дома / Регион / Грција / Заев ги разбуди демоните во Грција додека се караат политичарите во Македонија!

Заев ги разбуди демоните во Грција додека се караат политичарите во Македонија!

Додека се караат политичарите во Македонија Заев ги разбуди демоните во Грција

Сосема јасно е дека агендата која ја реализира премиерот Зоран Заев и неговиот кабинет не е нималку наивна. Често пати самиот аматеризам во реализацијата е повеќе среќа за неуспехот што е можно побргу да се продадат националните интереси за сметка на власта зад која сакале да признаеме или не стои “Сеалбанската платформа”.

Во дел од нејзе стојат и НАТО и ЕУ интеграциите кои сосема е јасно дека не е можно да се реализираат ако им се умилкуваме на Грција која “скромно бара” само да го промениме името а со тоа секако и идентитетот, историјата, јазикот …

Впрочем првите чекори на владата на Заев не беа реализирање на фамозните социјални мерки. Од сите приложени за време на изборната кампања се реализираше (половично) само оние за укинување на радиодифузната такса, враќањето на ефтината струја и зголемувањето на минималната плата.

Укинувањето на радиодифузната такса ќе има последици во текот на првото тромесечие од годинава кога и се предвидува националниот медиумски јавен сервис да се соочи со економски колапс. Ефтината струја и не е така ефтина како се знае дека сите други сегменти од живеењето на граѓаните се зголемија. Додека зголемувањето на минималната плата које беше најавено како државно кредитирање но само во првите месец – два веќе резултира со отпуштања, намалување на работните часови од редовно работно време во скратено работно време кај помалите компании кои едноставно неможат да го следат овој финансиски тренд.

Заев и Никола Димитров го започнаа планот “промена на името за влез во НАТО” и тоа не би бил политички преседан ако Димитров не беше истиот оној Димитров кој со пари од Џорџ Сорос пред и не толку многу години ја промовираше акцијата “Не ме нарекувај ФИРОМ – користи го моето вистинско име – Македонија.”

Прво Димитров го посети Коѕијас и како малиот Тото од “Волшебниот од Оз” им соопшти на Македонскиот народ дека “има чувство дека веќе не сме во Канзас повеќе.” Коѕијас на сите пофалби за трпеливоста на грчката политика од страна на недоличното однесување на македонската дипломатија изминатите 11 години режим се радуваше што конечно најде соговорник кој не само што ќе го слуша туку и ќе го реализира големиот план за промена на името на северниот сосед.

Се активираше и самиот медијатор Метју Нимиц кој не еднаш изјавил дека кога тој лично би се прашувал никогаш не би застанал на преговарачка маса на која тема за дебата е промена на уставното име на неговата држава. Но тоа е Нимиц приватно. Службено конечно виде светлина на крајот од тунелот што во неговиот животен век ќе го затвори и ова поглавје од дипломатската кариера.

Коѕијас на покана во Скопје не допатува со авион. Срамот бил голем што аеродромот се викал “Александар Македонски” иако очигледно никој не му кажал дека и автопатот по кој патуваше од Солун се вика исто “Александар Македонски” а самото Министерство за надворешни работи е сместено на булевар “Филип II Македонски” број 7.

Секако игнорирани беа средбите во Атина каде премиерите на Србија, Бугарија и Грција разговараа за Македонското прашање. Иако и тогаш и сега јавно се констатираше дека по консталациите на политичките сили на терен овој пат самата Македонија т.е. Заев го пишува третиот Букурешки договор.

Она што најави дека и дел од останатите политички партии се заинтересирани за решавање на ова прашање но далеку од очите на јавноста беше и посетата на градоначалникот на Солун Јанис Бутарис на Скопје. Беше чудно и несвојствено чиновник од таков низок ранг да наиде на официјален прием кај премиер на држава, министер за надворешни работи но и претседател на опозицијата, коалициони партнери на СДСМ т.е. ДУИ па и самиот претседател на државата.

