дома / Локална / Започна “демонтажа” на Македонија и проектот “Скопје 2014-та”
скопје 2014

Започна “демонтажа” на Македонија и проектот “Скопје 2014-та”

По налог на министерот за култура Алаѓозовски започната е ревизија за спомениците, оградите, фасадите и сите пропратни елементи од проектот “Скопје 2014-та” и со тоа официјално започна неговата “демонтажа”, барем на “кириличниот” дел од него.

Своевремено оваа идеја во колумна прв ја спомна поранешниот министер и висок функционер на СДСМ, Љубомир Д. Фрчкоски кој побара “француски клуч” со кој ќе ги демонтира спомениците од проектот “Скопје 2014-та”. Колумната објавена во 2012 година беше дочекана со негодување но и со резерва сметајќи дека тоа е едноставно стилот со кој Фрчкоски говори и пишува.

скопје 2014

Но набргу на ваквиот вид изјави се надоврза исто така поранешен министер и функционер на СДСМ, Ѓунер Исмаил кој најави топење, рушење и минирање на спомениците од проектот “Скопје 2014-та” доколку СДСМ дојде на власт.

Откако го (зло)употреби и името на партијата, СДСМ се огради од изјавите на Ѓунер Исмаил но не ги осуди. Иако изјавата на Исмаил не беше колумнистички став како онаа на Фрчкоски.

“Социјалдемократскиот сојуз кога ќе дојде на власт планира уривање на спомениците од проектот Скопје 2014. Теоријата на францускиот клуч апсолутно ја поддржувам, особено за некои споменици, кои се навреда за нашиот вкус, кои се навреда за интелигенцијата на граѓаните. Конкретно од оној воин, со се татко му, мајка му и роднините, па натака… со се непропорционалниот Никола Карев пред Собранието и целата таа буљумента наспроти Собранието, која служи за потсмев. Споменикот на цар Самоил ќе биде дислоциран и подарен на Охрид, а другите – демонтирани и стопени. Не гледам причина зошто и минирањето да не биде опција. Ако стручњаците кажат дека таа не треба да биде таму, нема да биде. Некои, се разбира, ќе бидат предмет на обработка на металуршката индустрија. Во СДСМ се дискутира безмилосно, радикално и тоа не е необично.”

скопје 2014

Овие изјави од пред неколку години деновиве се реалност. По онаа на Заев од првите денови како премиер кога имаше идеја како од оградата околу објектот на Владата може да направи клупи за парковите, идеја која не наиде на особено воодушевување кај јавноста.

“Одлуките за оградата на Владата и за мебелот ќе ги носиме соодветно на нашите согледувања. Мораме да видиме што значи согласно Законот за јавни набавки отстранување порти или огради. Од бетонските столпчиња може да се направат убави клупи за седење, а металните огради да бидат добар покривач на клупите, но да видиме што ќе кажат архитектите и инженерите.”

Иако во листата истомисленици на Фрчкоски и Ѓунер беше и Мирослав Грчев, реализацијата на овој проект за “демонтажа” пет години подоцна започна со формирањето на комисија за оценка и проценка на “Проектот Скопје 2014-та” на чие чело е токму Грчев и која веќе оцени дека спомениците како “Ќосето” треба да се демонтираат, дека споменикот “Мајка Тереза” треба да се изработи во помал гарабит, а се дискутира дали и како би биле дислоцирани спомениците како “Воин на коњ”, “Филип II” и “Порта Македонија”.

скопје 2014

Од поголемите градежни објекти во пик на окото на министерот е и Музејот на македонската борба за која “непартискиот” советник Петрит Сарачини изјави дека повеќе го отсликува идеолошкиот сегмент на една политичка партија отколку историскиот момент. Иако ВМРО е историска, а не политичка идеолошка мисла на постоењето на Македонскиот народ.

Впрочем министерството за култура ова го започна прво со укинувањето на државната награда “национален уметник” па наградата “23-ти октомври” со што отворено во политичките кулоари се дискутира дека следната година 23-ти октомври ќе биде обичен работен ден.

Суштината на молкот е и самиот проблем. Наградата т.е. титулата национален уметник ја доделуваше претседателот на Република Македонија, но на ова Иванов немаше коментар ни забелешка, како и за многу нешта до сега.

скопје 2014

Комисија за ревизија на “Проектот Скопје 2014-та” за прв пат е формирана од градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, а во неа беа поранешните антикорупционери Слаѓана Тасева и Драган Малиновски во 2013 година.

По изборите слична комисија формираше и новиот градоначалник на општина Центар, Саша Богдановиќ, на кој веќе претходно му се приклучи градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов кој издал усна наредба да се запре постапката и изградбата на 95 проекти.

За опозиционата ВМРО – ДПМНЕ акциите на Грчев и Алаѓозовски се недолични и констатира дека за нив спорни се само споменивите од левата страна на Вардар, додека од десната се е по Закон и Устав алудирајќи на “поштедените” и неименувани споменици кои ги побара и доби ДУИ, тогаш коалиционен партнер на ВМРО – ДПМНЕ, а денес на СДСМ.

Иако не се така ќе помине по теркот демонтажа. Дел од спомениците се во надлежност на општина Центар а дел на град Скопје, но дел се на државата и се со префиксот “национално културно богатство”.

скопје 2014

Иако во меѓувреме Грчев можеби треба да даде објаснување како од идеен креатор на новото, актуелно знаме на Република Македонија, задача која му да додели владата на Бранко Црвенковски, стана стручно лице кое процени и оцени дека Македонската држава, нација, јазик и култура се измислени во рамките на поранешна Југославија.

Зошто тогаш во 1995 година правеше 12 верзии на знаме на држава во која не верува?

Иако Грчев треба да се претстави и како идеен творец на македонскиот национален грб, оној со жолт лав со круна и две опашки врз црвен штит, кој беше идеен предлог за национален грб предложен од ВМРО – ДПМНЕ, но и како Мирослав Грчев, член на советот за култура на СДСМ; претседател на советот на интелектуалци на СДСМ, поранешен градоначачник на општина Центар кога во политичките кулоари беше познат и како “гробарот на Дебар Маало”, советник на министерот за култура на Република Македонија и претседател на комисијата за проценка и оценка на што е останува а што се демонтира од “Проектот Скопје 2014-та” година.

Патем фамозната петчлена работна група за изработка на анализа за реализацијата и последиците од “Проектот Скопје 2014-та” формирал од министерот за култура, Роберт Алаѓозовски е составена од: координатор на групата е проф. д-р Мирослав Грчев, редовен професор на Архитектонскиот факултет при УКИМ, а членови се м-р Никола Наумоски, политиколог и комуниколог, Мартин Пановски, дипломиран инженер – архитект, доц. д-р. Донка Барџиева – Трајковска, историчар на уметност и конзерватор и Златко Теодосиевски, ликовен критичар и советник – куратор.

На крај прашањето не е дали одреден споменик ќе се или не дислоцира или уништи туку како тоа се однесува само за спомениците кои не интегрален дел од “Проектот Скопје 2014-та” на вечно коалиционата ДУИ?!

 

 

 

Може да ве интересира

Бујар Османи, хирургот кој ќе пресече дали ќе не има или не

Бујар Османи, хирургот кој ќе пресече дали ќе не има или не. Бујар Османи е …

Translate »
error: Content is protected !!