дома / Спорт / Во 2020 година Токио ќе биде домаќин на Олимпијада за роботи
Олимпијада

Во 2020 година Токио ќе биде домаќин на Олимпијада за роботи

Во 2020 година Токио ќе биде домаќин на Олимписките игри.

Покрај класичната Олимпијада, Јапонците планираат да организираат и Олимпијада за роботи. Овој футуристички настан го најави јапонското Министерство за трговија, и ги повика јапонските градови да ги поднесат своите кандидатури, а натпреварувачите може да бидат и хуманоидни и индустриски роботи.

Олимпијада

 

Во Јапонија роботите имаат сè поважна улога, па покрај индустриските роботи во последно време акцентот се става на роботите кои служат за друштво и помагање на немоќните или осамените личности, како и за работа во кујна или на земјоделски површини, каде што има недостиг од работна снага поради стареењето на населението.

Оваа светска сила последен пат беше домаќин на Oлимпијадата во 1964 година, а тогаш ја одушевија јавноста со супербрзиот воз Shinkansen. Сега веќе го имаат надминато првично планираниот буџет од 3 милијарди долари и достигнаа 4,5 милијарди долари без да бидат тука вклучени подготовките за Олимпијадата за роботи.

Може да ве интересира

Катар

Катар ја заврши изградбата на првиот стадион за Светското првенство 2022 (фото)

Пет години пред почетокот на натпреварувањето, во Катар е завршена  изградбата на првиот стадиот Калифа, …

Translate »
error: Content is protected !!