дома / МКД / Владата ќе го афирмира Македонскиот јазик, откако го направи второстепен по значење
македонски јазик

Владата ќе го афирмира Македонскиот јазик, откако го направи второстепен по значење

Владата на Република Македонија ја разгледа и усвои Информацијата со предлог – мерки за унапредување на состојбата на македонскиот јазик и го задолжи Министерството за култура да ги спроведе усвоените предлог – мерки. Станува збор за мерки, на кои се работеше веќе подолго време во соработка со истакнати македонисти и кои станаа дел од програмата на новиот состав на Владата на Република Македонија уште од самото стапување на функција.

И ова би било сосема коректна информација ако не стојат неколку факти. Прво Советот за македонски јазик е тотална енигма. За разлика од советот за култура кој беше промовиран на голема врата и во кој седат и активни и поранешни функционери на СДСМ апсолутно никаде нема податок кој го сочинува совето за Македонски јазик.

македонски јазик
Во име на ова тело на министерството за култура се обрати прво претседателот – универзитетскиот професор Људмил Спасов. Спасов само најави дека се обраќа од новоформираниот совет за Македонски јазик но ни тој не се удостои да не информира кои се негови членови. Прашање е дали прво се избира претседател па членови или членовите треба да останат енигма.

Спасов најави 25 мерки за унапредување на Македонскиот јазик. И тоа би било сосема издржана активност на извршна власт на Република Македонија ако не доаѓаше месец дена по објавата дека Законот за употреба на јазиците ќе биде на дневен ред на Собраниска седница на 13 септември или 2 дена пред почетокот на предизборната кампања од локалните избори. Со тој закон според сите македонисти се понижува и обезвреднува употребата на Македонскиот јазик за сметка на глорификацијата која е противуставна за употреба на албанскиот јазик како втор официјален.

Спасов на 6 сепмтеври најави 25 мерки за афирмирање на Македонскиот јазик но не одолеа да подвлече дека ова е прв пат Македонска Влада да одвои фондови за афирмација на јазикот. Што не е точно. Сите Влади го поддржувале афирмирањето на Македонскио јазик но во 26 години сувереност никогаш немало потреба тоа да се реалзира преку засебни фондови при што јазикот ни се третира како да е на изумирање.

македонски јазик

Не поминаа ни 24 часа па министерот објави 11 мерки за афирмација на Македонскиот јазик. Некаде со Спасов не се разбрале добро. И според Алаѓозовски тоа се:

Мерките за основање на Фонд за поддршка на афирмирањето на македонскиот јазик на странските универзитети, отворање и одржување на лекторатите по македонски јазик на странските универзитети.

Формирање на Фонд за поддршка на изработка на научни дела посветени на македонскиот јазик од сите области, вклучувајќи изработка на академска граматика, речник, правопис, дијалектолошки и историски проучувања.

Мерки кои предвидуваат Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура да прерасне во Македонистички центар, со повеќе функции: организирање на летна школа,стипендирање на поголем број странци, кои би дошле да ги изучуваат македонскиот јазик, литература и култура.

македонски јазик
Мерка за формирање на постојана школа за изучување на македонскиот јазик како странски јазик (Македоникум), која би подразбирала помали семинари, кампови, работилници во текот на целата година за сите оние што се заинтересирани да го изучуваат македонскиот јазик како странски, а би работела и на комерцијално ниво и би издавала соодветни сертификати.

Мерка за формирање Центар за постојана обука за лекторите по македонски јазик во странство, која би била активна не само за избраните лектори за кои ова би било задолжително, туку за сите заинтересирани.

Мерка за формирање на Школа за подука по македонски јазик за македонските деца надвор од Македонија (летен камп), како и соодветна издавачка дејност.

Мерка за предвидува дополнување, преработка и доработување на електронските бази,документи, книги, списи од развојот на македонскиот јазик од страна на стручни лица, нивно освежување и споделување на реални, вистински, научни податоци за македонскиот јазик на глобалната мрежа.

македонски јазик
Во врска со гостувањата на наши истакнати научни работници и уметници на странските универзитети со цел да се афирмира македонскиот јазик и култура, се предлага тоа да се прави преку Годишна програма со определен фонд, чии членови треба да бидат истакнати македонисти, членови на академската заедница, непристрасни и невладини експерти.

Мерска и поддршка за собирачката дејност: дијалектолошки материјали, народни песни и приказни на микро – ниво, како и нивна дигитализација, во и надвор од рамките на РМ, особено во соседните држави.

