дома / МКД / Зошто дел од пратениците воопшто земаат плата?
пратеници

Зошто дел од пратениците воопшто земаат плата?

Македонија со своите пратеници е рекордер во повеќе сегменти. Прво во пратеници кои цел свој работен век го поминале на работното место пратеник каде до скоро прво место имаше Љубисав Иванов – Ѕинго, а од скоро по сите параметри тоа е Амди Бајрам кој на последните избори од 11 декември 2016 година го добива седмиот [7] мандат со што пратеник во законодавниот дом е од 1994 година или точно 19 години со прекин од 2002 до 2006 година.

пратеници

И ова е само мал фактокрафски момент во текстот за што се македонските пратеници воопшто земаат плата?! Имено по Закон за пратениците, пратеник е работно место како и секое друго во Република Македонија со неколку спецификации пример има работни часа кои треба да ги одработи:

Член  22

Работното време на пратеникот, по правило, трае 40 часа неделно.

По исклучок работното време на пратеникот трае подолго од времето утврдено во ставот 1 од овој член, на начин и под услови утврдени со одредбите од Деловникот на Собранието.

Пратеникот за основна работна обврска го има учеството во работата на седниците на законодавниот дом:

Член 10

Пратеникот е должен да присуствува на седниците на Собранието и на работното тело, чиј член е, како и да учествува во работата и одлучувањето на Собранието и на работното тело.

Пратеникот кој е спречен да присуствува на седницата на Собранието, односно на работното тело, е должен за тоа навреме да го извести претседателот на Собранието, односно претседателот на работното тело и да ги наведе причините за отсуството од седницата.

Претседателот на Собранието, односно претседателот на работното тело ги оценува причините за оправданоста на отсуството.

Причините за оправданоста на отсуството на пратеникот се определени со Деловникот на Собранието.

пратеници

Член   11

Ако пратеникот неоправдано отсуствува од седница на Собранието, односно од седница на работното тело чиј член е, соодветно му се намалува платата и другите лични примања и не се пресметуваат надоместоци на трошоци.

Постапката и мерките од ставот 1 на овој   член се определуваат со Деловникот на Собранието.

Член   12

Пратеникот членува најмалку во едно работно тело на Собранието.

Пратеникот не може, без оправдани причини, да одбие членување во работно тело на Собранието.

И она што скоро секој втор народен пратеник го заборава што седне во столчето од законодавниот дом:

Член 20

Пратеникот има право и должност да ги информира избирачите за извршување на своите и на обврските на Собранието.

Член  21

Пратеникот е должен да прима мислења и предлози од избирачите и истите да ги има предвид во своето работење и одлучување.

Но никаде како е избрана функција не стои можноста за отповикување на пратеничкиот мандат па така доаѓал тој на работа или не 1/3 од платата му тече редовно или според сегашниот тарифник нескромни 20.000 денари:

пратеници

Член   26

Платата на пратеникот се пресметува и исплатува месечно.

Висината  на  платата  на  пратеник  кој  не  учествува  во  работата  на  Собранието  на Република Македонија (бојкотира) по јавно дадена изјава на пратеничка група чиј член е дека пратеничка група нема да учествува во работата на Собранието (бојкотира) изнесува една третина од платата која му е исплатена во последниот месец.

Висината  на  платата  од  ставот  2  на  овој  член  се  однесува  и на  пратеник  кој  не учествува во работата на Собранието на Република Македонија  (бојкотира) по негова јавно дадена изјава дека нема да учествува во работата на Собранието на Република Македонија (бојкотира).

Примената на ставовите 2 и 3 од овој член ја уредува претседателот на Собранието на Република Македонија, а одделни решенија носи Комисијата за прашањата на изборите и именувањата.