????????????????????????????????????

Јавно се поставија прашањата дали кога градоначалниците на Битола и Гевгелија би имале идентиечен прием ако побараат посета на Атина? Секако посетата на Бутарис беше детално испишано сценарио. И посетата и т.н. негово користење на уставното име Македонија.

Бутарис поимот Македонија го користи често. Скоро секогаш. Но како што и самиот ќе изјави тоа е неговата Македонија.

“Поголем Македонец од мене не постои поради потеклото. Моето потекло и моето воспитување кажуваат сe.”

Секако ова се однесува на неготово потекло од Крушево и семејните односи со Битола. Но тоа е онаа Македонија од која колегите комунисти како Јанис беше истакнат член на Комунистичката партија на Грција по што стана активист на партијата на зелените направија вештачка држава по Втората светска војна.

Но изјавите на Бутарис и наводното несогласување во владата и парламентот на официјална Атина околу нивниот став кон името стануваат кристално јасни. Премиерот Заев се самопокани Нова година да ја пречека во Солун каде повторно се дружеше со Бутарис, а дека посетата немала само бизнис и забавен карактер говори самиот солунски градоначалник:

“Прашањето за името излезе од колосек, чисто поради глупостите на политичарите. Луѓето сакаат да си најдат идентитет. Со отстапки од двете страни, но и од опозицијата, подготвени се за компромис. Господинот Заев рече дека ќе го смени името на аеродромот, ќе ги смени таблите на улиците.”

Нивото на комуникација и пласирање на информации за посетата на Заев на Солун беа на аматерско ниво.

“Во суштина јас не го поканив него, тој се покани сам” – ќе изјави за посетата на Заев самиот Бутарис и ќе се надополни “Кога го посетив Скопје во ноември се сретнав со него и тој ми рече дека сака да ја помине Нова Година во Солун. Јас му реков да дојде, времето е добро и ќе има убав престој. Како можев да претпоставам дека тој тоа ќе го разбере како официјална покана? Сега разбрав дека 15-сетина пријатели на неговите пријатели резервирале соби во хотелот “Македонија палас”. Јас не сум инволвиран во тоа. Ако ми се јави ќе одам да се видам со него. Ако не ми се јави, тогаш тој ќе ја помине ноговодишната ноќ со неговите пријатели.”

Иако на прес конференцијата во Скопје изјавата беше “Го поканив премиерот Заев да дојде приватно и заедно да ги поминеме новогодишните празници во Солун.”

Ставот на Заев дека има решение за името ама ете не го кажува кое е затоа што не е време е она што плаши а не апетитот на Грците. Тоа секако покрена лавини од реакции кои ќе кулминираат на 21 јануари за кога се закажани првите официјални масовни демонстрации каде ако не во Солун на кои главно мото е “И јас сум Македонец, Македонија е Грција.”

Секако на средба меѓу Борисов и Ципрас за македонското прашање на која по навика претставник на субјектот за кој се преговара немаше се постигнаа и чудни одлуки кои се побараа и добија од владата на Македонија. Бугарите добија документ со кој се бриши македонското етничко малциство и документ со кој ќе се ревидира историјата и историските личности и настани. Здружно со Грција побараа да се ревидираат сите учебници по Историја во Република Македонија.

Заев на тоа имаше коментар дека и не е лоша идеја. Зошто би учел некој за Бугарските окупатори кога може да пишува само окупатори. На што наиде на мала и минорна реакција на некогаш гласната академска јавност.

Улога во процесот има и поштедениот Васко Наумовски преговарач за името кој ете според Димитров но и Заев не е режимска инсталација иако е лично решение на претседателот Иванов од 2014 година.???

По големиот шок објавен од страна на српски историчари кои имаат директни контакти со грчките власти во јавноста излезе името Централно Балканска Република на што индиферентни останаа сите политички субјекти во Македонија. Тест балонот помина одлично па самиот Ципрас изјави дека сега е подготвен за едно сложено име за целосна употреба.

