дома / Локална / Децентрализација / Зошто Македонија нема извршено Попис на население 14 години?
попис

Зошто Македонија нема извршено Попис на население 14 години?

Попис на населението, домаќинствата и становите е Уставно загарантирана категорија, со што е обврска, која мора да се реализира во одреден временски интервал, согласно Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија.

Пописот го организира Државниот завод за статистика, а го реализира и за неговиот процес одговара Државната пописна комисија. И тоа не е ништо ново. Во 74 години државност редовно се реализирал според светските стандарди, во период не поголем од 10 години. Така во Македонија од 1948 година, кога за прв пат на 15 март започна попис на население, во кој секој граѓанин на тогашна Народна Република Македонија имаше можност да се декларираат како припадник на народот или народноста т.е. етникумот на кој припаѓа.

попис

Пописи се одржани 1948 години, па во 1953 година [5 години временска пауза], следниот е во 1961 [8 години временска пауза] па следат пописите од 1971, 1981, 1991 година. По прогласувањето на независноста, попис е одржан во 1994 година, или три години по последниот, а следниот и последен е одржан во 2002 година, или 8 години по претходниот.

Од наведените податоци, порастот на македонскиот народ и етничките заедници во Македонија, не бил еднаков, односно нивното учество од попис до попис, прилично варира.

На пописот во 1948 година како Македонци се изјасниле 68.49% што е повеќе од две третини од вкупното население на Републиката. Меѓутоа, во 1953 година нивното учество опаѓа на помалку од две третини или 65.98%, што е резултат на декларирањето како Турци на значителен број на Македонци муслимани, кои во 1948 година се регистрирани како Македонци.

Во 1961 година учеството на Македонците во вкупното население на Републиката расте значително над две третини т.е. 71.19%, што е резултат на масовното иселување на Турците во период меѓу двата пописа 1953 – 1961 година. Во 1971 година учеството на македонското население опаѓа за 1.8 %, а во 1981 за нови уште 2.3%, што е пред се резултат на натпросечното намалување на неговиот природен прираст во периодот 1961 – 1981 година, а делумно и од декларирањето како Муслимани во смисла на народност во 1981 на значителен број на Македонците – муслимани, кои во 1971 година беа регистрирани како Македонци.

На пописот во 1948 година вкупната бројка на Албанци изнедува 197.389 или 17.12% од вкупното население, што е нереално високо, бидејќи неколку десетини илјади Турци, Македонци – муслимани, па и Роми, се регистрирани како Албанци. На пример со пописот на населението во 1948 година во околијата Гостивар биле регистрирани само 117 Турци, а во 1981 година, по масовното иселување на Турците од Македонија, биле регистрирани 10.994 Турци или 94 пати повеќе. Тоа значи дека тогашниот реален број на Албанците не бил 197.389, туку веројатно неколку десетини илјади помалку.

Во пописот од 1953 година учеството на албанското население во вкупното население на Републиката опаѓа на 12.46%, од една страна поради тоа што неколку десетици илјади Турци, Македонци – муслимани и Роми, кои во 1948 тодина се регистрирале како Албанци, сега се прикажале како Турци, а од друга страна и повеќе илјади Албанци, кои биле заинтересирани за иселување во Турција се декларирале како Турци. Во 1961 година учеството на албанското во вкупното население на Републиката незначително нараснало, на 13.02%, што значи и при овој попис неколку илјади Албанци се декларирале како Турци.

Во 1971 година учеството на албанското население во вкупното население на Републиката рапидно расте, речиси за 4.00%, а во 1981 за уште нови 2.8 %, и изнесува 19.76%.  Порастот на албанското население во периодот 1961 – 1981 година настанува заради тоа што во последните два пописа како Албанци се декларираа оние лица што во 1961 година се декларирале како Турци, потоа заради високиот натпросечен наталитет, како и заради механички прилив на Албанци од Косово и од јужна Србија, кои работа наоѓаат во изградените големи индустриски капацитети на подрачјето на Скопје, Тетово и Куманово.