пратеници

Притоа апсурд е да се констатира дека пратеник зема фиксна плата која изнесува некаде околу 60.000 денари ако се знае дека е должен од проложеното да е член барем на една комисија а скоро сите пратеници се или претседатели, заменици или членови на најмалку по пет до 10 комисии со што по коефициентот на исплата лесно достигнуваат и три до четири пати поголема плата од прикажаната.

Функцијата пратеник не носи само имунитет, туку и неподлежност на кривична одговорност за искажан збор од собраниската говорница но и низа други примања и надоместоци:

Член   31

Пратеникот има право на други лични примања и надоместоци на трошоци за:

– селење од местото на постојано живеалиште во местото каде што ја врши функцијата пратеник,

– стручно усовршување и образование,

– погребни трошоци во висина на просекот на двете последни плати на починатиот пратеник,

– дневница за службено патување во земјата без трошоци за ноќевање до 4% од просечната плата по работник исплатена во стопанството на Република Македонија во претходните три месеца,

– трошоци за присуство на седници на Собранието и на работното тело на Собранието, во висина на дневницата утврдена за службено патување во земјата,

– трошоци за ноќевање кои се признаваат според приложената сметка, освен во хотелите од Де – лукс категорија,

– надоместок за користење на автомобили во лична сопственост за службени цели, во висина од 30% од продажната цена на еден литар гориво, според изминатиот километар за возилото кое се користи,

– надоместок за одвоен живот од семејството, кој изнесува 30% од просечната месечна нето плата  исплатена во Република Македонија во претходните три месеца и

– отпремнина при заминување во пензија во износ од две просечни месечни плати, остварени во претходните три месеца.

пратеници

Условите и начинот за утврдување на износот за остварување на личните примања и надоместоци на трошоци, уредени со овој закон, како и нивната примена ги определува Собранието, односно надлежното работно тело на Собранието.

И по овие законски можности компаративно со фактот што на пример дел од пратениците бојкотирале работа на законодавниот дом шест месеци по кој според Деловникот за работа на законодавиот дом може да се преиспита мандат на пратеник по претходно мислење на мандатно имунитетната комисија но со 2/3 мнозинство гласови од 120 члениот законодавен дом.

Така доаѓаме до фрапантни факти дека пратник е доволно телефонски или писмено да го извести претседателот на законодавниот дом за своето отсуство со што тоа се смета за оправдано. Пратеник може да не присуствува воопшто во работата на законодавниот дом шест месеци, но да се појави ден пред истекот на последниот ден и да го започне повторно шест месечниот “пост” со што иако прима само 1/3 од платата сепак ги ужива сите бенефиции почнувајќи од пратеничкиот имунитет и легитимација кои уживаат дополнителни права.

пратеници
Пратеник според законот не смее да одбие да е член на комисија во законодавниот дом но ги има и оние кои се членови на по 15 комисии. Законодавниот дом овој начин на ракскрчмување на народните пари не успеал никако да го регулира повеќе затоа што не сака а не дека не може. Таков е примерот кога претседатели на законодавниот дом барале и написмено да се потпишуваат пратеници кои само пријавувале присуство пред да биде воведен електронскиот систем за евиденција по што веднаш си заминувале од работното место а особено забележителни се бојкотот на собранието по инцидентот од 24 декемри 2012 година но и паузите со бојкот кои пратениците ги правеа за време на политичката криза во периодот 2014 – 2016 година.

Пратеници кои скоро и да не доаѓаат на работно место се најчесто од албанскиот блок а предводник е лидерот на ДУИ Али Ахмети кој во 12 години пратенички стаж од 2002 година на говорница да дебатира излегол четири пати и никогаш не бил член на собраниска комисија.

Со ова отворено се поставува прашањето: Зошто дел од пратениците воопшто земаат плата?

Може да ве интересира

Зоран Заев

Дали Заев и подготвува на Република Македонија “Букурешки договор III дел?!”

Македонската надворешна политика, во однос на Република Грција како наш јужен сосед, кој не ни …

Translate »
error: Content is protected !!