дома / Анкети / Идни прогнози / Во ВМРО – ДПМНЕ кадровниците работеа, ама по лански календар
вмро - дпмне

Во ВМРО – ДПМНЕ кадровниците работеа, ама по лански календар

Изборите од 15-ти октомври и се поизвесниот резултат од вториот круг од 29-ти октомври каде ВМРО – ДПМНЕ ќе забележи убедлива победа во вкупно не повеќе од 4 до 5 општини и каде ќе има мнозинство во 3 општински совети не се резултат на т.н. казна од страна на членството кое во над 120.000 не излезе да гласа туку се одговорност која треба да ја понесат луѓето до кои е пратена оваа порака.

Дека пораката е јасна е повеќе од очигледно но раководството и претседателот на ВМРО – ДПМНЕ делуваат некоординирано и сеуште комуникациите со членството ги сведуваат на едно гостување на Никола Груевски на телевизија, еден ФБ статус на генералниот секретар и една тажно обраќање на претседателот на партијата за кого виновни се сите ама немал каде да ги пријави.

вмро - дпмне

Кој всушност ја има најголемата одговорност т.е. кои се т.н. кадровници во ВМРО – ДПМНЕ кои очигледно работеа, но по лански календар? Можеви затоа на Божиновски му беше полесно да е гостин на национална телевизија и како аналитичар политиколог да дава оценки и проценки што тоа се случило!

Прво кадровата политика во својата аналитика ја водеше фамозната четворка составена од кадровникот на Никола Груевски, Мартин Протоѓер, неговиот вечно верен министер Никола Тодоров, т.н независен аналитичар Владимир Божиновски и што по функција што од обид генералниот секретар Христијан Мицковски.

вмро - дпмне

Оваа четворка ги продуцираше кадрите и ги компарираше или во слободен говор им даваше аналитички проценти на стабилност и предност пред конкурентот од другата политичка партија со што извршниот комитет имаше анализи дека на поместените локални избори ВМРО – ДПМНЕ победува во најмалку 55% од општините или 40 до 45 општини и град Скопје. Анализите покажуваа и победа на СДСМ во што 15 до максимални 20 општини со што логично бројот на општини кои би ги освоиле албанците остануваше во границите на бројот 20.

И принципите на аналитичко пресметување не се квантна физика уште помалку нуклеарна медицина, тоа се прости спроредби на стари резултати или актуелна бројна состојба на членството и симпатизерите што се традиционални гласачи на ВМРО – ДПМНЕ во одредена општина компаративно со гласачите за СДСМ.

вмро - дпмне
И таа просто споредба е директно одговорна за огромниот пораз.

ВМРО – ДПМНЕ последен пат го потцени своето гласачко тело на кое по 11 декември 2016 година не најде слободно време да му се обрати што тоа по ѓаволите се случува во Скопје затоа што нели фундаментот на партијата познат како општински комитет и не мора да знае кои се државните политики а гласачите се вреќа компири на која само треба да и се каже каде да се истури.

Она што беше симптоматично се процентите според аналитичарите според кои солиден број на кандидати на ВМРО – ДПМНЕ водеа во одредени општини и тоа каде 10% каде 30% за уште во првиот круг да изгубат каде со 5.000 каде со 10.000 гласови.

вмро - дпмне

Кадровата политика беше грешна затоа што се темелеше на нов бран млади кадри за советници кои и во овој момент мислат дека ВМРО – ДПМНЕ започнала со своето политичко делување по големата победа на Никола Груевски 2006 година, со оскудно познавање дека и некој си Љубчо бил нешто но тогаш имало војна и ВМРО – ДПМНЕ е државотворна партија.

Иако СДСМ играше на нешто помудра карта па во добар дел од општините во источна Македонија кои важеа за бастиони на ВМРО – ДПМНЕ за кандидати за советници или кандидати за градоначалници именуваше луѓе со звучно презиме кое можеби не кореспондираше со нивното име но семејното опкружување и широкиот круг на пријатели прават гласачки бран а не споредувањето со резултати од време минато.

вмро - дпмне

Можеби и се заборавило но Протоѓер беше преку ноќ промовиран во втор човек во партијата и главен кадровник но беше и претседател на Републичкиот изборен штаб кој овој пат беше препуштен на Спиро Ристовски. Иако е енигма кој е Спиро Ристовски како капацитет за таа многу битна функција?

Не е сеуште јасна улогата на постариот кадар од ВМРО – ДПМНЕ кој овој пат на терен беше секаде само не во своите изборни единици. Сосема е нормално дури и здраво ако минатата година сте имале парламентарни избори носителите по изборни единици да фигурираат по изборните места, села и градови каде покрај добриот кандидат понуден за градоначалник би фигурирале меѓу членството како гаранција дека изборот е добар и изборот е добитен.

Ние за добра волја на вистината во својата изборна единица го видовме Милошоски но беше пример чудно како во ИЕ5 го видовме и Илија Димовски кој последно Битола бил најверојатно за конгресот на ВМРО – ДПМНЕ.

