дома / Мислења и Предлози / Колумни / ЗА ГОЛЕМИТЕ АЛБАНЦИ И ВЕЛИКИТЕ МАКЕДОНЦИ

ЗА ГОЛЕМИТЕ АЛБАНЦИ И ВЕЛИКИТЕ МАКЕДОНЦИ

ЗА ГОЛЕМИТЕ АЛБАНЦИ И ВЕЛИКИТЕ МАКЕДОНЦИ

 

Како ретко која држава, Република Македонија со својот мулти етно колорит има проблем во практикувањето на дневната политика базирана на различност во етно поделените партиски структури. Македонската политичка сцена има субстракт на парадокси токму од причина која вели дека иако идеолошките матрици на партиите се базираат на ‘‘copy – paste‘‘ шаблони во однос на социјално општествените потреби за доброто на квалитетот на живеење на граѓанинот, антагонизмите врз основа на етно обоеноста на диоптријата создава кочници за општествен развој.

Од една страна, албанскиот политички фактор на најелементарна филозофска пољана на проблематика од типот на ‘‘ јас сум граѓанин од втор ред‘‘ максимално искомерцијализира инсталација на плејада на политичари кои освен тоа што се ‘‘ душегрижници за албанската кауза‘‘ реално не даваат никаков придонес за модернизација и  европеизацијата на маскенбалот наречен современа политичка сцена во Република Македонија.

Прашањето кое само по себе ке се постави еден ден е следно. По потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, по барањата кои се провлекуваат како ‘‘видливи пропусти‘‘ во дефинирањето на суштината на договореното, сакале или не еден ден нештата ке мораат да имаат крај. Смислата на ваквиот став е дека ако еден ден се заокружи ‘‘ De Jure‘‘ се она што се бара и се стреми, како би излгледала политичката сцена во Македонија во смила на поделеност по етничка основа а која нема основа со самотот тоа што поделеноста  ке биде  бесмислена. Елементарен пример кој може да се анализира е следниот.

Ако нема веќе смисла да се дебатира до бесконечност за употребата на јазикот која еден ден мора да има своја разврска, ако застапеноста на албанската популација кореспондира со потражувањето, ако еден ден законот точно и прецизно го постави прашањето на упоребата на знамињата и ногу нешта кои делуваат банално но суштествено во албанскиот каузален корпус, што ке се случи со една огромна плејада политичари? Кои се тие? Веќе долг период потхранувањето на национал романтистичкиот амбиент кој произведува ‘‘ херои на нацијата‘‘ внесува квантитет на политичари кои по својот квалитет во однос на политичка зрелост и искуство немаат никаква симетрија. Асиметријата по самата своја дефиниција мора да потполни политички вокабулар кој освен етно национал романтистички поклици за неправда и неадекватно учество во креирањето на секојдневието, немаат ништо заедничко со логиката на креирањето на современиот амбиент на политичко позитивна еволуција во евроинтегративните процеси.

Прашањето кое неминовно се поставува е дали по завршувањето и затварањето на прашањата не ‘‘ етно политичкиот комерцијален дискурс‘‘ еволуцијата на линијата на развитокот на демократијата ке доживее потполна естетска промена од визуелен карактер. Што сака авторот да каже. Откако Зоран Заев за прв пат постави еден нов модел на инкорпорирање на албанци во корпусот на партијата, дали тоа значи дека и покрај тоа што бројката на ‘‘учество на албанци е голем, а партијата ( македонска) ‘‘  под дифолт отвара можност за многу поголем број на албанци кои учетвуваат во политичкиот живот, замо затоа што мора да постојат и ‘‘албански партии‘‘?

Ајде да ги поставиме нештата вака и да поставиме банално прашање. Ако веќе ‘‘ мора да има‘‘ албански партии кои сами по себе носат гласачко тело и се т.н. ‘‘обавезни‘‘ дали тоа значи дека пола политичка сцена во Р. Македонија можеби еден ден ке има 50% албанци! Проста математика!

Македонскиот дел од политичкиот корпус сам по себе носи трагедија која не е од понова историја туку води корени од исконот. Откако една политичка партија префиксот на историското револуционерно движење го ( зло)употреби во ново демократски политички амбиент, потпаленоста на ионака недоволната аналитичко политичката перцепција на народот го доведе во ќорсокак кој вели дека Р. Македонија е под перманентна опсада на можност од ‘‘тек родено, а веќе пред умирачка‘‘ новороденче.

Идеалната подлога за антагонизми темелени на национал романтистички ветришта кои расејуваат по политичкото поле семиња на раздор и брато омразение. Некомпатибилноста на посткомунистичките наследници облечени во социјалдемократска руба и старомодноста на рубата на Софијските студенти и македонски дејци кои до ден денеска имаат конфликт на суштински погледи кон Македонија како модерна земја стана гробар на токму тоа ‘‘новороденче‘‘ наречено современа, самстојна, суверена Република Македонија.

Во историските читанки на генерациите кои ке се едуцираат каде се корените на нивната таковина и која е таа, големите срамови кои ке се проткајуваат во меѓуредовите на учебниците ке бидат малку луѓе свесни, затоа што тоа никому нема да му биде од корист!

И каде сме сега и кој е колосекот по кој забрефтаната македонска политичка композиција брза? Гледано од галактичко временски диоптер, Македонија е на самиот почеток сеуште и после дваесет и седум години потрочени на т.н. детски болести‘‘ на демократијата на која се вадеше неспособноста на политичкиот кадар да ја ‘‘ запали и да тргне‘‘ локомотивата. Детските болести кои траат повеќе од стандардно пропишаната пишана номенклатура преоѓаат во дефектност на младото детско тело . Во ретардираност! Дали сме ретардирани како држава? Во смисла на неспособност да се организираме во еден мал демографски корпус кој во својот сопствен мал мравјалник не знае каде лута? Политичката дефинираност во демократски рамки трпи се и сешто во својот корпус.

Од ултра левица до ултра десница. Кој дел од кругот му е ‘‘пасент‘‘ на Македоија за да се создадат услови за нормално, прогресивно и еволутивно позитивно движење за фаќање на последниот воз кон Европа? Единствениот пасент е елиминацијата на инхибиторите наречени ‘‘ ајде да ќариме сите по нешто‘‘ како прво, а како друго, агресивната едукација на повисоко ниво во смисла на поставеност на императиви а E PLURIBUS UNUM концепт на упразнување на политиката во Р. Македонија! Селекција на кадри кои нема да минуваат низ филтри на партиско – националромантистичо- каузално блато како тест на издржливост како војници специјалци на обука.

Разумот, способноста, елоквентноста, квалитетот и едукацијата, екстракцијата на средновековната диоптрија на расудување на состав на тимови, табу – егзекуцијата, негувањето на пропорцијата на грижа ‘‘човек-држава-човек‘‘ , инвестирањето во бетонски зид кој ке ги спречи младите да не напуштаат ( фигуративно),… се единствениот спас. Зошто,.. не сакам ни да помислам каде плови бродот наречен Р. Македонија.

Нека не чува и бдее Бог над сите нас!

пишува: ТАНГЕНТА

 

 

 

 

Може да ве интересира

Интервју со Илија Илијовски – Еден од реформаторите на ВМРО-ДПМНЕ

Интервју со Илија Илијовски – Еден од реформаторите на ВМРО-ДПМНЕ   Актуелните состојби во “нашата држава” Република …

Translate »
error: Content is protected !!