дома / Забава / Зошто на банкнотите од еден долар се наоѓа масонската приамида?
долар

Зошто на банкнотите од еден долар се наоѓа масонската приамида?

На банкнотата од еден долар се наоѓа пирамида. За неа постојат различни теории, а некои од нив зборуваат и за тајни здруженија како што се масоните. Но што всушност пирамидата и останатите ознаки значат.

Пирамидата се наоѓа на левата страна на банкнотата, а на десната е официјалниот жиг на САД. Римската бројка MDCCLXXVI ја означува 1776 година кога Америка ја прогласи независноста од Британија и е донесена Декларацијата за независност. 13 редови на пирамидата ги претставуваат 13 –те почетни држави, односно 13 колонии кои се одвоиле од Велика Британија.

Окото во пирамидата се однесува на „окото кое гледа се“, а го симболизира тројството на Бог и го користат масоните, а тоа всушност ја штити новата нација. Латинскиот израз ANNUIT COEPTIS значи во еден превод „тој го цени нашето знаење“, а изразот NOVUS ORDO SECLORUM значи „нов светски поредок“.

Двата изрази симболизираат почеток на нова нација. Значи, пирамидата е всушност симбол на јакнење, раст и создавање на новата нација под окото на Бог.

За времето на претседателот Френклин Д. Рузвелт  1935 година пирамидата е ставена на банкнотата од еден долар.

долар

Може да ве интересира

Професорките Симона Маџоска и Каролина Астеруд не додржаа за Беса Арифи

Професорките Симона Груевска Маџоска, од Институт за македонски јазик и Каролина Ристова Астеруд, од Правен …

Translate »
error: Content is protected !!