Зошто?

Затоа што нас од светот само 10 држави ни се обраќаат како ФИРОМ. Сите останати не признале под Уставното име. Како на нив, меѓу кои се и 95% од светските економски и вооружени сили ќе ми објасниме дека нашите молби изминатите две декади веќе не важат?

Она што е симптоматично е и што поранешниот претседател на ВМРО – ДПМНЕ Груевски а и актуелниот Мицкоски јасно говорат дека немаат апсолутно никакви информации по основ на преговорите за прашањето? Васко Наумовски е повторно име на кое треба да се повикаат. Или во најмала рака претседателот Иванов. Премногу е наивно да се верува дека информации се нема.

На првата средба меѓу Заев и Мицкоски можеби не требаше да оди колегата советник Луке Галевски, има ВМРО – ДПМНЕ сериозно квалификувани кадри за надворешна и внатрешна политика од највисоко ниво. И тоа за жал на најгласниот Србов не е внатрепартиска политика туку национален интерес од витално значење.

Притоа на првата средба Заев – Мицкоски е разговарано за враќање на опозиционата ВМРО – ДПМНЕ во законодавниот дом. Мицкоски потенцираше дека е разговарано и за НАТО и ЕУ интеграциите но и учеството на ВМРО – ДПМНЕ во реформите на СДСМ и ДУИ. Дел од реформите се очекува да резултираат со судски одлуки за високи поранешни функционери на ВМРО – ДПМНЕ?!

Нереално е дека час и половина Заев и Мицкоски разговарале за образованието, економијата и здравството како што истакна Мицкоски. Дотолку повеќе што потенцира дека средбата се одржала на покана на премиерот Заев, а по обраќањето на претседателот Иванов. Пораката од обраќањето на Иванов беше да се реши политичката криза и да се зачува унитарниот и уставниот концепт на државата Република Македонија.

По ова секако најмногу поени доби Грција. Сега како никогаш појасно е дека во игра се три официјални имиња. Северна Македонија која е проблем за Бугарија исто како и Вардарска иако тоа е исфрлена можност но и Горна Македонија. Се тоа се додатоци кои точно одат контра барањата на Грција. Логично е да се постави прашање каде е Јужна Македонија или Долна Македонија. Она што најмногу се експлоатира за сметка на Вардарска денес е Нова Македонија што е погубна за нас а најбезбедна Грција и Бугарија. Така Бугарите ќе добијат и официјална потврда дека Македонија како држава е творба на комунистите во 1943 година а Грција дека Македонскиот народ е вештачки создаден и дека нема врска со т.н. чистокрвна грчка историја.

Воедно кон оваа девиза оди и изјавата на Заев. “Александар Македонски и не е само Македонска ексклузивност.” Што до некаде е точно. Но кога ВМРО – ДПМНЕ реализираше масовна антиквизација можеби требаше да внимава на сегментот дека сакаме да сме и стари Словени и антички Македонци.

Она што е јасно по изјавата на Мицкоски е дека ВМРО – ДПМНЕ не знае кои се ставовите за решавање на името но зошто претседателот Иванов нема информации? Заев сериозно објаснува дека преговорите одат одлично. Што не се сомневаме. Започнаа со посетата на Ципрас на Скопје кога во Грција отпатува специјален тим за усогласување на разликите. Никој не прашал кој е тој тим, кој го предводи тој тим и кои се неговите овластувања.

Сложено име на килирица без превод е нешто што светот не го слушнал ни знае во модерната историја. Република Нова Македонија напишано на кирилица без англиски транскрипт апсолутно не значи ништо. Дури е и смешно за изговор. Имено и самиот наш јужен сосед има две имиња, едно за внатрешна и едно за надворешна употреба но тоа е нешто сосема друго.