попис

Во 1991 година,  десет години по пописот од 1981 година бројот на Албанците се зголемува од 377.208 на 429.600 или околу 50.000 лица. По само три години, на пописот 1994 година,  нивниот број се зголемува за скоро истата бројка или 55.000 лица. Со овој попис, веќе Албанците бројат 484.228 или 23%. Со последниот попис од 2002 година, како Албанци се изјаснуваат 509.083 лица или 25.17 %.

Ваквиот рапиден пораст на албанската популација во Македонија за многу експерти не е можна, иако нивните преставници се обидуваат да го абјаснат сето ова со напросечниот наталитет во нивната заедница. Меѓутоа од горе приложеното се гледа дека најчесто тука станува збор за асимилација на Македонци и Роми со исламска вероисповед, потоа менување на народност од корист како вработување, школување, разни надоместоци и други погодности, вешта манипулација со пописните листи и упис на лица кои имаат повеќе адреси на живеее во околните земји и вештачки прилив.

Но со зајакнување на другите етнички заедници во Македонија и отворените можности преку квотите да се дојде до поголеми бенефиции, се повеќе Роми, Македонци муслимани и Турци се изјаснуваат според својата етничка припадност, со што се намалува процентот на албанската етничка заедница во Македонија. Со намалениот наталитет и зголемената економска миграција, нормална е загриженоста на Албанците во Македонија за процентите и стекнатите позиции.

Нивната нервозна реакција се покажа уште во пролета 2011 година кога нивните политички преставници бараа пописот да се одржи во лето кога се одморите и кога се враќаат Албанците кои се на работа во странство.  Ним не им се допадна ниту законот кој при пописот на населението бара оргинал документи и кој забранува да се попишат лица кои повеќе од една година отсуствуваа од земјата. Обидот поинаку да се толкуваат и да се заобиколат овие законски решенија од страна на албанската заедница беа и причина за оставка на Државната пописната комисија. Или барем така ни беше соопштено.

попис

Според податоците на последниот попис од 2002 година во Македонија има вкупно 2.022.547 жители, од кои Македонци  1.297.981 или 64.18 %, Албанци 509.083 или 25.17 %, Турци 77,959 или 3.85%, Роми 53.879 или 2.66 %, Срби 35.939 или 1.78 %, Бошњаци 17.018 или 0.84%, Власи 9.695 или 0.48% и останати 20.993 или 1.04%.

Токму овие бројки предизвикуваат сомнеж за реалната бројка на одредени етнички заедници. Доколку се направи анализа на претходните пописи одржани во Македонија ќе се видат многу интересни параметри и нелогичности.

Прекинатиот попис од 2011 година oтвора многу прашања како што се: Која е вистинската бројка на Македонците и етничките заедници, како да се спроведе пописот а да не се загрозат меѓуетничките односи и кои се вистинските димензии на фалсификувањето на пописните резултати во претходните пописи а кои имаа одлучувачка улога во креирањето на судбината на земјата?

попис

Тоа ќе бидат клучни теми во иднина.

Зошто некој од нив не се запраша зошто се дозволи фалсификат во 2002 година и на кого му пречи да се преброиме? Очигледно е дека во земјата постојат сили кои не ја сакаат вистинската бројка и манипулираат со проценти кои се далеку од реалноста.

Онаа што e енигма за која скоро сите го знаеме одговорот. но правно никогаш не е јавно соопштенo што се случи со обидот за попис 2011 година. Според фактите пописот започна на 1 октомври 2011 година и беше предвидено да заврши на 15-ти истиот месец. На 10 октромври пописот беше стопиран со поднесување на колективна и неотповиклива оставка на пописната комисија.

И тоа не е доволно јак аргумент зошто пописот пропадна по реализирани 2/3 од предвидениот период. Првичните подготовки за пописот беа направени уште во текот на 2008 година. Според планот пописот во Македонија требаше да започни на 1 април 2011 но поради распуштање на парламентот и закажување на предвремени парламентарни избори кои се одржаа на 5 јуни беше одложен. Причина за одложување беа и проблемите предизвикани од поделбата во Државната пописна комисија во основ на одлуката за бројот на попишувачи – припадници на етничките заедници.