Мерките упатуваат и на поддршка на албанската, како и на другите етнички заедници, преку политика на привлечност/атрактивност, за учење на македонскиот јазик и формирање на мултиетнички и повеќејазични педагошки и културни друштва.

Мерка за предвидува обновување на родните куќи и(ли) создавање музеи посветени на значајните личности за македонскиот јазик и македонската култура, како и натамошна поддршка на постојните (Мисирков, Пулевски, Рацин, Џинот…) по принципот на куќата на Конески во Небрегово, а онаму каде што тоа не е можно од објективни причини, да се основаат  и да се изградат нови објекти каде што би стоеле музејски поставки.

Исто така, со мерките се предлага формирање на постојан Одбор за стандардизација на македонскиот јазик, кој би бил составен од стручњаци од катедрите за македонски јазик, Институтот, МАНУ, како и истакнати писатели, новинари, лектори, културни работници од областа на јазикот, педагошки работници. Одборот би ги решавал ад – хок проблемите што се појавуваат во практиката, а за кои нормата не пропишала решенија и би издавал Билтен во кој треба да ги дава на увид на јавноста своите решенија. Листата на предлог – мерки вклучува и спроведување на сеопфатна јавна расправа за Законот за македонскиот јазик, актуелните законски решенија и предлозите за измени и дополнувања на Законот што ќе произлезат од стручната јавност на таа дебата. Овие дебати и јавни расправи би им дале на институциите дополнителни податоци за перманентно дополнување на оваа програма.

На крајот, со мерките се предвидува и формирање на Центар за постојана подука на новинарите и на презентерите во електронските медиуми во РМ.

македонски јазик

И ништо од ова не е спорно дека е корисно колку што е задоцнето и е обично “плакнење” уста во приквечерието кога Македонскиот јазик ќе се обезвредни и ќе стане второстепен во сопствената држава. И таа тема и полемика во академската јавност не ја гледаат и слушаат ни Алаѓозовски ни Спасов.

Некако нелогично е се ова иако воопшто не е наивно. Ова е основ истите овие мерки да се применат и за вториот официјален јазик. Албанскиот. И тоа е јасно дотолку што во една од мерките стои:

“Ќе се формира и постојан Одбор за стандардизација на македонскиот јазик, во кој би членувале експерти од катедрите за македонски јазик, Институтот, МАНУ, во кој ќе бидат истакнати писатели, новинари, лектори… Одборот би ги решавал ад-хок проблемите што се појавуваат во практиката, а за кои нормата не пропишала решенија и би издавал Билтен во кој треба да ги дава на увид на јавноста своите решенија. ”

Па сите именувани институции во моментов “вриштат” дека Македонскиот јазик се потценува за сметка на неуставноста во промовирањето на Албанскиот како втор официјален. Или нивната реакција е небитна.

Притоа Алаѓозовски очекувано е дека ќе ги промовира пропагандите на својот премиер но кој е Спасов?

Људмил Спасов е повеќегодишен висок фунционер на СДСМ, кој две децении ги поддржува политиките на оваа партија. Јавноста го памети професорот Спасов како  член во повеќе органи и тела на најголемата опозициска партија, како и член на ИО на социјалдемократите.

Синот на Људмил Спасов, Александар Спасов исто така е дел од академската средина. Воедно, неговото име се споменуваше и како дел раководство на Транспарентност Македонија, организација за која многу пати досега во јавноста се покажа дека е продолжена рака на СДСМ.

Името на Александар Спасов се поврзуваше заедно со имињата на Ванчо Узунов, Ѓунер Исмаил, Гордан Георгиев и Сашо Ордановски, сите сегашни или поранешни високи фунционери на СДСМ како дел од раководството на Транспарентност Македонија.

Спасов е дел и од Институтот за социјална демократија “Прогрес”, кој важи за партиски институт на СДСМ. Синот на Људмил Спасов исто така има земено учество и на трибини организирани од најголемата опозициска партија.

Вака прикажано повторно и повторно паѓа во вода толку многу промовирата витална реформа на Заев, департизација на институциите со име како Људмил Спасов кој е претседател на фамозниот Совет за Македонски јазик на Алаѓозовски за кој никој ни слушнал ни знае.

Може да ве интересира

Зоран Заев

Дали Заев и подготвува на Република Македонија “Букурешки договор III дел?!”

Македонската надворешна политика, во однос на Република Грција како наш јужен сосед, кој не ни …

Translate »
error: Content is protected !!