дома / Регион / Бугарија / Зошто Бугарија сега, “насилно” сака да го реализира Договорот за добрососетски односи и соработка?
Заев - Борисов

Зошто Бугарија сега, “насилно” сака да го реализира Договорот за добрососетски односи и соработка?

Најмалку и е гајле на официјална Софија дали ќе постигне Договор за добрососетски односи и соработка со Македонија денес или за истиот ќе почека уште 27 години. Она што Бугарија не сака да го пропушти е дипломатскиот аматеризам на извршната власт на СДС но и самиот Заев кој под уцена на коалиционите партнери од албанските партии едноставно мора да направи компромиси продавајќи ги државните интереси.

Политички профит ќе имаат и Албанците и Бугарите, дотолку и Грците а историското убиство ќе го има Македонскиот народ и држава. Имено во тиранската платформа албанските политички партии бараат да се реши спорот со името, да се интегрира земјата во НАТО, но и да се дел од преговарачките тимови во меѓусоседските односи со Грција и Бугарија.

Зошто не и Албанија и Србија? Затоа што Албанија им е најмала грижа, а Србија не е членка ни на ЕУ ни на НАТО па не е камен на патот кој би сметал нешто особено, и нам тоа ни се презентира како решавање на сите отворени прашања со соседите кои “режимот” на ВМРО – ДПМНЕ неможел да ги реши, па сега СДСМ ќе го направи тоа до крајот на септември или почетокот на октомври, за кога се надеваат дека предизборно ќе добиеме покана за прием во НАТО.

Домашниот есап никогаш не излегува точен и на пазар. Ова сепак е преголема цена.

И тука се е јасно. Зошто Договорот за добрососетски односи и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија од страна на македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров но и неговата колешка од Бугарија, Екатерина Захариева се нарекува Договор со кој е конечно е постигнат компромис по сите прашања?

Компромис значи отстапки од одредени ставови и на двете страни, со кое право тогаш Заев и Борисов ќе ја кријат содржината во тајност се до денот на неговото потпишување т.е. заедничката прослава на Илинден во Македонија?

Но прво, зошто ние воопшто имаме отворени прашања со Бугарија?

По Првата светска војна кога Македонија сеуште немаше државотворна форма иако македонскиот народ 650 години наназад во Османлиско турските Отомански списи при пописите уредно е заведувано одделено од бугарското населени, на крајот во 1918 година објавени се победничките сојузнички сили од една страна но и централистичките сили кои со своите окупаторски чинови беа и причина за почеток на војната четири години претходно. Имено како централистички сили се именуваат Австроунгарија, Германското царство, Отоманската империја и Цартвото Бугарија.

Поточно Царството Бугарија официјално кон централистичките сили се приклучува во 1915 година откако Србија потпаѓа под Австроунгарска власт при што окупира дел од териториите на денешна Македонија. Но во оваа историска белешка Бугарија како по навика е на погрешната страна на историјата заедно со губитниците и насилниците.

За време на Втората светска војна Македонскиот народ формира и сопствени единици за одбрана на своите територии. И повторно имаме две завојувани страни. На едната се победничките сојузнички сили кои се борат против намерите на нацистичка Германија за реализирање на девизата “еден свет, еден народ, еден јазик, еден чист идентитет” а во чија поддршка повторно е Бугарија заедно со нацистичка Германија, Јапонската империја, Кралството Италија, Кралството Унгарија, Кралството Романија, Финска, Независната држава Хрватска, привремена влада на Индија, Словачка, Сијам, Вишиевска Франција и Манчукур.

И тука би било неинформативно да се именува и Шпанија под диктатурата на Франциско Франко затоа што договор од средбата со Хитлер во 1940 година никогаш не бил постигнат со што сојузничките сили Франкова Шпанија ја третираат како неутрална за време на војната.

И повторно доаѓаме дека Бугарија била на погрешната губитничка страна од историјата на светот само што крајот на Втората светска војна значел и формално правно формирање на независна тогаш Народна Република Македонија како државна единица на Македонскиот народ во која се говори Македонскиот јазик и користи Македонското кирилично писмо, но како дел од идната федерација на држави наречена Југославија.

И Бугарија од 1943 година кога е донесен овој документ до 1990 година понизно си го држеше јазикот со заби апсолутно непречено соработувајќи со подоцна Социјалистичка Република Македонија која финансиски котираше прилично подобро од сиромашната Бугарија на која и требаа 60 години да ги излече раните од војната како страна губитник.

И доаѓаме до денешно време по кон почетокот на 90’тите. На 8 септември 1991 година убедливо мнозинство – 95% од граѓаните што излегоа на референдумот, позитивно одговорија на референдумско прашање: “Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија?”