 

Лаги се политичките памфлети дека со таква одредница без превод ќе се зачува Македонскиот народ, Македонскиот јазик, Македонското писмо, Македонската историја. Но нели, додека ние им удоволуваме на Грција таа на голам врата го подготвува народот за протести. Но тоа не се протести за кои сакаат ние да мислиме. Грција можеше во екот на економската катастрофа да не призне и под уставното име. Кога беше парализирана за сопственото опстојување најмалку граѓаните ќе помислеа да протестираат за било што сем за нивното утре. Денес од оваа временска дистанца Грција е фокусирана да излажира демонстрации Македонија е Грција само за да не биде дека Скопје дефинитивно се откажало од се.

Како политичарите дома ќе го објаснат овој гест, е прашање за целото постоење на Македонскиот ген. ДУИ а и дел од СДСМ тврдат дека за ова не треба Референдумско изјаснување затоа што народот ги бирал за пратеници а со тоа им го дал и тоа право. Уставот говори нешто сосема друго. Опозиционата ВМРО – ДПМНЕ има став дека Уставното име  и националниот идентитет мора да се зачуваат. Никој не кажува како ако постапката почне и заврши како и изборот на претседател на законодавниот дом.

Она што е симптоматично е што народот цени дека сите политичари но не и тој самиот сакаат да го решат ова прашање за цели кои немаат вредности. НАТО е одамна извикана интеграција при што ние не добиваме ништо затоа што сите земји околу нас се нејзини членки па нема од кој тоа НАТО да не чува а ЕУ е финансиска недостижна големина која на своја кожа ја чуствуваат Романија и Бугарија.

Битно Заев има решение, за кое како и за се по навика ќе не информира последни:

“Убеден сум дека постои решение и редот е секако тоа решение за граѓаните на Грција да го соопшти премиерот Алексис Ципрас, а јас на моите граѓани овде да им го соопштам решението. Но, верувам дека постои можност до крајот на првата половина од 2018 да изнајдеме решение, коешто дефинитивно ќе ја унапреди соработката меѓу нашите две земји и кога конечно, јас ќе можам да кажам како премиер на мојата земја, дека стекнавме уште еден голем сојузник, а тоа е нашиот јужен сосед.”

Патем сериозно некој да одговори. Заев во Солун на Нова година беше приватно или службено? Затоа што изјава на премиер дека немаме и не смееме да имаме црвени линии во суштински преговори е страшна порака до спротивната преговарачка страна: “Ако постојат црвени линии тие би биле само кочници или блокада во изнаоѓањето решение.”

Секако за да се осигура патот кон самонегирањето во официјална посета на Атина и на Косијас патува и министерот за Евроинтеграции Бујар Османи и тоа токму во периодот кога Албанските медиуми започнаа да откриваат тајни од документот за кој се преговара и тоа се.

Име, Република Нова Македонија, или Нова Македонија за скратена употреба. Секако овој документ т.е. извадоци од него содржат и решенија за прашања со црквата, јазикот, идентитетот па така Република Нова Македонија е со транскрипт и на англиски јазик, но јазикот кој го говориме ќе се именува како современ Македонски јазик или Славомакедонски јазик, националниот идентитет сепак се менува во Ново Македонски.

Албанските медиуми тврдат дека се преговарало и за името на црквата која со усвојување на овој предлог би се викала Нова Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија.

Она што е посочено како недискутабилно е идентитетот според кој македонскиот народ ќе смее т.е. може да се идентификува а кој останува Македонец но со додаток на категорија Грко Македонци. Во секој случај промената со додатокот Нова најмногу ќе не порази нас како народ и ќе ги го избриши нашето вековно постоење.

 

Може да ве интересира

иредентизам

Иредентизам кај Македонија и Грција – поим за плашење народ од соседите

Деновиве на балканот, осовено кај нашиот јужен сосед на голема врата се користи поимот иредентизам …

Translate »
error: Content is protected !!