Концептот на составување на носител и предлог кандидати за идни сосветници е приказна за себе. Се ставаше по малку од се само сите да бидат задоволни што беше рецепт за “босански” лонец или губитна комбинација. Па така на места каде СДСМ одеше со кандидати кои се познати на заедницата ВМРО – ДПМНЕ предложи кандидати за советници кои преминале од една во друга па можеби ВМРО – ДПМНЕ им била трета политичка партија во нивната кариера но и кандидати за советници кои и самите од неодамна станале жители само по место на живеење на именуваната општина.

Партиите човек од коалицијата секако ја понудија својата млада свежа крв, татините синови кои секако беа на добитни места и во најлошото сценарио иако партите кои ги претставуваат не само што не носат ни по 1.000 гласови на национално ниво туку како дел и од парламентарната група или групи на ВМРО – ДПМНЕ се првите кои го напуштаат ВМРО – ДПМНЕ и кокетираат со СДСМ под изговорот “независни” пратеници.

вмро - дпмне

Чедомир Саздовски е првиот пример, по кој сериозно очекувам кон независните да прејдат и таткото на Елвис Барјам но и пратениците на Љубисав Иванов – Ѕинго. Реално ни Амди ни Ѕинго во 27 години независна Македонија не се учени да бидат опозиција дотолку повеќе ако не се властодршци во своите општини.

И по дебаклот на локалните избори, прв круг, како во вториот ќе е едноставно среќа ако се освои уште еден градоначалник кој пред својот совет ќе е англиска кралица, во јавноста прв се обрати Никола Србов. Ќе чекале што ќе каже ОБСЕ и ОДИР и си замина по говорот на неговиот претходник, генералниот секретар на СДСМ.

Србов можеби е одличен колумнист како што е наведено во неговата триредна биографија како член на извршниот комитет составена од една проста и една просто – проширена реченица но на изјавата на Кирацовски не одеше изјавата дека изборниот штаб на ВМРО – ДПМНЕ сеуште ги чека резултатите од терен кога цела Македонија по  социјалните мрежи ги добиваше резултатите по избирачки места.

Дури и Државната изборна комисија беше нешто побрза од аналитичкиот центар на изборниот штаб на ВМРО – ДПМНЕ. И тогаш настапи претседателот на партијата кој контатираше нерегуларности, повика на извештаите на ОБСЕ и ОДИХР ама следниот ден во кои ќе била забележана нерегуларноста и по втор пат по неговото гостување на Алсат М појасни дека сепак најголемата одговорност ја снои тој. Беше смешно што на новинарското прашање што сака да каже со тоа одговори дека бил јасен.

Генералниот секретар на јавноста и членството им се обрати три дена покасно преку ФБ пост. Се обиде да биде поетичен и мотивационо делетворен само немаше основ врз кој би ги темелел исказите. Прилилно професионално ако живеевме во Швајцарија. Не очекувам дека него го прочитаа верните членови и гласачи на ВМРО – ДПМНЕ кои не спаѓаат во некоја годишна граница над 55 – 60 години но Мицковски дефакто одбра ваков начин на обраќање за да нема незгодни прашања на прес конференција.

вмро - дпмне

Ваков молк од пораз на ВМРО – ДПМНЕ немало никогаш. И во 1994 година кога Љубчо Георгиевски меѓу двата изборни круга повика на бојкот народот барем беше информиран и ВМРО – ДПМНЕ помина четири години како вонпарламентарна политичка партија што за денешните кадровници е мислена именка период за кој работеа на терен за во 1998 година да се вратат со една од историските победи на ВМРО – ДПМНЕ.

Последното обраќање каде Никола Груевски си беше сам свој гостин на ТВ беше конфузно. Ако ВМРО – ДПМНЕ е казнето од членството и ако за кадровите политики резултатот е овој тогаш со кој Никола планира да прави и плитки и длабоки анализи каде тоа погрешиле?

Не може директните виновници за поразот самите да се оценуваат каде згрешиле, т.е. можи но откако ќе си ги испочитуваат многупати искажаните зборови дека прво ќе си понесат морална одговорност и ќе си дадат оставка на актуелните партиски функции.

Иако тоа е очекувано сценарио како ВМРО – ДПМНЕ и треба да има предизборни и постизборни конгреси и делегатите треба да се тие кои преку работни тела ќе го оценат и проценат немањето капацитет на кадровата политика. Проблемот е што 90% од делегатите се од времето по 2009 година што по партиски стаж што по годишна возраст.

Но дури и тие кадри почнаа да ги поставуваат вистинските прашања на кои централното раководство останува упорно глуво како да е ова сезонски грип кој брзо ќе помине. Многумина по поразот прашуваа “и сега што правиме” што беше сосема погрешно, прашањето по ваков политички дебакл е “кој згрешил, благодарам, пријатно, ВМРО – ДПМНЕ оди понатаму” било тоа да е со 3 градоначалници и 45 пратеници.

Може да ве интересира

Зоран Заев

Дали Заев и подготвува на Република Македонија “Букурешки договор III дел?!”

Македонската надворешна политика, во однос на Република Грција како наш јужен сосед, кој не ни …

Translate »
error: Content is protected !!