дома / МКД / ВМРО – ДПМНЕ си молчи, историјата се менува а Груевски го излажа народот

ВМРО – ДПМНЕ си молчи, историјата се менува а Груевски го излажа народот

ВМРО – ДПМНЕ си молчи, историјата се менува

 

Политичката партија која пред своето националистичко име Демократка Партија за Македонско Национално Единство го има и идеолошкиот предзнак четири свети букви на Внатрешно Македонска Револуционерна Огранизација во последно време се однесува чудно.

ВМРО – ДПМНЕ последните избори заборави дека е националистичка партија и во желбата да привлече дополнително членство се обиде да заигра во водите на централизмот и изгуби 120.000 гласови споредбено од електоратот кој гласал за оваа политичка опција што би значело ако се вкалкурила и излезеноста и моментот бројката е значително поголема.

 

По поразот на локалните избори кои и лаик би ги оценил како политичко фијаско раководството на партијата сеуште пропагира длабински внатрепартиски анализи по кои можеби и би следеле некои одговорности во структурите.

Статутот на ВМРО – ДПМНЕ говори нешто сосема друго. Според него јасно е конципирано кој бира раководни тела на партијата и дека одлуката дали Никола Груевски и дел од раководството ќе остане или не на функциите најмалку е нивна. Последно кога е проверено ВМРО – ДПМНЕ е политичка партија што во основа е здружение граѓани кои негуваат иста или слична идеолошка основа – партиска припадност. АД, ДОО или ДООЕЛ не е забележано во списите на Централниот регистар на Република Македонија.

Членството и симпатизерите во иделошката ВМРО – ДПМНЕ која е во нокаут состојба и во трка за спас на личните интереси кои некого и тоа како го загрижуваат по 11 годишно владеење веќе немаат трпение но имаат одлична меморија.

Прогласот кој беше донесен под сомнителни околности ако се знае фактот дека на членови на извршниот комитет во деновите по 11 декември им беше често забрануван пристап на заседанија на телото на кое и се членови беше прочитан од Никола Груевски. Во основа збирно тоа се и начелата и ставовите кои една националистичка политичка партија во модерна Европа и треба да ги застапува. Домашните, национални интереси пред се.

Меѓутоа преговорите со ДУИ периодот декември 2016 и јануари 2017 година беа нешто сосема друго кое кадровниците во ВМРО – ДПМНЕ и тогаш а и сега го сметаа за висока партиска политика. Се преговараше за се и се беше ставено на маса. И сосема логично се поставува прашањето како главниот преговарач Никола Тодоров прв го напушти ВМРО – ДПМНЕ?! Прво се повлече од пратеничката функција а скоро отвори канцеларија од примарната професија, адвокатура?

Тие преговори не кореспондираа со Прогласот кој му се сервираше на членството. Особено би било добро ако Никола Груевски појасни за што разговарал на средбите со Али Ахмети на кои не присуствувал никој друг?

Праксата по Прогласот беше визуелно прикажавано само преку соопштенијата за медиумите и јавноста кога за прв пат дознавме како странските дипломати вршат упад наречен посета на политичка партија и кои се темите, прашањата но и одговорите кои се дискутираат. Но таа пракса беше краткотрајна а ни на членството ни на симпатизерите никој не им соопштил дека Прогласот има рок на траење или е повлечен од употреба.

ВМРО – ДПМНЕ го призна нелегитимниот претседател на законодавниот дом. Не го именуваат како претседател но редовно одат на координации и чекаат да добијат или не право за збор од собраниската говорница. ВМРО – ДПМНЕ имаше фригидни реакции по основ на договорите со Бугарија и најавите за промена на името со Грција и ревидирање на историјата со скоро сите Балкански земји.

ВМРО – ДПМНЕ заборави дека националистичка партија се обраќала на своето членство со Македонки и Македонци, граѓани на Република Македонија па преку ноќ националистичкиот елемент беше мултикултурно сведен на соживот иако и по Устав во Република Македонија живеат граѓани на Република Македонија, етничкиот предзнак е нешто сосема друго.

Членството како никогаш до сега е гневно на раководството кое е во фаза на англиска кралица и претседателот кој не знае веќе што е побитно. Идеологијата или личниот интерес. Не може да се очекува или не претседател на политичка партија да си поднесе или не оставка. На оставка и се повикува а по Статут таа и се гласа.