По формирањето на новиот парламент, подготовките за попис продолжија. Истиот го следеше и Евростат што е генерален Диракторат на Европската комисија лициран во Луксембург. Негови главни одговорности се да ја обезбеди ЕУ со старистички информации на европско ниво и да ја промовира хармонизацијата на статистичките методи низ земјите членки на ЕУ, кандидатските земји и ЕФТА државите. Организации во различни држави кои активно соработуваат со Евростат се сумирани под концептот на Европскиот статистички систем.

Тимот кој ја вршеше експертската проценка беше предводен од Жан Мишел Дур, меѓународен експерт за попис кој претходно работел за “United Nations Statistics Division.” Тимот на Мишел Дур требало да даде крајна проценка и оценка за пописот.

попис

Пред започнувањето на пописот на 30 септември претседателот на Државната изборна комисија Весна Јаневска си поднесе оставка. По оставката пописната комиссија одржала седница на која ја назначила Слободанка Гиевска за нов претседател на комисијата. На местото на Беџети кој исто така си поднел оставка како нов потпретседател на комисијата е избран Бујар Османи.

Се проценуваше дека пописот ќе чини 15 милиони евра а дека првичните резултати од него ќе се добијат за 60 дена. На 2 октомври 2011 година член на тетовската пописна комисија и државен инструктор се обиделе физички да се пресметаат во тетовската пописна комисија. Истите се повикани на распит во полиција.

На 10 октомври 2011 година пописот е прекинат со поднесување на колективна неотповиклива оставка на пописната комисија која изјавува:

“Државната пописна комисија на вечерашната седница констатираше дека не се исполнети основните услови за натамошна реализација на пописот. Во најголема мера ова се однесува на нееднаквата примена на методологијата утврдена од страна на Државниот завод за статистика, а усогласена со Евростат во делот кој го разработува членот 6, став 3, членот 40 и членот 42 од Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија 2011 година. Државната пописна комисија од овие причини констатираше дека врз основа на погоре наведеното пописот не може да резултира со релевантни податоци врз основа на што комисијата не може понатаму да ги исполнува своите законски обврски. Поради тоа сите членови на Државната пописна комисија си поднесоа неотповиклива оставка. Со оглед на горенаведеното препорачуваме сите учесници во пописот 2011 да ги сопрат сите идни активности поврзани со пописот.”

Што се случи на 10 октомври?

Прашањето треба да го одговорат Слободанка Гиевска патем ќерка на поранешната претседателка на Уставен Суд на Република Македонија Елена Гошева и Бујар Османи но тие молчат криејќи се зад оваа изјава веќе 6 години.

Она што неофицијално се случи е несогласување на процентите во засебните единици на локалната самоуправа согласно законот за 20% етничка припадност на етникумите. Така да во етничките средини каде имало и над 50% застапеност на етникумите во 2/3 реализација до пописот не се стигнало ни од 10% до 15% застапеност но “паника” било и за етничките средини каде е доминантно македонското граѓанство и каде никогаш немало процентна застапеност на одреден етникум за 9 години по пописот од 2002 се констатирани и по 5% до 10% етничка припадност на етникум кој таму никогаш не живеел.

Ова се доволни показатели да се разбере логиката зошто никога не ги видовме барем парцијалните 2/3 резултати од пописот за кој плативме. Секако ќе беа неофицијални но ќе беа репер а и одговор што се случи. И тоа не е вина само на ВМРО – ДПМНЕ и ДУИ како се споменуваат само имиња на членови на тие партии. Во најмала рака три години политичка криза и Пржински договори и преговори во три дополнувања ниту една од четирите парламентарни партии не побараа Попис на населението па права за едничката заедница.

За волја на вистината тоа во еден говор го направи само претседателот Иванов, кој побара прво да се преброиме колку пред да поставуваме барања, ама беше веќе доцна. Сеалбанската платформ на влегуваше на голема врата и сите знаевме дека ДУИ може да ја реализира само со стариот политички партнер, СДСМ.

 

Може да ве интересира

иредентизам

Иредентизам кај Македонија и Грција – поим за плашење народ од соседите

Деновиве на балканот, осовено кај нашиот јужен сосед на голема врата се користи поимот иредентизам …

Translate »
error: Content is protected !!