На референдумот му претходеше Декларација за независност што првиот повеќепартиски Македонски парламент што ја усвоила на 25 јануари 1991 година.

Веќе следната 1992 година на 15 јануари, не Република Турција како што добар дел од  историчарите и политиколозите мислат, туку Владата на Република Бугарија прва ја признава Македонија за суверена и независна држава.

Но само тоа. Суверена и независна држава негирајќи го постоењето на Македонскиот народ, идентитет, историја, јазик, писмо и култура. И тоа останува преседан во дипломатијата една држава да го признае само формалното постоење на друга држава како територија.

Но не е само Бугарија со таков селективен гест. Туку цело соседство. Па Референдумското изјаснување во соседните земји не наишло на одобрување.

Атина го оценува референдумот како скопска опасност за ГрцијаБугарија најавува дека ќе ја признае државата, но не и нацијатаАлбанија го одобрила бојкотот на албанската етничка заедница во земјата, додека Србија смета дека Македонската црква е неканонска а со тоа во Македонија сеуште има добар дел од Вардарска бановина во сопственост на кралското семејство.

Но и самиот датум и чин биле од чисто партиско ефтино профитерство за Бугарија. Имено признавањето на независноста на Македонија на 15 јануари 1992 година се случи меѓу двата круга на претседателските избори во 1992 година во Бугарија. Првиот круг се одржа на 12 јануари 1992 година, а вториот круг на 19 јануари 1992 година, т.е. признавањето на независноста на Македонија според изјавите на аналитичарите било поради изборите, бидејќи Бугарија во истиот термин ги признава независноста на Босна и Херцеговина, иако таа не го побара тоа. Всушност со една изјава во парламентот, Бугарија признава независност на четири поранешни југословенски републики без особена причина дотоллку полошо во изборна кампања.

Имено најголем профит од ова навидум наивно признавање како чин на добрососетски односи има само Жељу Желев кој во јануари 1992 година бил реизбран на функцијата на првите директни претседателски избори во Бугарија. Претседателксата должност ја извршувал до јануари 1997 година. Но да не заборавиме дека во Македонија е познат како предводник на процесот на меѓународното признавање на Република Македонија под нејзиното уставно име за што од Македонија на 15 јануари 2010 година го добива Орденот “8 септември”.

Кои се заслугите на Желев и дали биле само ефтин партиски трик за сопствена победа на изборите но и победа на неговата СДС или Сојуз на демократски сили никој не сака да полемизира. Патем Сојузот на демократски сили била првата политичка партиjа во Бугарија после 1989 година со десна ориентација и била член на Европската народна партија. Таа е партијата што ги започнала реформите во Бугарија по падот на комунистичкиот режим во 1989 година.

И малку подолу повеќе околу 1992 година и фамозниот македонски пријател Желев.

Впрочем изминатите скоро 27 години Бугарите во над 65% Македонците ги сметаат за добрососедски народ со кој имаат отворени прашања по нивниот национален идентитет по сите параметри но не и по државната форма. Познатата догма дека сме еден народ со две држави ја поддржуваат и над 80% од населението.

Но не се непознати и предлозите Македонија да стапи во сојуз со Бугарија со што би се заштитиле и двете држави но никаде не стои зборот и нации од зголеменото присуство на муслиманско иако се мисли на Албанско етничко население во западниот дел на Македонија а со самото тоа како една целина Македонија во Бугарија добива инстант влез во НАТО и ЕУ. Што нели е демократски чин на Бугарија откако буквално на клоци ги крена етничките Турци од своја територија.

ВО СЛЕДНОТО ПРОДОЛЖЕНИЕ КОЕ ЌЕ СЕ ОБЈАВ НА ——— ЌЕ ЧИТАТЕ:

Имено проблемот започнува со 1944 година од пред кога Бугарија смета дека со Македонија ја дели заеднички и по сите параметри целата историја. Но има гласноговорници кои од партнерот на нацистичка Германија за почеток на било што околу историјата бараат прво официјална Софија да се извини за окупацијата за време на Втората светска војна.

И тој чин денес или утре ќе мора да се случи.

Но Бугарските историчари ја толкуваат историјата сосема противно. За нив Бугарија не била окупатор туку ослободител. Па така стои и изјавата дека:

Може да ве интересира

Ги надитри сите, полека до целта. ДУИ 16 години е најстабилната политичка партија во Македонија

Полека до целта, ДУИ 16 години е најстабилната политичка партија во Македонија   Демократската унија …

Translate »
error: Content is protected !!