Не е ова истото она прокламирано со демонстрирано ВМРО – ДПМНЕ од пред 11 декември 2016 година. Тогаш се прокламираа идеали за единство и унитарност без влијание на странски фактор за пред локалните избори да се повика целиот дипломатски естаблишмент во државата во седиштето на партијата?

Ако некој згрешил со Прогласот тоа е говорникот, и не може тој својот светоглед да го промени за 180 степени за 10 месеци, веројатно однапред знаел. По изборите и членови на новиот состав на извршниот комитет побараа оценки и проценки на ОБСЕ и ОДИХР. Нели тоа се странски фактори?

 

 

Самиот претседател на партијата побара Пржино 2, анкес 3, ново СЈО 2, медијација, и тоа не би било загрижувачко колку што лошите проценки на самопромовираните аналитичари на ВМРО – ДПМНЕ не беа грешни. И за 2016 и 2017 година. И истите тие денес се дрзнуваат да продаваат идеолошки приказни за пиреј и плевел и ВМРО – ДПМНЕ кое го оттуѓуваат од членството повикувајќи за ситнење на отпорот кон секој кој мисли поинаку.

Последниот поразителен показател е оној на генералниот секреатар кој покажа дека очигледно не се во добра координација со претседателот на партијата и дека од меѓусебната комуникација си ги читаат само ФБ статусите, повремено, или пак во одлично намерна (не)координација што е исто така поразително.

Мицковски појасни дека идниот евентуално нов лидер мора да исполнува три услови.

1.) Да биде прифатлив за партиската база.

Иако не појасни дека партиска база е секој член на ВМРО – ДПМНЕ.

2.) Второ да е прифатлив за македонските граѓани?

Кои граѓани? Оние кои можеби демонстрираа за унитарна Македонија кои од истата партија беа осудени за реакциите, за потоа еден од неформалните тројца лидери на “Заедничка Македонија” за кој не се знае каде беше на 27-ми (освен на почетокот) да стане преку ноќ член на извршниот комитет.

Со тоа во корен беше убиена и однапред партиски обоена секоја спонтана реакција на граѓанско протестирање и собирање како што беше 90 дена. Затоа за кои граѓани кажува Мицковски?

Но Никола Груевски не е прифатливо решение за Македонскиот народ затоа што го излажа и предаде, ги прибра и згрижиполтроните, тендерџиите, само од интерес послушковците, оние кои не се ВМРО, оние кои не се патриоти, а ги отфрли патриотите, интелектуалците, способните, креативните, оние кои се членови, поддржувачи и симпатизери на ВМРО.

Впрочем кои општински комитети ги предложиле Богдан и Србов за членови на извршнииот комитет. Може факти на хартија па после приказни.

И последниот услов е новиот претседател на партијата

3.) Да биде прифатлив за меѓународната заедница.

Очигледно генералниот секретар го преспал периодот од изборите 2016 година до неговото именување. Иако е дегутантно една политичка опција да бира лидер кој ќе е миленик на меѓународната заедница, истата онаа која нели беше опоменета дека се меша во внатрешните работи, индиректно Мицковски појасни дека актуелниот лидер не ги исполнува бараните 3 (три) услови.

Сепак Груевски маестрално ги згрижи претседателите на ОК, претседателките на УЖ и претседателите на УМС во советите. Со тоа на било кој вондреден конгрес знае дека ја има нивната поддршка.

Исто така не им објасни на граѓаните до сега кои од бомбите беа невистини, кои полувистини, а кои вистини и затоа не е прифатливо решение ниту за македонските граѓани а најмалку е прифатливо решение за меѓународниот фактор.

Време е дури не е доцна, ВМРО – ДПМНЕ да се врати во десниот политички колосек. Или ако веќе се либерализира по идеите на Мицковски, слободно нека се откаже од историското ВМРО во називот дотолку повеќе и самото име на партијата. Националистичките деничарски партии не се либерално демократски.

Може да ве интересира

Која е Солза Грчева? Со нова партија, трета среќа или стара навика?

***Информација надвор од авторот на текстот: По прифаќањето за да биде интервјуирана за овој медиум, …

Translate »
error: Content is protected !!