дома / ЕУ / ЕУ Членки / Заев (и неговите економски леви и десни раце) треба да појасни на младите во Македонија што се случи?

Заев (и неговите економски леви и десни раце) треба да појасни на младите во Македонија што се случи?

Стратешка Германска инвестиција ја одмина Македонија, ама се вдоми во Србија! Автомобилската индустрија и новите технологии не мируваат, но исто така ниту игрите позади политиката.

Заев треба да одговори на јавноста за што беше посетата на Германија и Меркел, покрај штурото соопштение и изјава која ја даде! Толку од пријателите и поддршката од ЕУ а посебно клучните ЕУ земји членки.

Дали се пазареше за името и со економски мерки и странски инвестиции? Или Заев ја губи поддршката и наклонетоста на сите оние кои го гушкаа изминатите месеци?

За оваа потенцијална инвестиција се знаеше уште од времето на претдходната влада на РМ, до сега се следеа активностите а сегашната влада потајно најавуваше голема странска инвестиција. Но, очиглено Србија во изминатите месеци односно во второ полувреме ја доби оваа стратешки и економски важна инвестиција.

Српските медиуми јавуваат дека станува збор за компанија со приход сличен на бруто домашниот производ на Хрватска, што е компанија гигант! Паднала одлука да отвори погон за производство на различни видови составни делови и компоненти за електрични автомобили и тоа во централна Србија.

Такви Германски компании со толкав годишен буџет се автомобилските гиганти „Мерцедес“, „БМВ“, „Фолксваген“, „Дајмлер“, сепак ниту една од нив до сега нема дадено јавно соопштение за оваа зделка.

 

српскотоПо се изгледа дека одлуката паднала после посетата на Заев, а за два дена по него и на претседателот Александар Вучиќ на средбите со Германската канцеларка Ангела Меркел. „Не смеам да зборувам. Молчам, бидејќи тоа е договорот со инвеститорот. Кога сè ќе договорат и завршат, тогаш ќе излезам и ќе кажам“, изјави Вучиќ.

Симптоматично е што истиот ден кога претседателот на Србија Александар Вучиќ се сретна со Меркел, Хрватскиот иноватор и основач на компанијата за производство на електромобили Мате Римац на својот профил на фејсбук објави дека „една голема германска автомобилска компанија доаѓа во Србија“ за да произведува делови за електрични автомобили, „Поради проактивноста на Српската Влада, договорија уште еден голем проект“, додавајќи дека не е на него да објави за што станува збор.

Затоа Заев (а и неговите економски леви и десни раце) треба да појаснат на младите во Македонија што се случи?

Може да ве интересира

Интервју со Илија Илијовски – Еден од реформаторите на ВМРО-ДПМНЕ

Интервју со Илија Илијовски – Еден од реформаторите на ВМРО-ДПМНЕ   Актуелните состојби во “нашата држава” Република …

Translate »
error: Content is protected !!