентуално, идната извршна власт на СДСМ, се оградува од импементирањето на 20 барања во 7 точки од т.н. тиранската платформа.

Конститутивната седница, продолжува на 27 март 2017 година, и се отвора дебата по третата точка од дневниот ред т.е. избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

И тогаш СДСМ пласира дезинформации дека ВМРО – ДПМНЕ преку нелегитимниот претседавач Вељаноски, сака да го избегне изборот на иден претседател на законодавниот дом.

Од пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ, по оваа точка, според Деловникот за работа на Собранието на Република Македонија, се јавуваат за дебата сите 51 пратеника, што наидува на остра, но неидржана реакција кај пратеничката група на СДСМ, која бара веднаш Вељаноски да го напушти столчето како претседавач, обвинувајќи со лажни информации, дека преку кршење на Деловникот се оневозможува избор на претседател на Собранието.

Правно, предлозите за претседател на Собранието на Република Македонија, мора прво да добијат одобрување од комисијата чие формирање, не така наивно, туку издржано е поставено како точка пред изборот за претседател на законодавниот дом. Но СДСМ продолжува со својата реторика, предизвикувајќи нервоза, во и вон законодавниот дом.

Конститутивната седница имаше 19 продолженија, во периодот од 27 март до 26 април 2017 година, период за кој во законодавниот дом, само се договори составот по учество со членови во Комисијата за прашања на изборите и именувањата, но не се исцрпи расправата на пријавени пратеници за дискусија.

СДСМ, на почетокот на април, почна да пласира информации од сомнителен вид преку своите партиски медиуми, и зависниот самонаречен граѓански сектор, дека тие, ако сакаат, кога сакаат, можат да одржат продолжение на конститутивната седница и без пратениците на ВМРО – ДПМНЕ, надвор од Деловникот, на која веднаш би избрале претседател на Собранието.

Пласирањето на лажни информации, имаше за цел да се подготви терен за она што следеше, а е директно поврзано со барањето на новиот коалиционен партнер на СДСМ, “режимската” ДУИ, прво да се назначи пратеникот Талат Џафери за претседател на законодавниот дом, а потоа да се оди на преговори за состав на новата извршна влада, која ДУИ би ја гласала во поддршка.

И законодавниот дом не памети такви небулозни предлози како оној на СДСМ, да се избере т.е. премине прво на точката избор на претседател на законодавниот дом, па потоа да се врати седницата на третата точка, со која би се бирал претседател, заменици и членови во комисијата која треба истиот да го поднесе како предлог?!

И до 26 април 2017 година СДСМ пласира дезинформации, и предизвикува граѓански немири и нервози без правен основ, се до кобниот 27 април 2017 година, од кога започна кршењето на Деловникот за работа на законодавниот дом, но и секојдневното кршење на Уставот на Република Македонија.

По 27 април 2017 година, има многу неодговорени прашања за сите креатори на општествено политичкиот живот во Македонија, по основното фундаменталното: “Зошто доволуваме, од ден во ден, упорно да се крши Уставот и Законите во Република Македонија?”

На 27 април 2017 година, Вељаноски го отвори 20 продолжение на конститутивната седница, на кое сеуште се дискутираше по третата точка на дневен ред. Како се наближуваше крајот на работното време т.е. наближуваше 18 часот, повеќе беше од јасно дека со кршење на Деловникот за работа и Уставот, пратеничката група на СДСМ, но и ДУИ и Алијанса за Албанците, имаат намери насилно да изберат претседател на законодавниот дом, надвор од сите правни процедури.

Како пред законодавниот дом веќе над 60 дена граѓаните протестираа за унитарна Македонија, и против тиранската платформа, со апели за разум кај колегите од СДСМ, пред самиот крај на седницата се обратија пратениците на ВМРО – ДПМНЕ, Антонио Милошоски, Зоран Илиоски и Влатко Ѓорчев кои повикаа на смиреност, потенцирајќи дека освен што нема правна основа за она што СДСМ го планира, надвор има толпа народ, и таквиот чин на насилство врз институцијата, би предизвикало гнев кај истиот.

СДСМ не одговори, па за збор, последен, по основ на процедурална забелешка се јави пратеникот Зекирија Ибрахими, кој од собраниската говорница ја отпеа дел од химната на Албанија, на која станаа сите пратеници од албанските партии, но и пратеници од пратеничката група на СДСМ.

