дома / Избори / Локални / ВМРО – ДПМНЕ сепак им даде легитимитет на изборите!?
вмр - дпмне

ВМРО – ДПМНЕ сепак им даде легитимитет на изборите!?

Беше трагикомична изјавата на Никола Груевски во тотално исто сценарио и жаргон како Зоран Заев своевремено дадена два часа по затворањето на гласачките кутии дека ВМРО – ДПМНЕ не ги признава резултатите од локалните избори кои ги нарече “мафијашки”.

И тоа не би било се, ако Груевски не поставеше и 7 барања. Иако од сите 7 само неколку имаа логика со одлуката. Никола побара организирање предвремени парламентарни избори по пржински модел кои би биле спроведени од техничка влада.

Идентично со барањето на Зоран Заев од пред 2 години.

Итна смена на директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и менување на директор од редовите на опозицијата. Барање што е дефакто она ад хок тело кое Заев го побара и доби.

вмро - дпмне

Оставка на претседателот на Државната изборна комисија Александар Чичаковски и враќање на старото законско решение, претседателот на ДИК да се бира од редовите на опозицијата. Патем тој закон на 23 јули 2016 година беше доцна во ноќта изгласан во законодавниот дом со 92 пратенички гласови во поддршка, 3 против и еден воздржан.

Итна истрага и вештачење на уредите за прислушкување на УБК поради сомнеж дека се прислушкувале најмалку 100 лица од ВМРО – ДПМНЕ. Што е легитимен сомнеж само ако е пријавен кај надлежен Јавен обвинител и за истиот се отвори предистражна постапка. Иако Никола беше сосема јасен исто како и Заев пред година дена дека не верува на ова судство и овие институции иако од судската власт од времето на ВМРО – ДПМНЕ сменет е само Марко Зврлевски.

Итно завршување на судењето на Заев за случајот “Поткуп” што е дефакто притисок врз судската власт. Судот ќе заврши судски процес кога тој смета дека треба да го заврши.

вмро - дпмне

Никола побара и основање на Специјално јавно обвинителство кое ќе има ингеренции во расчистување на изборните нерегуларности во 2016 и 2017 година поради злоупотреба на целиот државен апарат. Ова барање беше политичко самоубиство. Прво се бара ново СЈО 2 за сметка на оспоруваното СЈО. Второ во 2016 година целиот државен апарат сем министрите за внатрешни работи и труд и социјална политика беше во рацете на ВМРО – ДПМНЕ и ДУИ а во 2017 година не се констатира злоупотреба на државниот апарат два часа по завршувањето на вториот круг избори.

Во превод ако Никола имаше задоволителни резултати 2016 година ќе се премолчеше?

Последното барање на Никола беше итно ослободување на лицата и прекин на постапките за сите обвинети и осомничени за настаните од 27 април. Сосема изместен дискурс кога се бараат небулозни работи т.н. амнестија на насилниците од 27 април затоа што не сите кои беа во законодавнот дом се насилници не се бара од партиска говорница. ВМРО – ДПМНЕ последно кога се броеја пратеничките мандати имаше 51 пратеник во законодавниот дом. Иако сосема не е јасно зошто амнестија се бара од законодавниот дом. Од кого амнестија. Прошка од Села? Од Заев или нелегитимниот претседател поради кој и се ова почна Талат Џафери? Реално имаше насилство и реално насилниците ќе си одговараат. Никола можеби сериозно ќе мора да одвои 5 минути насамо со Игор Југ но тоа се нешта кои треба да си ги расчистат очигледно “старите” пријатели. Амнестијата е осудена на пропаст уште во идејата и како правна рамка е можна само ако ја реализира претседателот на државата, кој очигледно не следи домашна политичка сцена во последно време.

вмро - дпмне

Од приложеното, недостигаше врз основа на која одлука на извршнот комитет, а за интерна употреба на огромната партиска машинерија и кој тоа од извршиот комитет ја одобрил оваа одлука на Никола и седумте мерки?

Само Зоран Заев во политичката историја беше запомнат како партиски лидер кој непризнава избори откако ќе се дознаат резултатите од истите и бара нови легитимни, слободни и фер избори кои би биле тоа што треба само ако тој победи на нив.

Дури и СДСМ беше изненадена од победа во општини кои од воведувањето на плурализмот и пред 1996 година беа традиционално т.н. “бастиони” на ВМРО – ДПМНЕ. Иако победата во пет општини со градоначалник и три општини со реално мнозинство во советот е причина за оставка на Никола и комплетниот извршен комитет и сите аналитичари кои ја работеа кадровата политика а не тема за дискусија.

Оние кои донесоа кобни решенија сега ќе се самоанализираат каде направиле грешки во чекори?

Притоа повикот на непризнавање на Никола беше конфузен. Непризнавање на изборни резултати ВМРО – ДПМНЕ реализираше 1994 година помеѓу првиот и вториот круг од парламентарните избори кои ги бојкотираше и остана 4 години вонпарламентатна политичка партија. Овој вид локални избори ако беше спорен Никола требаше да не го признае по објавата на резултатите од првиот изборен круг кога завршува процесот на избор на членови на советот. Впрочем и сите нерегуларности беа за првиот изборен круг. Зошто се одеше на втор и се чекаа финалните резултати некој од ВМРО – ДПМНЕ ќе треба да даде јасен одговор.

вмро - дпмне

По објавата дека резултатите не се признаваат недореченоста на конфузниот Груевски внесе нервоза во редовите на членството па Иво Котевски мораше да толкува, преведува и објаснува што тоа “лидерот” сакал да каже, па објасни дека немаат намера целосно да му дозволат на СДСМ да владее со локалната самоуправа па согласно тоа нема враќање на мандатите за советници и пет градоначалници.

Ова беше и излишно и смешно, затоа што сите советници веќе ги имаа уверенијата од државната изборна комисија за своите мандати веднаш по официјалните резултати од првиот круг. Но очигледно одлуката за непризнавање на резултатите и седумте барање беа само фарса. Веќе никој не ги повтори а партиските аналитичари продолжија со прозни и поетски изразувања на социјалните мрежи.

Вистинското прашање можеби е што всушност сакаше да каже “авторот” со делото и колку по искажаното му укажале дека очајно наликува на својот партиски ривал, Заев.

Може да ве интересира

иредентизам

Иредентизам кај Македонија и Грција – поим за плашење народ од соседите

Деновиве на балканот, осовено кај нашиот јужен сосед на голема врата се користи поимот иредентизам …

Translate »
error: Content is protected !!