Стенограмска забелешка од последните реченици на пратеникот Зекирија Ибрахими ” … јас ја почитувам химната, затоа што е химна на државата, меѓутоа како што реков и денес во претпладневната сесија Албанците имаат и своја химна и затоа откако дозволивте да се пее дел од химната на македонски, јас ќе пеам дел од химната на албански … “

Она што го слушавме како текст, во превод беа втората, третата и четвртата строфа од Химната на Република Албанија или:

“Од војна се воздржува само оној,                                                                                            

Кој се родил како предавник,                                                                                                        

А оној кој е херој, не се плаши,                                                                                                          

Тој гине, умира како херој!

Оружјето во нашите раце ќе го држиме,                                                                                

Бранејќи го секој агол на нашата татковина,                                                                                      

Нашите права нема да ги предадеме;                                                                                                

Овде за нашите непријатели нема место!!

До Господ кој велеше
Дека нациите ќе исчезнат од Земјата                                                                                                 

Но, Албанија ќе живее,                                                                                                              

За неа, за неа се бориме!”

Претседавачот Вељановски додека пратеникот Зекирија ја пееше химната се смееше и го остави да заврши.

Со што се отвора првото прашање. Зошто Вељановски не го повика собраниското обезбедување да го отстрани пратеникот од говорницата? Зошто ако колегите имаа пораки за смирување на страстите од глупавите идеи на СДСМ и тој не повика на смиреност и трезвеност? Што беше смешно ако се знаеше што може, а набрзо и се виде дека ќе следи?

Официјално, 20 продолжение на конститутивната седница е прекинато во 18 часот и 1 минута, по што новото продолжение се закажа за следниот ден, со почеток во 11 часот.

И тука се отвора второто прашање. Во кој записник или стенограм стои делувањето на СДСМ но и ДУИ и Алијанса за Албанците ако тврдат дека изборот на Талат Џафери е легитимен?

Официјално, 21 продолжение на конститутивната седница продолжи на 31 мај 2017 година, во 10 часот и 8 минути, и во стенограмот од истата, манично се појавува реченицата на вовед и првото обраќање на Џафери, ” Седницата ја отвори и на неа претседаваше господин Талат Џафери, претседател на Собранието на Република Македонија. / Талат Џафери:  Дами и господа пратеници, продолжуваме со работа по Конститутивна седница на Собранието на Република Македонија.”
Дали Вељановски (и ВМРО-ДПМНЕ) со умисла му ја предаде палката за транзиција на власта и столчето на собранието на Талат Џафери (односно на ДУИ)?

Но, до ова има и други дилеми.

Откако заврши 20 продолжение на конститутивната седница на законодавниот дом, пратеникот Ферид Мухиќ, од пратеничките клупи, повика на итен избор на нов претседател на законодавниот дом.

Мухиќ, се повика на членот 9 став 1 на Деловникот за работа на Собранието, во кој стои и дека, ” … ако и најстариот по години избран пратеник одбие да ја свика, тоа право преминува на наредниот по години избран пратеник, се до избраниот пратеник што ќе се согласи да ја свика првата седница”.

И тука се отвора третото прашање. Конститутивната седница е свикана согласно повикот за нејзино одржување од страна на претседателот од претходниот состав во улога на претседавач, со што опциите, најстар пратеник или група пратеници кои би свикале конститутивна седница, паѓаат правно формално во вода како можности. Како може еден законодавен дом додека се конституира да има и легитимен претседавач и наметнат претседавач?

И тука се прекршени и Уставот, а особено Деловникот за работа на Собранието. Прво со чин близок на државен удар, со негирање на Уставното и Деловничкото работење на актуелниот претседавач Вељаноски, потоа, со парцијалното читање на ставови, но не и цели членови од истите, со што СДСМ ги толкува правните акти, до точка која им одговара.

И тука се отвора четвртото прашање. Кој му даде за право на Мухиќ да ја преземе улогата на претседавач, дотолку повеќе, и да го овласти пратеникот Горан Мисовски понатаму да претседава со седницата? Која седница? За што?

Горан Мисовски,
во улога на некаков заменик претседавач, како точка на дневен ред, на седница која сеуште никаде не е евидентирана, го става предлогот пратеникот Талат Џафери, да биде иден претседател на законодавниот збор, и го става на гласање.

Пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ, во овие моменти е во левиот агол до собраниската говорница, ја пеат химната на Република Македонија и извикуваат “Избори, избори!”

Продолжува , дел 2…

Галерија

Може да ве интересира

Зоран Заев

Дали Заев и подготвува на Република Македонија “Букурешки договор III дел?!”

Македонската надворешна политика, во однос на Република Грција како наш јужен сосед, кој не ни …

Translate »
error: Content is protected !!